Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

100 милиони евра платиле македонците за бугарски пасоши

Post Views: 181 По реакцијата на ЕУ за издавањето на бугарски пасоши на граѓани надвор од Бугарија и најавата за ревизија на овие постапки на државната администрација на Бугарија, Стојко Стојков од ОМО Илинден, македонската партија кај нашиот источен сосед, вели дека процесот не е запрен.Според неговата проценка, досега Македонците платиле околу 100 милиони евра за бугарски пасоши.Во изјавата за радиото Канал 77 Стојков вели дека многумина од тие кои извадиле бугарски пасоши давале пари за мито.„Станува збор за навистина големи суми. Мојата проценка е дека македонските граѓани досега...

Продолжи со читање

Филмскиот Фестивал за млади „Џифони“ во охрид

Post Views: 140 Денес во мала сала на општина Охрид ќе се одржи прес конференција по повод меѓународниот филмски фестивал за млади „Џифони“, кој ќе се одржи од 26 – 27.12.2015 во Охрид. На прес конференцијата ќе присуствуваат директорката на „Џифони Македонија“, Елена Величковска, претставник на општина Охрид, Институтот за Филмска уметност и претставник на Агенцијата за филм на Република Македонија.

Продолжи со читање

Седум нови амбасадори во Македонија

Post Views: 155 Вкупно седум нови амбасадори во четврток и петок ќе стапат на должност во Македонија, по предавањето на акредитивните писма на претседателот Ѓорге Иванов, прво во неговиот втор мандат.Нови амбасадори во земјава испраќаат Полска, Велика Британија, Кина, Албанија, Финска, Латвија и Република Ирска. На местото на досегашниот британски амбасадор Кристофер Ивон, кој воедно беше и доајен на дипломатскиот кор во земјава, доаѓа Чарлс Едмонд Гарет, кој во британската дипломатија работи од 1987 година, а зад себе има искуство во британските претставништва во Хонг Конг, Никозија,...

Продолжи со читање

Британската кралица Елизабета пие македонски вина

Post Views: 147 Џенсис Робинсон на нејзината веб-страница посочува дека црвеното вино од бербата од 2011 година е идеален избор за божиќните празници.Британскиот вински гуру Џенсис Робинсон која воедно е и колумнист на реномираниот весник „Фајненшл тајмс“, на својот веб-сајт го издвои виното „Вранец“ на македонската винарија „Стоби“ како главна препорака за Божиќ. Експертката која е и советник за винската визба на кралицата Елизабета Втора посочува дека црвеното вино од бербата од 2011 година е врвен избор за празничната трпеза.– Некои неверојатно добри вина може да се најдат...

Продолжи со читање

Тесна победа на HDZ

Post Views: 132 Коалицијата на ХДЗ однесе тесна победа на изборите во Хрватска. Според 90 насто од обработените резултати, коалицијата предводена од Kарамарко доби 59 места во хрватскиот Сабор, додека досегашниот социјалдемократ и премиер Милановиќ со коалицијата „Хрватска расте“, освои 56 мандати. Клучна улога ќе има независната Мост, која пред изборите се одвои од ХДЗ, и која освои 19 мандати.„Tатковинската коалиција“, предводена од хрватската демократска заедница (ХДЗ) со освоени 59 пратенички места по 99 насто преброени гласови е победник на парламентарните избори во Хрватска...

Продолжи со читање

Од утре влажен бран над Македонија

Post Views: 142 Кусиот период од два дена стабилно и топло време завршува заклучно со денешниот ден. Веќе утре попладне се очекува поголемо наоблачување кое ќе донесе дожд кој ќе се интензивира во текот на вечерта. Врнежливото време продолжува и во петок, речиси во текот на целиот ден. Станува збор за нормални врнежи, без некој особен интензитет.Четврток ќе биде посвеж од денешниот ден, но значителен пад на температурата се очекува во петок, кога дневниот максимум на температурата на воздухот во однос на денешниот ден ќе биде понизок за околу 8°С , односно дијапазонот на максималната...

Продолжи со читање

Ценовник за платено политичко рекламирање за Локалните избори 2021, портал ТВМ

Post Views: 335 Портал „ТВМ“ (www.tvm.mk) го објавува ценовникот за платено политичко рекламирање за спроведување на избори за членови на советите на општините и советот на град Скопје и за градоначалници на  општините и градоначалник на град Скопје за 2021 година.

Продолжи со читање

Се повлекува Efferalgan сирупот

Post Views: 151 На барање на производителот Bristol – Myers SQUIBB, Аген, Франција, Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) одобри повлекување на лекот  EFFERALGAN орален  раствор 30mg/ml со сериски броеви:  Р1447, Р4737, Р6077, Р9468, R1767 и R3180.Останатите серии не се предмет на повлекување.Доброволното повлекување на овие серии е предложено како мерка на предострожност по откривањето на мали пластични честички (неинфективни) во опремата за пакување на производот (надворешно) од страна на производителот.„Нема простор за паника, бидејќи,  станува збор за доброволно ...

Продолжи со читање

Каде бегаат младите од балканот?

Post Views: 141 Светската банка регистирала близу 5 милиони емигранти во европските земји од југоисточна Европа.Во најновиот извештај на организацијата се наведува дека емигрантите потекнуваат од Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина. Една четвртина или 25,44 отсто од сегашното население на овие земјите моментално живее надвор од своите земји на потекло. Граѓаните ги напуштаат овие земји во потрага по вработување или подобри перспективи во Европа, се наведува во извештајот.{loadposition content9}

Продолжи со читање

OHRID ULTRA-TRAIL® INTERNATIONAL TRAIL RUNNING EVENT 17.-19. SEPTEMBER 2021

Post Views: 150 Охрид Ултра-Треил® е меѓународен спортски настан во природа кој се одржува еднаш годишно во Националниот Парк Галичица и Преспанско-Охридскиот регион, Македонија. Третото издание на овој настан во планинско ултра-трчање опфаќа 4 трки со дистанци од 100км, 60км, 40км и 21км и е закажано на 17-19 септември 2021 година.На нашиот настан, ќе учествуваат 450 натпреварувачи oд 20 земји и ќе има вклучено преку 60 волонтери во самата организација. Планинското трчање е најбрзо растечкиот спорт во природа во светски рамки. Целта на нашиот настан, покрај можноста за секоја особа...

Продолжи со читање

Промоција и дегустација на турско кафе во Охрид

Post Views: 140 Во рамки на соработката на Општина Охрид и Туркиот културен Центар “Јунус Емре” од Скопје  во среда 23.12.2015 година во НУ Центар за култура Григор Прличев-Охрид  во 18 часот, ќе се одржи на “Промоција и дегустација на турско кафе”.Во рамките на овој интересен настан, предвидено е и прикажување на Турскиот филм “Невозвратена љубов” од 20.00 часот. Влезот е слободен!

Продолжи со читање

Втор ден како се трага по исчезнатиот рибар

Post Views: 174 Втор ден семејството Котески од Скопје, нивните роднини и пријатели, трагаат по падините околу езерото Козјак, а две екипи ги пребаруваат студените води на вештачката акумулација со надеж дека ќе го забележат педесет и едногодишниот Стеван Котески, кој последен пат е виден кога тргнал да рибари неколку часа пред големото невреме кое завчера го зафати скопскиот регион.Стеван Котески е висок 175 сантриметри, а има бела брада и мустаќи.Во потрагата, велат неговите најблиски, се вклучила и екипа на полициските „Тигри“, но засега потрагата не дала резултат.– Стеван...

Продолжи со читање