Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

Водата во Охридско Eзеро и понатаму со одличен квалитет според анализите на ЦЈЗ

Post Views: 12 Центарот за јавно здравје од Охрид, континуирано го следи квалитетот на површинските води на Охридското Езеро на сите мерни места. Последните спроведени анализи на потегот од Св.Наум до Радожда, покажаа дека водата е со исклучително добар квалитет, микробиолошки одлична, а хемиски е од прва класа, објасни директорот на Центарот Сашо Точков.„Без никаков проблем сите оние кои што сакаат да дојдат овде, може да се капат во апсолутно чиста и здравствено безбедна вода. Она што следи е периодот на јули и пред крајот на август кога имаме најголем пад на...

Продолжи со читање

Дрвокрадци ги соголија шумите во Свиништа

Post Views: 17 При сопствени шуми, без дрва. Дрвокрадци ми ги соголија имотите во Свиништа, надлежните не преземаат ништо, се жали до редaкацијата на ТВМ, ТВМ Александар Климоски. Тој има близу 50 000 м2 имот претежно шума во околината на Свиништа, а живее во Охрид. Вели дека му се украдени стотина кубици дрво. Објаснува дека не е единствениот оштетен жител на ова планинско село во кое живеат едвај триесетина луѓе. Вели оние кои бесправно сечат немаат милост, се сече секаков вид шума, дури се уништуваат и стеблата од овошните насади со една цел, да се дојде до...

Продолжи со читање

Успешна соработка на армискиот ВИНГ и Планинската спасителна служба

Post Views: 14 Армискиот воздухопловен ВИНГ под команда за операции и Планинската спасителна служба денес организираа отворен ден за граѓаните во кругот на Центарот за обука на вода, во каналот Студенчишта. Целта на ваквата активност пред се е заедничко дружење и презентација на дел од воздухопловите, армиската опрема и опремата за спасување на планина и тешко пристапни терени. Посетителите и најмладите во кругот на Центарот за обука на вода во каналот Студенчишта имаа можност да се запознаат со еден од воздухопловите на армискиот воздухопловен ВИНГ и опремата која ја користат...

Продолжи со читање

Во Охрид се одржа дебатата „Европеизација на Македонија – дали сме на добар пат“

Post Views: 13 Охрид домаќин на циклусот кафе дебати низ повеќе градови низ Македонија, насловени како „Европеизација на Македонија – дали сме на добар пат“. Дебатите се во организација на Паневропската Унија на Македонија, а на нив се дискутираат теми за превземените иницијативи на локалните заедници во насока на приближување на Македонија кон Европската Унија.  Европските практики и нивното спроведување, треба да започнат од локалните средини, истакна,  Андреј Лепавцов – Претседател на Паневропската  Унија на Македонија.„Доколку локалната средина...

Продолжи со читање

Започнува летната пливачка школа на пливачкиот клуб „Акваспирит“

Post Views: 12 Од наредната недела, започнува пливачката сезона на градскиот базен „Атина Бојаџи“, со Летната пливачка школа на пливачкиот клуб „Акваспирит“ од Охрид. Досега се пристигнати повеќе од стотина пријави, не само на охриѓанчиња, туку и деца од други градови. Најмладите, покрај тоа што ќе ги совладаат тајните на пливањето и ќе го подобрат писхофизичкото здравје, а загарантирана е и забавата.„Денес знаеме дека со новиот стил на живот децата поголем дел од времето го минуваат во неприродна седечка, позиција, со тие нови средства што ги користиме, телефони и патни...

Продолжи со читање

Таеквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец најтрофеен на “ ОХРИД ОПЕН 2023” 

Post Views: 9 Таеквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец најтрофеен на меѓународниот  Таеквон-до ИТФ турнир  “ ОХРИД ОПЕН 2023”  на кој зедоа учество околу 200 натпреварувачи од 24 клуба од Чешка, Хрватска, Бих, Србија, Бугарија, Албанија и Македонија.Преку Меѓународниот ИТФ турнир „Охрид опен“, уште еднаш покажавме дека Охрид и Македонија, знаат да бидат совршени домаќини на спортски случувања, кои оставаат траен белег во спортскиот живот на нашиот град и се позитивен пример за афирмација и промоција на различни спортски дисциплини. „Организацијата беше на...

Продолжи со читање

Стотици барања на ден до општината за обесштетување од невремето во Охрид

Post Views: 10 Охриѓани продолжуваат со пријавување на штети, предизвикани од невремето кое викендов го зафати Охрид. Само во првите два дена беа поднесени повеќе од 400 барања за обештетување, од кои најголем дел се поднесени од страна на регистрирани земјоделци. Не е за занемарување и бројот на штети кои невремето ги направи и врз објектите за домување, особено во населбите „Видобишта“ и „Гоце Делчев“ кои и беа најпогодени од невремето. Од Одделението за односи со јавност при Општина Охрид, за ТВМ информираа дека со точна бројка на поднесени барања ќе излезат во текот на...

Продолжи со читање

Како да се справиме со сметот во летната сезона?

Post Views: 9 Со зголемување на бројот на туристи, како што Охрид навлегува подлабоко во туристичката сезона, се зголемува и количеството на смет. Уште од раните утрински часови екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ се на терен и не само на најфрекфентните места низ Охрид. Ниската свест за зачување на животната средина и кај охриѓани и кај туристите, прави поставувањето на канти за ситен отпад само да го зголеми бројот на мини депониите, особено на лето.„Верувајте во летниот период тоа е повеќе од невозможно затоа што ќе настанат депонии насекаде. Очигледно е дека треба...

Продолжи со читање