Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

За друго може и да нема пари, ама за цигари мора!

Post Views: 182 Македонците трошат повеќе пари за алкохол и цигари отколку за овошје, млеко, чевли, риба или за култура и рекреација, за образование. Просечно четиричлено домаќинство во земјава лани се почестило со 9.423 денари, од кои 6.335 денари за тутун, а 3.088 за алкохол, пишува „Дневник“.Тоа е сума која е далеку повисока од парите што просечно домаќинство ги одвојува, на пример, за овошје (6.607 денари), обувки со вклучени поправки (5.950 денари) или за рекреација и култура за што вкупно годишно се одвојуваат 7.113 денари. А девет пати е помала од таа што се издвојува за образование...

Продолжи со читање

Децата од ОУ „Дебрца“ за почиста општина

Post Views: 189 ОУ „Дебрца“ во с.Белчишта заедно со локалната самоуправа, а под покровителство на градоначалникот Игор Трајкоски и директорката на Јавното комунално претпријатие, Јасмина Мицкоска започнаа  со реализација на Еко-проектот „Заедно до почиста општина“, со цел потикнување на еколошката свест кај населението на Општина Дебарца.Со Еко-проектот „Заедно до почиста општина“, предвидено е истражување за еколошката состојба во  Општина Дебарца, проект кој започна денес, а ќе трае до 21.03.2014 година.Во активностите кои ќе бидат реализирани во шест работни седмици учество ќе...

Продолжи со читање

Прогласени спортистите на годината

Post Views: 136 Агенцијата за млади и спорт синоќа ги прогласи стрелачката Оливера Наковска – Бикова и ракометарот Наумче Мојсоски за Спортисти на годината. На гала свеченоста во Македонската опера и балет двете спортски ѕвезди беа избрани за големите постигнувања во 2012 година.Наковска – Бикова на Параолимписките игри во Лондон освои златен медал и собори светски рекорд, додека Мојсоски со ракометната репрезентација на ЕП во Србија го освоија 5. место, а со Металург имаа сезона за паметење во Лигата на шампионите, додека во домашното првенство ја освоија титулата.За најуспешен спортист...

Продолжи со читање

Уште еден данок за Македонците?

Post Views: 160 Граѓаните консумираат храна со многу повеќе масти за разлика од просекот во европските земји, покажуваат последните податоци од студијата за исхрана во Македонија.Ова го потврди и министерот за здравство Никола Тодоров. Тој не ја отфрли можноста од воведување на т.н „Данок на маснотии “ на производите чија нутритивна вредност е над дозволената граница.„Студијата покажа дека во РМ граѓаните конзумираат храна со повеќе масти, за разлика од граѓаните во останатите европски земји. Истото се однесува и за сол и за шеќери. Студијата покажа дека над 80 проценти од граѓаните...

Продолжи со читање

Од утре почнува есента

Post Views: 228 Есента во Македонија и на целата северна хемисфера календарски почнува утре во 4 часот и 29 минути. Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи пролетта.На првиот есенски ден, Сонцето во Скопје ќе изгрее во шест часот и 23 минути, а ќе зајде во 18 часот и 30 минути. Денот ќе трае 12 часа и седум минути.Врмето, според синоптичарите, ќе биде променливо облачно и свежо, претпладне со локален дожд. Ќе дува засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе биде осум, а максималната ќе достигне до 21 степен. Есента ќе трае до 22 декември во 00 часот и...

Продолжи со читање

Тешка кражба на дрзок начин во Струга

Post Views: 184 Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Тешка кражба на дрзок начин“  полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против А.Н. (43) од  Струга. На 28-ми јануари оваа година, околу 10 часот и 30 минути, пријавениот од кладилницата „Бетсити Балкан“ во Струга, противправно одзел 40.ооо,оо денари што ги пронашол во касата. Тоа го направил одкако од страна на вработените во спортската кладилница му било кажано дека неговиот спортски тикет е недобитен. Изреволтиран поради тоа, А.Н. кој сметал дека има добитна комбинација, се упатил кај директорот...

Продолжи со читање

Лотус го претстави својот F1 болид

Post Views: 182 Тимот на Лотус е првата Ф1 екипа која го претстави својот нов Е21 болид за претстојната сезона.Болидот и беше претставен на јавноста преку официјалниот YouTube канал на тимот. Неговиот изглед нема некои поголеми изненадувања, сличен е на минатогодишниот, има степенест нос, малку подобар избор на бои, па може да се каже дека Кими Раиконен ќе вози прилично убав нолид.„Можам да ви гарантирам дека направивме многу. Целиот тим работеше со срце и душа долго време на него. Убаво е што први го лансиравме. Има уште многу работа на него, но ќе биде возбудлив болид”, изјави техничкиот...

Продолжи со читање

ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО ПРОГЛАСЕНО ЗА ВОДЕНО ЖИВЕАЛИШТЕ ОД МЕЃУНАРОДНО ЗНАЧЕЊЕ

Post Views: 233 Градоначалниците на општините Охрид, Струга и Дебрца, Константин Георгиески, Рамиз Мерко и Зоран Ногачески заедно со Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини и директорот на регионалната канцеларија на Меѓународната Унија за Источна Европа и Централна Азија, Борис Ерг на плажата Дебрца потпишаа Изјава за поддршка на Студијата за валоризација на Охридското Езеро со што се обврзаа за директно учество во заштитата на биолошката разновидност во Охридското Езеро.На настанот, беше извршено и примопредавањето на Сертификатот од Рамсар на градоначалниците...

Продолжи со читање

Прегрни ја реткоста за Гинис

Post Views: 150 Националната алијанса за ретки болести на Р. Македонија, заедно со Националната Организација за Ретки Болести Србија и Хрватскиот Сојуз за Ретки Болести, ќе го одбележат Светскиот ден на ретки болести (28ми февруари) преку учество во акцијата „Прегрни ја реткоста! Прегрни за Гинис!“Ретки болести се по дефиниција оние болести кои се јавуваат кај помалку од 5 лица на 10 000 жители. Земајќи го бројот на ретки болести кои постојат во светот (меѓу 6000 и 7000 различни дијагнози) и светските статистики, можеме да заклучиме дека во Македонија над 100 илјади граѓани се соочуваат...

Продолжи со читање

„Yahoo travel“ го испофали Охрид

Post Views: 156 Има нешто волшебно во моментот кога ќе пристигнете во гратче за кое дотогаш не сте чуле и веднаш ќе останете маѓепсани од неговата убавина и гостопримство.Вака ја започнува својата репортажа известувачот на Yahoo travel , кој пренесува искуства од своите патувања ширум светот.„Сум бил на многу места, но за Охрид во Македонија не знаев апсолутно ништо. Таму стигнав пред неколку недели и се изненадив од тоа што го најдов. Охрид го нарекуваат балкански Ерусалим, затоа што порано во него имало 365 цркви“, по една за секој ден од годината.Таму пристигнав со чамец. Најубав...

Продолжи со читање

Закажана шеесет и четвртата седница на Советот на Општина Охрид

Post Views: 145 За наредната среда 29.09.2021 година со почеток во 11:00 часот, во големата сала во зградата на Општина Охрид е закажана шеесет и четвртата седница на Советот на Општина Охрид. На дневниот ред на ова издание на седницата на советот ќе се најдат извештаите за работата и материјално –финансиското работење на ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ – Охрид, ОСУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид, РЦСОО„Ванчо Питошески“ – Охрид и СОСУ„Св. Кирил и Методиј“ – Охрид за учебната 2020/2021 година. Градските советници ќе треба да се произнесат и во врска со предлог одлуките за усвојување на...

Продолжи со читање

ЗА СИТЕ КУПУВАЧИ НА СТАН ВО АДОРА ОД 5 ДО 22 ФЕВРУАРИ, ПОДАРОК ПАТУВАЊЕ ВО ВЕНЕЦИЈА

Post Views: 159 Сите купувачи на нов дом во Адора инженеринг од 5-ти до 22-ри февруари, по повод Денот на вљубените, компанијата ги носи на романтично патување во Венеција, градот на вечната љубов.Петдневното патувањето за двајца со авионски превоз, во еден од најубавите градови во светот, уникатната убавица на вода и илјада мостови, е подарок за сите купувачи кои ќе купат и уплатат стан во новите објекти на овој потврден градежен бренд, Адора Flatiron Скопје и Комплексот Аеродром Скопје. Адора инженеринг, што секогаш нуди повеќе од дом, грижејќи се постојано за своите купувачи...

Продолжи со читање