Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

Државната матура започнува утре

Post Views: 191 Вкупно 18.370 пријавени кандидати во оваа учебна 2013/2014 година се дел од седмата генерација на средношколци кои полагаат државна матура како услов за продолжување на образованието и упис на некоја од високо образовните установи во земјата и надвор од неа.Тие ќе полагаат согласно новиот концепт за државна матура 1+2, кој предвидува полагање на 3 екстерни и 1 интерен предмет.Интересен е фактот што во споредба со минатата година, зголемен е бројот на кандидати кои избрале да полагаат математика и на основно и на напредно ниво, што можеби е еден показател и за зголемениот...

Продолжи со читање

Верушевски излегува од притвор

Post Views: 241 Со гаранција во недвижен имот, со забрана да го напуштаат главниот град и со предадени пасоши во кривичниот суд, двајцата првообвинети во случајот Пуч ќе им биде дозволено да излезат од притвор, пренесува „Телма“. Судскиот совет на скопскиот кривичен суд го прифати барањето на одбраната на Зоран Верушевски и Ѓорѓи Лазаревски, тие со кауција во недвижен имот да гарантираат дека ќе се појавуваат на судските рочишта. Покрај тоа судот ги уважил и предложените мерки за обезбедување од страна на специјалното јавно обвинителство.-Советот, донесе одлука со која мерката притвор...

Продолжи со читање

Македонските мажи со краток рок на траење

Post Views: 146 Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Македонија бројот на умрените лица е зголемен за 3.4 проценти во однос на претходната година и изнесува 20.134 умрени лица. Поголем број се од машки пол и тоа 10.523 или 52.3 проценти од вкупно умрените лица.Бројот на умрените доенчиња изнесува 230 и нивното учество во вкупниот број на умрени лица изнесува 1.1 процент на 100 умрени лица.Просечната возраст кај умрените од машки пол изнесува 70.3 години, односно 74.4 години кај лицата од женски пол, или за 4.1 година повисока просечна возраст се бележи...

Продолжи со читање

Изготвен предлог на закон за медицински сестри и акушерки

Post Views: 206 Обуката на медицинските сестри е сложена и може да се одвива по неколку различни патишта: општа програма во средно образование со траење од две години; програма за високо образование со траење од три години (ниво на диплома) која завршува со 180 ЕКТС поени; или специјалистичко средно стручно училиште со времетраење на програмата од четири години. По завршувањето на обуката постои обврска да се реализира и одреден стаж (кој може да биде 6 или 10 месеци, зависно од програмата која била завршена) по што следи устен државен испит (теоретски и практичен) кој го организира...

Продолжи со читање

Преку прирачник со Браилова азбука, полесно до работа

Post Views: 227 Сто и педесет прирачници за стратегии за барање работа на Браилова азбука од вчера ќе им бидат достапни на лицата со оштетен вид и слепите лица кои сакаат да се вработат.– За да им помогнеме при вработувањето, денеска промовираме прирачник преку кој младите луѓе со оштетен вид ќе може да се запознаат со стратегиите за барање работа, истакна на промоцијата министерот за образование и наука Спиро Ристовски.Тој додаде дека ова е прв прирачник од ваков вид во земјата кој е напишан на Браилово писмо, во кој има информации за подготовка на кариерно портфолио, изработка...

Продолжи со читање

Поевтинија и бензините и дизел горивата

Post Views: 156 Бензините од  полноќ поевтинуваат за еден, а дизелот за три денари – одлучи Регулаторната комисија за енергетика.Литар ЕУРОСУПЕР 95 ќе се продава за 61 и пол денар, а ЕУРОСУПЕР 98 за 63 и пол денари. Новата цена на дизелот ќе изнесува 43 и пол денари. Екстра лесното масло за домаќинство поевтинува најмногу, за 3 и пол денари и од полноќ ќе чини 32 денара за литар. Цената на мазутот исто така се намалува и килограм ќе чини 15,969 денари.Регулаторната комисија за енергетика објави дека новата цена на горивата е резултат на пониската цена на суровата нафта на...

Продолжи со читање

Повискои даноци, помалку смртни случаи како резултат на пушењето

Post Views: 149 За девет години цигарите во Македонија ќе се продаваат за двојно повеќе. Од 1-ви јули ќе поскапат за 4 денари по кутија, а до 2023 една кутија која сега чини 40 денри ќе се продава за 90 денари.Светскиот ден против пушењето оваа година се одбележува под мотото „Зголемете ги даноците,намалете ги смртните случаи“.По овој повод, во петок (30-ти мај), Министерството за здравство, Светската здравствена организација, Институтот за социјална медицина при Медицински факултет во Скопје организираат стручен состанок за промовирање на Светскиот ден против пушењето година и презентација...

Продолжи со читање

Се прекројува законот за заштита од пушење

Post Views: 153 Со Законот за заштита од пушењето се уредува начинот на заштита од штетните влијанија на пушењето на тутун и други производи од тутун врз граѓаните, како и зачувување на животната средина, забрана на пушењето во јавни простории и забрана за рекламирање на цигарите.Според предлагачите на измените, со измените и дополнувањата на текстот на Законот од 2008 година наваму, воведувани се се построги правила на заштитата од пушењето кои, особено во делот на заштитата од пушењето во угостителските објекти, се преограничувачки и за вршителите на угостителската дејност и за...

Продолжи со читање

„Вулканот“ во Косел, предизвика балканска медиумска „ерупција“

Post Views: 151 После вестите кои ги тревожеа граѓаните во изминатиов период за земјотресите и поплавите во регионов денес осамна уште една ударна вест за можна елементарна непогода. На сите медиуми во државава, а пред се на порталите, со најспектакуларни наслови се пишуваше дека се активирал вулканот Дувало во селото Косел во Охрид. Уште еднаш се потврди дека новинарството се сведе на создавање секакви сензации без претходно да се истражат работите и да се приберат вистинските информации.  За коселскиот вулкан информираа дури и балканските медиуми кои објавија дека состојбата е алармантна....

Продолжи со читање

Извршителите прво ќе предупредуваат, потоа ќе наплаќаат

Post Views: 149 Со новиот закон за извршување, кој е во собраниска процедура, се предлага извршителот, задолжително, пред да блокира сметка, писмено да го извести должникот и да побара од него во рок од три дена да го плати долгот, пишува „Вест“. Должникот треба да го извести извршителот дали е вработен или не, каква е неговата имотна состојба, висината на приходите од плата и други надоместоци. Ако должникот не одговори на предупредувањето, тогаш сметката ќе му биде блокирана.Се воведува и вонсудска наплата на долгови за струја, вода, парно, за телефон, кабелски оператори или куќен...

Продолжи со читање

„Филантропија преку зелени идеи“

Post Views: 153 ЦИРа, во соработка со Фондот на Браќата Рокфелер (Rockefellers Brothers Fund) од САД, и оваа година, распишува конкурс за избор на идеи/проекти за зелени претриемнички/бизнис идеи кои промовираат традиционална изработка на производи, поддршка на локални мали бизниси, кои користат ресурси од локалната заедница и кои потикнуваат иновативни идеи за развој на животната средина.Избраните три идеи од Македонија понатаму ќе се натпреваруваат на регионалниот форум каде можат да бидат селектирани за финасиска поддршка (10.00 долари) за нивна реалзиција. Крајниот рок за доставување...

Продолжи со читање

Охрид со нов театар во 2016-та?

Post Views: 149 На почетокот на 2016-та година, во месец јануари поточно, се очекува да се објави јавниот повик за идејно решение за изградба на театар во Охрид. Ова го истакна премиерот Никола Груевски, одговарајќи на новинарско прашање по промоцијата на нови дела од капиталните едиции „Антологија на светската поезија“, „Превод на антологија на македонската книжевност на шест странски јазици“ и „Македонски искушенија“.-Во текот на 2016 година ќе тече конкурсот за идејно решение, понатаму ќе има конкурс за проект и некаде крајот на 2016 ќе се направи тендер за изградба, за во 2017...

Продолжи со читање