Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

Килав кам-бек на Надал

Post Views: 149 Шпанскиот тениски ас Рафаел Надал не успеа да се закити со трофеј по кам-бекот на терените по 7-месечната пауза поради повреда на коленото. Тој во финалето на турнирот во Вина дел Мар, Чиле, загуби со 6-7, 7-6, 6-4 од Аргентинецот Орасио Зебалос.Надал претходно не успеа да ја освои титулата ниту во двојки, откако со Јуан Монако загубија од Паоло Лоренци и Потито Стараче.На Зебалос ова му е прва титула во кариерата во второто одиграно финале, а до трофејот му требаа 2 часа и 47 минути игра против поранешниот светски рекет број 1. Тој досега се наоѓаше на 73. место на...

Продолжи со читање

Колку и каде можете да шетате со македонскиот пасош?

Post Views: 159 Според традиционалната ранг листа на американската консултантска фирма „Хенли партнерс“ (Henley & Partners) според визните ограничувања на секоја држава посебно македонскиот пасош е на 46 место од рангирани 199 држави. На првите места на оваа ранг листа се Германија, Велика Британија, Финска, Шведска и САД.Американската компанија оваа анализа ја прави повеќе од 10 години по ред. Во споредба со лани Македонија е за едно место погоре. Со македонски пасош без виза може да се патува во 107 земји. Од соседството, пред нас се пасошите на Грција (7 место), Словенија...

Продолжи со читање

Уште седум илјади фирми треба да воведат фискален апарат со GPRS уред

Post Views: 150 Даночните обврзници чиј промет во претходната година надминува 10.000.000 денари, понатаму обврзниците кои вршат угостителска дејност и кои вршат промет на нафтени деривати на мало (бензински пумпи) треба најдоцна до 31 октомври 2014 година да воведат и регистрираат фискален систем на опрема со GPRS уред. Рокот за сите други даночни обврзници е до 31 јануари 2015 година.Постапката на регистрација трае до 10 минути и се врши електронски од страна на овластениот производител, во моментот на набавка на фискалниот апарат. По успешната електронска регистрација во системот...

Продолжи со читање

Шест месеци пауза од скијањето за Линдзи Вон

Post Views: 157 На американската скијачка ѕвезда Линдзи Вон успешно и е извршена операција во Веил и и се санирани повредите на коленото и ногата по страотниот пад на првиот натпреварувачки ден од Светското првенство во Шладминг.Четирикратната освојувачка на Светскиот куп го скина вкрстениот лигамент на коленото и заработи фрактура на потколеницата при тешкиот пад на трката во супервелеслалом.Операцијата ја извршил официјалниот доктор на репрезентацијата на САД, Вилијам Стерет, а портпаролот Том Кели потврдил дека се поминало во најдобар ред и дека Вон се чувствува добро. Според прогнозите,...

Продолжи со читање

Изменет режим на сообраќај во центарот на Охрид

Post Views: 144 Поради изведување градежни работи на булеварот „Македонски Просветители” во Охрид, СВР Охрид информира дека во наредниов период на сила ќе биде изменет режим на сообраќај. Имено, сообраќајот по булеварот „Македонски просветители” ќе биде дозволен од пресекот со булеварот „Туристичка” до пресекот со улицата „Димитар Влахов”, од каде во двонасочен правец ќе се одвива до пресекот со улицата „Новопректирана”. Сообраќајот по „Новопроектирана” ќе биде еднонасочен до пресекот со улицата „Партизанска”. Апелираме до возачите на...

Продолжи со читање

Тајните на Охрид: Езерото во зима

Post Views: 163 Сите годишни времиња во Охрид имаат посебна убавина.Денешниот избор на фотографија која содржи мал дел од тајните и убавините на ова поднебје , му ја посветуваме на езерото, нераскинливиот дел од Охрид. Мирот и спокојството кое зимата го носи во Охрид, крај езерските води, ја полни душата. Убавината на стамената Галичица, е само поттик за зачувување на убавината која ја имаме, а за која многу малку сме свесни.

Продолжи со читање

Ново време за продажба на алкохолни пијалоци

Post Views: 141 Алкохолните пијалоци од денес во трговските објекти ќе се продаваат од шест до 19 часот. Продолженото време на продажба на алкохол, односно до 21 часот, траеше од мај до крајот на септември.За оние кои нема да го почитуваат законското решение за продажба на алкохол се предвидени казни како забрана за вршење на дејноста во траење од седум или 15 денови и парична казна до пет илјади евра.  {loadposition content9}

Продолжи со читање

Матни зделки и во тенисот?

Post Views: 146 Не е тајна дека има „матни зделки“ и во тенисот, обложувалниците секаде замешаа прсти, па АТП се обидува да ги открие можните местенки. За таа цел, одземен е лаптопот на словенечкиот тенисер Блаж Кавчиќ, затоа што до канцеларијата на АТП пристигнала анонимна пријава дека тој е замешан во сомнителни активности поврзани со нелегално обложување.„АТП претерува, реагира на било каква пријава, можам рака да ставам дека Кавчиќ не е замешан во такви сомнителни активности“, реагира еден од организаторите на турнирот „Загреб индорс“, откако претходно и хрватскиот тенисер Марин...

Продолжи со читање

Гушкање на Галичица

Post Views: 153 Црвен крст Охрид и Здржението за велосипедизам, планинарење и еко култура З’Ш ги покануваат охриѓани на „ГУШКАЊЕ НА ГАЛИЧИЦА“, еднодневна планинарска тура на планината Галичица, која се организира во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на ретки болести (29 фебруари), а како поддршка на  интернационалната кампања под мотото ПРЕГРНИ ЈА РЕТКОСТА! ПРЕГРНИ ЗА ГИНИС! Со овој настан, во името на сите лица со ретки болести, кои во потрага по лек пропуштиле многу прегратки и насмевки, сакаме да ја подигнеме свеста во јавноста за предизвиците со кои се соочуваат луѓето...

Продолжи со читање

МТСП: Повик за користење на бесплатна рекреација и рехабилитација на деца со пречки во развојот

Post Views: 204 Министерство за труд и социјална политика ги повикува сите заинтересирани лица, кои имаат  деца кои се со пречки во  телесниот развој  на возраст од 6-26 години и се корисници на правото на посебен додаток, да се пријават за користење на бесплатна услуга за рекреација и рехабилитација на деца со пречки во развојот во ЈУ Завод за заштита и рехабилитација „Бања Банско“-Струмица.Oваа услуга може да ја користат деца со церебрална парализа и децата кои имаат пречки во телесниот развој или  комбинирани пречки (со примарен телесен инвалидитет), на возраст од 6 до 26 години...

Продолжи со читање

Утре средба на градоначалникот Села со амбасадорите на ОБСЕ и Швајцарија

Post Views: 169 Утре (Четврток), во 13.03.2014, со почеток во 12 часот, Градоначалникот на Општина Струга, Зиадин Села, ќе оствари средба со Амбасадорот Ралф Брет од Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Амбасадорот на Швајцарија, Стефано Лазарато.Целта на средбата е потпишување на Меморандум за Соработка помеѓу Општина Струга и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, за проектот  “Медијација за промена”.Оваа активност ќе се оддржи во просториите на СОУ “Нико Нестор”, во Центарот за Медијација.{loadposition content9}

Продолжи со читање

Македонија Данска 3:0

Post Views: 150 Ширум светот, синоќа се одиграа голем број пријателски натпревари, кои за фудбалските селекции се последен тест пред продолжување на квалификациите за пласман на Светското првенство. Македонската репрезентација, со фуриозна игра во првото полувреме, ја прегази Данска со 3:0. Покрај Македонија, победи во контролните натпревари забележаа и останатите пет селекции кои се натпреваруваат во А-групата. Хрватска, во Лондон, ја победи Јужна Кореја со 4:0, Србија на Кипар се радуваше со 3:1, Шкотска минимално ја победи Естонија со 1:0, додека победи од 2:1 забележаа Велс над...

Продолжи со читање