Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

Синот на возачот на автобуси, сега е градоначалник на Лондон

Post Views: 9 Садик Кан стана првиот муслимански градоначалник на Лондон, кој е всушност, Садик Кан? Скромни почетоци  Кан (45) бил роден на југот од Лондон. Неговиот татко од Пакистан бил возач на автобус, а неговата мајка била шивачка. Тој пораснал со седум браќа и сестри. Кан за време на изборната кампања изјавил дека се кандидирал за градоначалник бидејќи сакал „сите лондончани да ги имаат можностите кои градот ми ги даде мене“. Адвокат за човекови права  Кан студирал право на универзитет во Лондон и работел како адвокат за човекови права повеќе од една деценија. Тој...

Продолжи со читање

Засилено полициско обезбедување на општината и полициската станица во Куманово

Post Views: 5 Главните сообраќајници во Куманово од ноќеска се блокирани за сообраќај. Забележливо е зголемено полициско присуство на улиците „11 Октомври„ и „Тодор Велков“ во центарот на Куманово, пренесува„Телма“.Во текот на ноќта пред истекот на работното време биле затворени угоистителските објекти и кафулињата, а на луѓето им било кажано од страна на полицијата да си заминат дома без при тоа да им дадат некое образложение.Според информациите на репортерот на „Телма“ Павле Беловски полицијата ги обезбедува зградите на полицијата и на општината. Во овој дел од градот...

Продолжи со читање

Завршува партнерскиот проект на ЈПР за енергетска ефикасност

Post Views: 7 Утре во хотелот Инекс Дрим во Струга, со почеток во 10:30 минути,  ќе се одржи завршната конференција на проектот “Зголемување на енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија во прекуграничниот регион”, во чии рамки се спроведоа поголем број активности во Југозападниот плански регион. На настанот за активностите и резултатите од проектот ќе зборува тим лидерот, Јасминка Димитрова Капац од здружението МАЦЕФ од Скопје.  Центарот за развој на Југозападниот плански регион беше партнер во овој проект, инаку финансиран од ЕУ во рамките на ИПА програмата за...

Продолжи со читање

Одложен случајот „Писториус“

Post Views: 9 Случајот на параолимпиецот Оскар Писториус, кој е обвинет за убиство на својата девојка, со првото сослушување влезе во следна фаза. Судот, денеска (04.06), на барање на обвинителството, го одложи процесот до 19 август. Првото предсослушување во процесот „Писториус“ траеше кратко. Јавното обвинителство побара одложување на процесот за да може да продолжи со истрагата за убиството на Рива Стинкамп. Таа му беше девојка на Писториус и во ноќта меѓу 13 и 14 февруари оваа година беше убиена од страна на спортистот во неговата вила во предградие на Преторија. Јавното...

Продолжи со читање

За Охрид се пишува

Post Views: 28 „Охрид  град на божествената светлост“, „Тајната на охридските бисери“, Најчистата вода во Европа“,„Заборавените вкусови на убавата храна“ се само дел од насловите посветени на Охрид и неговите убавини кои се објавени  во мајското издание на магазинот    „Elevate“ на авио превозникот „AIR SERBIA“. Списанието е објавено на 132 страни од кои голем дел се посветени на убавините и обележјата на  Охрид и Македонија, а тоа е доволна потврда на заложбите на градоначалникот Никола Бакрачески за маркетиншка промоција на Охрид во светски рамки и привлекување странски...

Продолжи со читање

Нова лидерска, во понеделник

Post Views: 7 Лидерската средба не даде резултати, но предводниците на четирите најголеми македонски и албански партии од власта и опозицијата се договориле во понеделник да одржат уште една средба на која би ја утврдиле рамката на преговори за излез од политичката криза, пишува „Макфакс“. Како што рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, рамката не успеавме да ја договориме, но остануваме на нашите барања за формирање преодна влада, со мандат за предвремени парламентарни избори. Заев изјави дека по денешните разговори за рамката за дијалогот тој не е оптимист за постигнување...

Продолжи со читање

Идните дипломати од „Јахја Кемал“

Post Views: 4 Средношколците од Јахја Кемал колеџот симулираа дипломатска вечер. Од свечен прием, црвен тепих, фотограф задолжен да ја овековечи вечерта, до бенд кој ги забавува гостите од позадина. Оваа симулација всушност е дел од практичната настава за учениците од четврта година од колеџот „Јахја Кемал“.„Учениците беа многу инволвирани во самиот настан, го подготвувавме околу еден месец, не беше нешто многу долго ама како што гледате испадна како што треба, како што замисливме со професорите. Стекнатото искуство, со тоа што знаеме како да се однесуваме, да се облечеме за една...

Продолжи со читање

НБА ветеранот Џејсон Кид во пензија

Post Views: 5 Досегашниот плејмејкер на Њујорк никс, во 19-годишната кариера настапуваше и за екипите на Феникс, Њу Џерси и Далас, со кој во 2011 година ја освои шампионската титула. Иако лани потпиша тригодишен договор со тимот од Големото јаболко, кошаркарската икона одлучи дека е дојдено вистинското време да се повлече.– Мојата кариера е навистина неверојатна. Кога почнував, не ни сонував дека ќе стасам до тука, и дека на крајот од кариерата ќе има ваков статус. Им благодарам на сите кои ме подржуваа, моето семејство, соиграчите и навивачите. Во текот на овие години...

Продолжи со читање