Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

Колку ѓубре прават македонците?

Post Views: 203 Вкупното количество создаден комунален отпад во Република Македонија во 2013 година изнесува 792.785 тони, а годишното количество создаден комунален отпад по жител изнесува 384 килограми, што е за 0,6 отсто повеќе од истото количество во 2012 година, соопшти Државниот завод за статистика.Оттаму информираа дека вкупното количество собран комунален отпад во Македонија во 2013 година изнесува 554.938 тони. Споредено со 2012 година, вкупното количество собран комунален отпад во 2013 година бележи намалување од 0,1 отсто. Од вкупното количество собран комунален отпад, 439.571...

Продолжи со читање

Стресна живеачка во Македонија како во Гватемала

Post Views: 167 Американскиот интернет портал „Блумберг“ направи  една ранг-листа на најстресните земји за живеење во светот. Македонија на листата се наоѓа на 9-тото место, Нигерија е на првото, а Норвешка на последното.Оваа ранг-листа Блумберг ја направил според седум критериуми – стапката на убиства, куповната моќ, нееднаквоста во приходите, корупцијата, невработеноста, загадувањето на воздухот и очекуваниот животен век.Нигерија е најстресната земја за живеење од 74 земји опфатени во ова истражување. Во првите десет земји, според редоследот се и Јужноафриканската Република, Салвадор,...

Продолжи со читање

Македонците, една од најрелигиозните нации

Post Views: 149 Македонците се едни од најрелигиозните нации, а словенците се на дното на листата во регионот покажа Галуповото истражување за важноста на религијата во животот на човекот.Според неофицијалните податоци од последниот попис во Босна и Хецеговија, 97 отсто од граѓаните се изјасниле како верници, од нив 45 отсто се муслимани, 34 отсто православни, 14 отсто католици, а атеистите се некаде околу 3 отсто.Во истражувањето кое „Галуп“ го спровеле во периодот од 2006 до 2008 година во Босна и Херцеговина, на прашањето „Дали ви е религијата важна во животот?“, позитивно одговориле...

Продолжи со читање

Европратеничката тројка на средби со ДИК и Специјалното обвинителство

Post Views: 163 Тројцата европратеници Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едуард Кукан денеска ќе имаат средба во Државната изборна комисија и со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, по што ќе ги кажат своите оценки од посетата во Македонија, односно каков е нивниот став во однос на имплементирањето на договорот од Пржино,пренесува „Фокус“.Вчера европратениците имаа средба во седиштето на СДСМ со претседателот Зоран Заев, а потоа во канцелариите на ЕУ инфо центарот во Скопје се одржаа средбите со лидерите на ДУИ и ДПА Али Ахмети и Мендух Тачи. Тие имаа и разговори и со Никола Тодоров,...

Продолжи со читање

Македонските биометриски возачки исправи важат во четири земји

Post Views: 188 Македонските државјани со биометрска возачка дозвола можат да патуваат во Албанија, Италија, Шпанија и Словенија, но ако сакаат да патуваат во други земји, мора да извадат меѓународна возачка дозвола, пренесува Вечер.Меѓународната возачка дозвола чини 950 денари, а за нејзино вадење потребно е да имате две фотографии и документ за идентификација, лична карта или пасош. Таа оди во комплет со националната возачка дозвола и има важност од 3 години.АМСМ инфоримира дека освен во централата во Скопје, меѓународна возачка дозвола може да се извади и на граничниот премин Богородица,...

Продолжи со читање

За Православна Нова Година Света архиерејска литургија на Плаошник

Post Views: 148 Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 14 јануари 2016 година (четврток), во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“, Плаошник, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Обрезание на Господ Исус Христос и свети Василиј Велики“, со почеток во 8.45 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.Богослужби ќе има и во сите парохиски цркви во Охрид.Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој...

Продолжи со читање

Поскапуваат бензините

Post Views: 148 Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука,  малопродажните цени на горивата од вечерва  на полноќ дапоскапат за 1 и 1, 5 денари за литар.Така, цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,5 и од утре ќе се продава за 80,5 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапува за 1 денар и во малопродажба ќе чини 82 денари за литар. За половина денар се зголемува малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) кој ќе се продава за 68 денари за литар. За еден денар поскапува и Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) чија нова цена изнесува 57 денари за литар, додека...

Продолжи со читање

Излезе „Црната листа“ на УЈП

Post Views: 179 Државни и јавни претпријатија, приватни фирми од различни дејности, медиуми, физички лица, комунални претпријатија, компании во стечајни постапки, се најдоа на “црната листа” на должници што ја објави УЈП на стартот на новата 2016 година.Се работи за долгови доспеани до 30.09.2015 и неплатени до 31.12.2015 по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари...

Продолжи со читање

МВР бара волонтери

Post Views: 151 Министерството за внатрешни работи, врз основа на Програмата за волонтирање за 2014 година, има потреба од ангажирање на волонтери, поради што објавува јавен повик за аплицирање на кандидати за волонтирање во Министерството за внатрешни работи.Се повикуваат сите заинтересирани кандидати – студенти на факултетите од областа на правните, безбедносните и економските студии – да се пријават на јавниот повик врз основа на кој се организира волонтерска работа во Министерството за внатрешни работи, и тоа: 1. студенти од областа на правните  и безбедносните студии –...

Продолжи со читање

Светот на музиката се прости со Дејвид Боуви

Post Views: 149 Познатиот музичар Дејвид Боуви почина на 69 годишна возраст, после 18 месечна храбра борба со ракот. „Дејвид Боуви почина опкружен со своето семејство после храбрата 18 месечна битка со ракот. Додека голем дел од вас ќе ја споделат оваа загуба, од вас бараме да ја почитувате приватноста на неговото семејство додека тагува“, пишува на официјалниот Фејсбук профил на музичарот. Боуви го објави својот последен албум, Блекстар, во петокот на неговиот роденден, а последен пат настапи хуманитарниот концерт во Њујорк во 2006 година. Во архивата на светската музичка сцена...

Продолжи со читање

Наместо дефектолози, педагози и психолози

Post Views: 178 И покрај напорите што ги прави општеството последниве години за интеграција на луѓето со Даунов синдром, од она што го видовме на терен – резултатите се дискутабилни. Инклузијата се спроведува стихијно, а постојат низа проблеми и во системот на здравствена и социјална заштита.Инклузијата на децата со попреченост, вклучувајќи ги и децата со Даунов синдром, се спроведува само на ниво на одлука редовните училишта да запишуваат и деца со пречки во развојот, бидејќи нема вработени дефектолози што би им асистирале при наставата. Некои родители инклузијата ја финансираат...

Продолжи со читање

Имотен лист од дома

Post Views: 230 Граѓаните и правните лица може да нарачаат податоци од Катастарот преку интернет на официјалната веб страница http://ossp.katastar.gov.mk/OSSP.Со дистрибутивниот систем што го воведе Катастарот корисниците на едноставен начин, со само три чекори, ќе можат да добијат имотен лист од каде било. Овој систем ќе може да го користат сите граѓани во државава и во странство, како и градежни и геодетски компании, јавни институции, општини.Имотен лист досега можеше да се добие само преку шалтерите на Агенцијата за катастар на недвижности и од канцелариите на 700 професионалните...

Продолжи со читање