Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

Ќе се забрани ли TikTok во училиштата?

Post Views: 169 Министерството за образование и наука деновиве спроведува интензивни разговори со институциите кои треба да проценат кои се потенцијалните ризици од употребната на тик-ток мрежата во училиштата, какви материјали содржи и начинот како ја употребуваат учениците во основно и средно образование, рече Министерот за образование Јетон Шаќири.Министерот рече дека, институциите за безбедност треба да проценат колку е лош материјалот на Тик-ток, со оглед и на неколку видеа од ученици за кои постапува МВР,а потоа ќе се вклучат и лица од Министерството за информатичко општество...

Продолжи со читање

Сивата економија и туризмот

Post Views: 216 Туристичките агенции од земјава кои се занимаваат со дојдовен туризам полека ама сигурно ја губат својата посредничка улога. Многубројните измени на Законот за туристичка дејност, ги ставија во подредена положба и агенциите но и македонските туристички водичи, овозможувајќи, странски државјани, од европските земји и од земји од соседството сега, да можат ги водат странските туристи низ нашите културно историски знаменитости, негодуваат експертите.„Во моментов, странски фирми, странски туроператори можат дирекно да стапуваат во контакт и да изнајмуваат локални...

Продолжи со читање

Официјално започна ИПАРД 3 програмата

Post Views: 401 Македонија долго време ги користи претпристапните фондови на ЕУ за помош на земјоделците да се натпреваруваат и опстојат на европскиот пазар. Македонија е лидер од земјите во регионот со најголема искористеност на средствата од ИПАРД 2 програмата со високи 98%. Од денес стартува ИПАРД 3 програмата, како и кампањата ИПАРД за Северна Македонија. Без посилно и поконкурентно земјоделство, нема да можеме да се натпреваруваме на големиот европски пазар, а ИПАРД е локомотовиата која не носи напред кон ЕУ, рече ојан маричиќ – Вицепремиер за европски прашања.Поддршката...

Продолжи со читање

Охрид полн со туристи

Post Views: 243 Охрид полн со туристи за првомајскиот продолжен виекнд. После паузата предизвикана од Ковид пандемијата, нашиот туистички бисер заличи како што му доликува во овој период од годината, да биде полн со луѓе. Најбројни гостите од соседството, посебно од соседна Србија но и гости од европските земји.„Ги поминавмне сите знаменитости, одиме утре за Св. Наум, потоа во вевчани, струга. Се надеваме дека убаво ќе си поминеме. Воодушевени сем и од водичката, која е оттука, една професорка, се ни раскажа како треба. Прв пат доаѓаме тука и впечатоцитер се феноменални.“„Првпат...

Продолжи со читање

Законите се добри, потребна е нивна имплентација на терен

Post Views: 181 Експанизјата на дивоградбите, екологијата со акцент на состојбата на Студенчишкото Блато и Урбанистичкиот план вон населено место Горица Север, точки од интерес на разговорите на денешната средба помеѓу преставниците на Бернската, Рамсарската конвенција и УНЕСКО со Градончаланиците на Општините Охрид и Дебрца. Градоначалникот Кирил Пецаков задоволен од средбата. Кон крајот на годинава, во месец декмври, следува сличен ваков состанок, врз основа на извештајот кој треба да биде изготвен по она што ќе го увидат делегациите на терен во следниве неколку денови, а ние како...

Продолжи со читање

Рибниот фонд на езерото мора да се заштити

Post Views: 215 Без изработена риболовна основа која што ќе дефинира различни заштитни зони и популација на охридската пастрмка недозволиво е некој да стопанисува со езерото, велат екологистите. Експертите велат дека на годишно ниво прирастот само на Охридската пастрмка изнесува 90 тони. Потенцираат дека мора да се води грижа за рибниот фонд, посебно за ендемичните видови риба како пастрмката и белвицата, кои неконтролирано се ловат, објаснува екологистот Ѓоко Зороски.„Првата забелешка е тоа дека за езерото не е изработена риболовна основа заснована на добри податоци. Од друга...

Продолжи со читање

Да го пречекаме Европското злато утре во Охрид

Post Views: 317 Христијана Парулеска, од Таеквон-до клубот Hwa rang ITF од Охрид, сега веќе европска шампионка во традиционално таеквондо и вицешампионка во форми кати, утре се враќа во Охрид. На патот до европскиот трон, пред Парулеска паднаа бугарската, хрватската и украинската репрезентативка. Таа, на последното Европско првенство кое се одржа во Јесоло, Италија, беше прогласена и за најдобра кадетка, признание кое лично го доби од господинот Руџиеро Ланоте, организатор на Европското Првенство и Предтседател на Италијанската Теквон-до Федерација.После пандемијата, на големото...

Продолжи со читање

Трудова миграција или хипер-продукција на кадри

Post Views: 178 Во Македонија и во речиси сите земји од регионов, моменталната слика на пазарите на труд е длабоко поларизирана. Од една страна имаме недостиг на општи работници речиси во сите професии, а од друга страна и по десетици вработувања, за едно работно место пример во сферата на образованието, велат експертите. За да се промени вакавата слика треба да се направи анализа на професиите каде недостига работна сила, кои се платите во регионов и колку сме подготвени да направием структурни промени, вели Благица Петрески, – извршeн директор на Институт за економски истражувања,...

Продолжи со читање

Светски поетски патувачки фестивал во Охрид

Post Views: 203 Деновиве Националната Установа Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во соработка со Меѓународната академија „Михаи Еминеску“ од Крајова – Романија е домаќин на Светскиот поетски патувачки фестивал „Прличев и Еминеску – поглед кон иднината“. Идејата да се промовива творештвото на големиот Григор Прличев, не наведе по патот на соработката со Меѓународната академија од Крајова, – кажа директорот на охридската библиотека Милчо Јованоски.„На некој начин ќе ги запознаеме нашите писатели, охридски и македонски со она што всушност е Михаил Еминеску, а...

Продолжи со читање

Градоначалникот Пецаков во посета на Здружението на пензионери на Охрид и Дебрца

Post Views: 274 Прашањето за сопственоста на објектот каде е сместено здружението кој здружението времено го користи, тековните предизвици со кои се среќаваат пензионерите од Охрид и Дебрца, соработката со Локалната власт како и реализацијата на големиот број активности планирани во периодов кој претстои, тема на денешната посета на Градоначалникот Кирил Пецаков на Здружението на пензионери на Охрид и Дебрца. Оваа група на наши сограѓани се важен и интегрален дел од нашата мала заедница, истакна градоначалникот Пецаков. Тој кажа дека ќе се потпише и продолжи меморандумот за соработка...

Продолжи со читање

Светски ден на културното наследство

Post Views: 342 Музеј Куќата на Робевци, Самуилова тврдина , Галерија на икони, Музеј на вода во Градиште денеска беа бесплатно отворени за сите љубители на културата и културното наследство. Под мотото „Дојди, посети, истражи“ и НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Охрид го одбележа Светскиот ден на културното наследство, кој е признат од ИКОМОС , а е поддржан од УНЕСКО.„Многу интересно. Јас сум од Австралија и јас сум многу среќна дека можам да го посетам и да ја откријам Македонската култура.„Лично како граѓанин на Охрид, родена овде и живеам овде,...

Продолжи со читање

Етно сувенирите на чичко Стојан

Post Views: 496 Плаќанецот Стојан Ѓорѓиески во својата малечка работилница во Охрид повеќе од една деценија изработува најразлични етно сувенири. Станува збор за минијатури на можеби пред неколку децени некои од најмногу употребуваните предмети во домаќинствата. Разбои, каци, бочви за чување вино и ракија, сачови, ковчези, во кои некогаш девојките грижливо го чувале приќето, предмети и делови од покуќнина кои веќе исчезнуваат не само од домовите туку и од нашите сеќавања. Ѓорѓиески кажува дека посебна мотивација немал, првите пензиски денови биле мотив сами по себе, тој да продолжи...

Продолжи со читање