Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

Признание за „Адора инжинеринг“ за заштита на животната средина

Post Views: 139   Градежната компанија Адора Инженеринг го доби 9-тото високо национално признание за ООП, плакета за 2013 година, во категоријатa „Заштита на животната средина“, за проектот „А класа- Еко домови за здрава и сигурна иднина“. Признанието што министерот за економија Беким Незири и го додели на д-р Драгана Д. Чифлиганец, извршен директор во компанијата, е за проектот што е дел од долгорочната стратегија за изградба на енергетски ефикасни домови во Македонија, што со примена на високи технологии, зелена архитектура и обновливи извори на енергија, на станарите им овозможуваат...

Продолжи со читање

Започна вториот меѓународен „Фер плеј“ куп

Post Views: 186 Најмладите фудбалери од земјава и регионов, на турнир во Охрид. На настанот, кој е во организација на Ф.К „Фер-плеј“ од Охрид, тие во наредниве три дена ќе се натпреваруваат во пет категории. Без разлика кој од кој клуб доаѓа, од која земја, тука се во Охрид само за едно, да покажат кој е најдобар во фудбал.Марјан Настески, еден од организаторите на „Фер плеј“ купот, вели дека направени се сите напори, обезбедени се сите услови, да може децата да играат, да се забавуваат и да се дружат. За поздравување е фактот што од година во година расте интересот за овој спорт...

Продолжи со читање

Нема договор за медиумите

Post Views: 149 Посредникот Питер Ван Хауте ги повика политичките партии да постигнат што е можно поскоро компромис за регулација на  медумската сфера, ренесува „Телма“.Потребен е вели нов Закон за медиуми кој нема да биде копија на законодаството од друга земја.-Не е добра идејата да се копира од европските земји и да се земаат закони од нив затоа што вие имате различен правен систем, друг устав, друг менталитет. Вашите медиуми не може да се споредуваат со медиумите во другите земји. Затоа ве молам обидете се да го искористите она што го имате и да го подобрите тоа, изјави Питер...

Продолжи со читање

Во Охрид регионална конференција за полициската обука

Post Views: 177 Министерството за внатрешни работи на Република Македонија е домаќин на Регионалната конференција посветена на темата “Методологија за оценување на кандидатите при основна полициска обука“ што од денес до 19-ти месецов ќе се одржи во Охрид.На конференцијата ќе учествуваат повеќе претставници од центрите за полициска обука на Македонија, Србија, Грција, Бугарија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Словенија, Хрватска, Црна Гора, Турција како и преставници на САД и ЦЕПОЛ. На средбата, претставници на полициите на земјите од регионот ќе презентираат и разменат искуства...

Продолжи со читање

Боксерот Агрон Џила, продолжува со светските успеси

Post Views: 153 Овој 24 годишен боксер кој моментално живее во Швајцарија, својот живот го посветил на овој спорт, а наградата била остварување на неговите сништа. Повеќе од осумдесет победи како аматер, многу меѓународни турнири го одвеле Агрон до професионалниот бокс, каде успесите продолжиле. Едниствениот боксер е на кој му успеало дa ги освои појасите на Светската боксерска унија,меѓународната боксерска федерација, Светската боксерска организација и на Светскиот боксерски совет, за младинци до 24 години. Вели дека 12 години постоајно работел, се подготвувал, а на крај Бог му ја...

Продолжи со читање

Денес работната група ќе решава за медиумите

Post Views: 146 Посредникот Питер Ванхауте го доби предлог законот за медиуми од СДСМ. Партијата вчера го достави предлог-решението, за кое дел од новинарските здруженија иако го немаат видено на хартија се изјаснија дека не е прифатливо.Од канцеларијата на посредникот велат дека работната група ќе се состане денеска. Од партиите не сакаа да коментираат за материјалите, но последните ставови им беа дијаметрално различни. На различни позиции се и новинарските здруженија. Тие и по средбата со Премиерот Емил Димитриев опстанаа на истите ставови.

Продолжи со читање

Смртноста од карцином во Македонија застрашувачка

Post Views: 150 Од карцином на дојка во земјава годишно умираат 277 жени, од рак на грло на матка – 30 жени.Светскиот ден за борба против карциномот оваа година се спроведува под слоганoт „Сите не засега” и има за цел да промовира позитивен и проактивен пристап во борбата против карциномот, притоа потенцирајќи дека карциномот може да се надмине. Од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ) информираат дека годинешната кампања се фокусира на: избор на здрави животни стилови, обезбедување на можности за рано откривање, пристап до лекување за сите и...

Продолжи со читање

Признавање на возачките дозволи меѓу Македонија и црна Гора

Post Views: 148 Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска ќе биде во работна посета во Црна Гора.Таа во Подгорица ќе оствари работна средба со минисерот за внатрешни работи на Република Црна Гора, Рашка Коњевича при што ќе се потпише и Спогодба за заемно признавање на возачките дозволи на граѓаните од двете земји.Црна Гора е втората земја во регионот со која Македонија се договори за заемно признавање на возачките дозволи. Таква спогодба во јули годинава беше потпишана со Србија.  {loadposition content9}

Продолжи со читање

„Стотката“ на Реал Мадрид

Post Views: 256 Жозе Мурињо клекна на колена пред своите фудбалери кои имаа одлични настапи во Примера дивизион оваа сезона. Кога Икер Касилјас го крена шампионскиот пехар, Португалецот клекна на колена и им се поклони на фудбалерите од Реал Мадрид.  Фудбалерите на Реал Мадрид со 4-1 ја совладаа Мајорка. Пронижаа неверојатни 100 бода во Примера дивизио. Кристијано Роналдо беше стрелец на првиот гол во 19.минута. Карим Бензема само четири минути подоцна зголеми на 2-0. Во второто полувреме Месут Озил беше стрелец на два гола, а Кастро стрелаше за Мајорка.Малага оди во Лигата на шампионите,...

Продолжи со читање

Финансиска поддршка од Општина Охрид за Здружението за поддршка на лица со аутистичен спектар и атипичен развој

Post Views: 130 „Здружението за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој“ ќе добие финансиска поддршка од Општина Охрид.По распишаниот Јавен повик за финансиска поддршка на граѓанска организација која координира центар на територија на Општина Охрид која згрижува деца со атипичен развој, градоначалникот Кирил Пецаков донесе одлука за избор на „Здружението за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој“.

Продолжи со читање

Серија торнада сеат пустош низ Мисисипи и Алабама

Post Views: 166 Десетици згради, меѓу кои и станбени објекти се уништени при преминување на торнадо во источниот дел на амриканската сојузна држава Мисисипи и на западниот дел на државата Алабама.На шест места во тие области на двете држави минало торнадо. Засега нема информации за евентуални жртви. Меѓу оштетените згради има училишта, цркви и еден затвор.Властите вршат проценка на причинетата материјална штета.

Продолжи со читање

Преку концептот на безбедносна култура до подобро функционирање на цивилното воздухопловство

Post Views: 161 Концептот на безбедносна култура на Европската организација за безбедност во цивилниот авио сообраќај, позната како EUROCONTROL ќе се воведува и во македонското цивилно воздухопловство.  Генералниот директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство на РМ Дејан Мојсоски, објасни дека целта е да се направен еден систем во кој сите вработени во цивилното воздухопловство ќе бидат охрабрени да поднесуваат извештаи за својата работа, кои понатака ќе бидат користени само за подобрување на безбедноста на воздухопловството. „Во EUROCONTROL, воведен е концепт на безбедносна...

Продолжи со читање