Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

ЈП „Нискоградба“ доби возило за брза санација на дефекти од јапонската амбасада

Post Views: 14 Во вистински момент доаѓа донацијата на јапонската амбасада вредна повеќе од 60.000 евра, во вид на комунално возило за брза санација на дефектите на канализационата мрежа. Станува збор за затворање на грантот од Јапонската програма за мали грантови за основни потреби и човекова безбедност, шести успешен проект за Општина Охрид, истакна Амбасадорот на Кралството Јапонија во РСМ, Оцука Казуја.„За овој проект особено горди сме што го обезбедуваме ова возило, кое придонесува за намалување на загадувањето на древното и убаво Охридско Езеро. Со навремена и...

Продолжи со читање

Во сабота Меѓународен таеквондо ИТФ натпревар „Охрид Опен 2023“

Post Views: 37 Празник за љубителите на таеквондото во Охрид. Оваа сабота, во спортската сала „Билјанини извори“ ќе се одржи третиот Меѓународен таеквондо ИТФ натпревар „Охрид Опен 2023“. Натпреварот е во организација на клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ од Лескоец. Организацијата на натпревар од ваков калибар на еден од најатрактивните боречки спортови во моментов, не е лесна работа, објаснува Марјанчо Лазаревски, претседател „Хва-Ранг ИТФ“ и организатор на натпреварот. Но, со поддршка на спонзорите и Општина Охрид, реализацијата стана возможна, додава тој.„Сам е многу тешко да се...

Продолжи со читање

Со имплементација на европски закони против индустриското загадување

Post Views: 11 Стартуваа активности на твининг-проектот „Понатамошно зајканување на капацитетите за ефективна имплементација на европското законодавство во областа на индустриското загадување“. Кога се носи ново законско решение и кога дел од европското законодавство се става во македонското, постои одреден отпор, но на овој начин индустријата ќе може полесно да ги исполни сите европски стандарди за зачувување на животната средина, информираше Министерката за животна средина Каја Шукова.„Она што ни е битно, е секако да продолжиме со процесот на националното законодавство во...

Продолжи со читање

Пет настани за 5-тото културно-забавно лето на „Културолошка Иницијатива 5 до 12″.

Post Views: 9 Пет главни настани симболично за 5-тото јубилејно, алтернативно културно-забавно лето на „Културолошка Иницијатива 5 до 12″. Деновиве на најразлични локации во Охрид и околу градот, младите, но и оние кои така се чувствуваат, охриѓани и туристи, ќе уживаат во богатата програма.„Сакам да потенцирам дека во овие пет години сме направиле голем број на работи кои за среќа не остануваат незабележани. Се надевам дека така ќе продолжиме бидејќи во овие пет години, имаме организирано повеќе од 50 настани генрално само од нас и плус уште толку каде сме биле...

Продолжи со читање

Старт на туристичката сезона со најубавите вина

Post Views: 12 Во нов термин кој симболично треба да го означи и стартот на годинешната туристичка сезона, утревечер започнува второто издание на „Охридски вински фестивал“. Минатогодишното прво издание на овој празник на виното, храната и музиката, се покажа повеќе од одличен. Целта на фестивалот е да стане традиционален и да ја дополни богатата културна програма на Охрид.„Оваа година за да имаме и посериозна и поголема посетеност го направивме во период да означува еден вид на почеток на туристичката сезона.„Ние како општина се надеваме дека оваа година уште пошироко...

Продолжи со читање

Нов старт, за нова учебна година?

Post Views: 8 Дали ќе има нови термини за старт и финиш на учебната 2023/2024 година? Веќе извесен период иако без да биде официјализирано како предлог, Министерството за образование и наука е во интензивни консултации со синдикатите и наставниците, да достави три нови предлози за календарот на новата учебна година до Владата, информира Министерот за образование Јетон Шаќири.„Дел од предлозите, ние како МОН, ги имаме слушнато и од родителите, дел од наставниот кадар, но повторно ќе кажам, за секој предлог ќе треба да одлучува Владата и ние како министерство ќе ги...

Продолжи со читање

Лицата со телесен инвалидитет преку спортот го јакнат здравјето, духот и постигнуваат резултати

Post Views: 9 Повеќе од неопходна е инклузија на лицата со телесен инвалидитет преку спортот во општеството. Викендов на СРЦ „Билјанини извори“ се одржаа 35-те Републички спортски игри на лица со телесен инвалидитет. Спортот и телесните вежби за лицата со инвалидитет не се само спорт. Тоа е и здравје. Кај голем дел од овие лица, поради намалената мобилност се зголемува ризикот од кардио-васкуларни заболувања, па поради тоа ваквите активности за овие лица се апсолутна придобивка, истакна Бранимир Јовановски –  Претседателот на Националниот сојуз „Мобилност“....

Продолжи со читање

Бочварски: Градежните работи на автопатот на влезот на Охрид ќе завршат до 10-ти јули

Post Views: 10 Градежните работи на Автопатот Охрид Кичево, на потегот од Подмоље до Охрид, ќе продолжат, и ќе завршат пред почетокот на шпицот на турстичката сезона, изјави денес Министерот за транспорт и Врски Благој Бочварски, а рокот е 10 јули. Тој потенцираше дека главната и клучна поддршка треба да дојде од градоначалникот за реализација на овој проект, кој е клучен и најважен за развојот на Охрид.„Градежните работи ќе бидат завршени до 10 јули. Тоа е нешто кое со сигурност ќе биде направено. Ние правиме притисок и пред 10ти да се приспособи оваа страна од автопатот и...

Продолжи со читање