Автор: Голабовски Крсте
Post Views: 124 Започнуваат уписите за идните студенти во академската 2012/2013 година. Веќе четврта година како Универзитетот за Информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ од Охрид, единствениот специјализиран универзитет за изучување на информатичките науки, подготвен да ги прими студентите на своите пет факултети. Триста слободни мести има на факултетите за изучување на Безбедност на компјутерски мрежи, Компјутерско системско инжинерство, Мултимедија и визуелизација, Машинска интелегенција и роботика, како и најновата студиска програма Дигитална и бизнис информатика,...
Јубилејна дваесетта тортијада
Post Views: 145 Женскиот Центар „Бисера“ ја организира Дваесетата Тортијадата по ред. Манифестацијата ке се одржи на 14.11.2015 Сабота со почеток во 20 часот, во хотел Фламинго.И оваа година тортијадата е со натпреварувачки карактер, а учество ке земат слаткарници од Охрид како и жени аматерки.Сите заинтересирани кои сакаат за учествуваат со своја торта да се пријават најдоцна до 9 Ноември во просториите на Женски Центар Бисера или на тел.075/320-737.
Бертањоли и Де Жан вечер на „Охридско лето“
Post Views: 132 Празник за љубителите на соло пеењeто. Вечерва на програмата на 52-то издание на фестивалот „Охридско лето“ концерт на светски познатиот сопран Џема Бертањоли. Придружувана од еден од најинтересните камерни музичари на денешницата, пијанистот Франческо Де Жан, во просторот на Св. Софија, Бертањоли ќе се обиде да ги задоволи вкусовите и на најпребирливата публика. За прв пат во Охрид, таа импресионирана од она што го видела досега во целиот град.„Овој фестивал е полн со познати имиња и реномирани настани и многу сум среќна што сум дел од тоа“ вели Бертањоли.Џема Бертањоли...
Македонија на 122-ро место на ранг листата за слобода на медиумите
Post Views: 151 Во најновиот извештај на организацијата „Фридом хаус“, Македонија бележи натамошен пад на ранг-листата за слободата на медиумите. Негативен тренд се бележи во целиот свет. Македонија годинава се најде на 122. место на листата на „Фридом хаус“ за слободата на медиумите со статус на делумно слободна земја, што е и пад за две места во однос на минатогодишниот извештај. Од поширокиот регион, единствено Турција е зад Македонија и е означена како неслободна земја, додека сите останати земји се рангирани повисоко.Од вкупно 197 земји на листата, Македонија го дели 122. место...
Свети Константин Кавасила Архиепископ Охридски
Post Views: 374 Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 31 октомври 2015 година (сабота), во катедралниот храм „Света Софија“ Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Свети Константин Кавасила Архиепископ Охридски“, со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува Негово Блаженство Архиепископот Охридски и македонски г.г. Стефан со архиереите на Македонската православна црква. По завршувањето на светата литургија Архиепископот Охридски и македонски г.г. Стефан ќе произнесе пригодно слово за свети Константин Кавасила...
За повреда на работа имате право на надомест
Post Views: 276 Осигуреникот кај кого телесно оштетување ќе настане за време на траењето на осигурување се стекнува со право на паричен надоместок за телесно оштетување под истите услови во поглед на пензискиот стаж под кои се здобива со правото на инвалидска пензија.Условите се следни:1) телесното оштетување да е причинето со повреда на работа или професионална болест – без оглед на должината на пензискиот стаж или2) 2) телесното оштетување да е причинето со повреда надвор од работа или со болест под услов пред настанувањето на инвалидноста, односно на денот на престанокот на осигурувањето...
3Д модел од ранохристијанската базилика кај Св. Еразмо
Post Views: 195 Со примена на фотограметриско снимање е изработен 3Д модел од ранохристијанската базилика кај Св. Еразмо, во близина на Охрид. Прецизната документација од оваа градба, првенствено е потребна за изработка на Проекти за конзервација на архитектурата и мозаиците, а 3Д моделот од базиликата кој го изработи д-р Христијан Талевски од Институтот за старословенска култура од Прилеп, може да се види на следниот линк: https://cesium.com/ion/stories/viewer/?id=2c36a522-11d3-41d0-a69b-7caa724c357e&fbclid=IwAR16VyjIoABUyD-tvJdUMrCmqtQJ2WcLPo6AW-bqDpDFZJ91fTQ-kDrAYbc
Слатки маки за охридските градинки
Post Views: 137 Иако од година во година, наталитетот во Македонија белeжи тренд на опаѓање, а се намалува и бројот на запишените ученици во средните училишта, сепак бројот на заинтересираните родители за упис на своите деца во градинките од година во година е се поголем, вели Марина Петроска-Тодороска, директорката на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ од Охрид. „Ние имаме слатки пробелми бидејќи актуелно е дека наталитетот се намалува, бројот на децата пак кои сакаат да се во нашата установа се зголемува и сме размислувале во таа насока значи потребно ни е да се прошрат просторните можности“...
Промоција на делото „Подводна и хипербарична медицина“ од д- р Горан Балевски
Post Views: 145 Утре, 30- ти октомври, со почеток во 18 часот во големата општинска сала ќе се изврши презентација на книгата „Подводна и хипербарична медицина“ од д- р Горан Балевски.Книгата која е издадена на македонски и англиски јазик ќе ја презентира проф. Д- р Здравко Тројачанец.
„2 Cellos“ вечерва на „Охридско лето“
Post Views: 137 Долго очекуваното дуо виолончела – Лука Сулиќ и Стјепан Хаузер од Хрватска, вечерва на програмата на „Охридско лето“. Овие поранешни ривали, врвни класични уметници кои на своите инструменти виолончелата, нижеа огромни успеси, светската слава ја стекнаа со нивната виртуозна изведба на композицијата „Smooth criminal“ на Мајкл Џексон, која поставена на музичкиот интернет портал „Ју-тјуб“ за неколку дена стана светска сензација. Тие во Охрид пристигнаа без некои посебни барања. Лука Сулиќ за нивниот прв настап во Македонија како дуо, најави вистинско музичко доживување.„Ние...
Стапува на сила Законот за финансиска дисциплина
Post Views: 165 Од 1ви мај, компаниите ќе морат навремено да ги исплаќаат долговите, за да не се соочат со ригорозни казни кои се претвидуваат во новиот Закон за финансиска дисциплина.Со овој закон, компаниите се обврзуваат да ги подмират меѓусебните плаќања во рок од два месеца, а за тоа треба да постои и писмен договор помеѓу страните.Доколку не се испочитуваат овие правила, тој што доцни првично ќе плати 3.000 денари како надомест, кој може да го побара во рок од три години. Предвидени се и големи глоби за непочитување на одредбите од Законот.Така, за задоцнето плаќање правните...
Градскиот пазар добива лифтинг
Post Views: 144 Се разубавува градскиот пазар. Живка Ангелоска директорката на ЈП „Градски пазар“ вели дека ова е обид во рамките на нивната финансиска моќ, да санираат одредени површини од овој објект. Инаку неговиот запуштен изглед со годни беше тема на неброени прес конференции. „Сепак сметам дека премногу се користи таа кровна конструкција како некој изговор, но јас лично сметам дека пазарот треба да си ја задржи својата автентичност во смисла дека и во најголемите светски метрополи има отворени пазари“ вели директорката.Но оваа активност, е само дел од активностите кои јавното...