Автор: Голабовски Крсте
Post Views: 238 Со премиерата на претставата „Крик за љубов“ од Жозиен Баласко, во режија на Љупчо Ѓорѓиевски, НУ Центар за култура „Григор Прличев“ од Охрид и Народниот театар Охрид ја започнуваат новата сезона.Претставата ќе се игра во четврток, на 16-ти септември 2021 година, со почеток во 20:00 часот во Големата сала при Центарот за култура.Играат: Адријана Билаловиќ Тодороска, Никола Тодороски, Ивица Цонев и Горан Стојаноски.Билетите по цена од 200 денари се веќе пуштени во продажба на билетарата при НУЦК „Григор Прличев“ во Охрид. Телефон за резервации 046/261-063 и 075/283-066.Претставата...
„Работното лето“ на СДСМ пристигна во Охрид
Post Views: 139 „Македонија е мала земја со огромни и тешки проблеми, земја која нема капацитет премногу долго да издржи погрешни политики за клучните прашања“, изјави претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски на митингот кој во рамките на „Работното лето“, се одржа во саботата на градскиот плоштад во Охрид. Црвенковски потенцира дека значењето на претстојните локални избори за излез од компликуваната ситуација во која се наоѓа земјата, е огромно.„Нaродот се осмели се одважи, народот се реши, запирање повеќе нема. Доаѓа време за наплата на сметките за голема народна казна за сите досегашни...
„Човекот перница“ на Охридско лето
Post Views: 147 Вечерва на „Охридско лето“ претстава која започнува и завршува со тресок. Станува збор за театарското дело „Човекот перница“ на ирскиот драматург Мартин Мек Донах во режија на Јавор Грдев, а во продукција на „Театарот 199“ од Софија. Станува збор за своевиден трилер напишан во духот на Кафка, браќата Грим и Дејвид Линч истовремено кој го поставува прашањето за насилство врз децата, насилството на државата во врска со нејзините граѓани, насилството како тема на креативноста и правото на сопствениот идентитет. Тема која може да се најде на секаде околу нас, вели режисерот...
„Последниот Македонец – патот до истребување“ на кино репертоарот во Охрид
Post Views: 142 „Последниот Македонец – патот до истребување“, режисерското дело на Илија Пиперковски претстојниот викенд ќе биде премиерно прикажан во НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид, САБОТА 31-ви Октомври,со почеток 20.00 часот, влез 100 денари.Кино проекции во деновите 1-ви, 2-ри и 4-ти Ноември 2015 година со почеток во 20.00 часот.Во главните улоги ќе имаме можност да ги видиме Сашко Коцев, Ненад Начев, Славиша Кајевски, Зоран Љутков, Рубенс Муратовски и Биљана Драгичевиќ-Пројковска. Крвопролевање, разделба на семејства, моќта на соседите, желбата...
Македонија со своја насловна во чешкиот „Travel digest“
Post Views: 145 Реномираното чешко списание за туризам и патување „Травел дигест“ во најновиот број ја претставува Македонија и нејзините туристички потенцијали.Како што јави дописникот на МИА од Прага, на пет страници под наслов „Македонија – дива убавина која чека да ја откриете“ се претставени природните убавини и културно-историското наследство на нашата земја.– Од малата, планинска земја се дојдени Александар Велики, просветителите Кирил и Методиј, а речиси 1.000 години подоцна и Мајка Тереза. Откријте ја богатата историја, нескротливата природа и словенската гостопримливост...
Македонија низ очите, перото и четката на Едвард Лир
Post Views: 136 Македонија низ очите , перото и четката на Едвард Лир (17-24 септември 1848), е насловена изложбара на репродукции и слики на Едвард Лир, поставена во Куќата на Робевци.Изложбата на репродукции на цртежи и слики на Лир од неговото пропатување низ нашата земја и неколкудневниот престој во Битола и Охрид, ќе биде отворена во Куќата на Робевци, во петок, 24 септември во 19:00 часот.Едвард Лир бил англиски уметник, илустратор и поет, познат по литературниот нон-сенс во поезијата и прозата. Ги поминува годините од младоста како цртач во Зоолошкото Друштво, а потоа како...
Утре на небото посебен астрономски настан
Post Views: 143 Јупитер, Венера и Марс оваа недела ќе формираат спектакуларна глетка на небото, што ќе се повтори дури во 2021 година.Нашите соседни планети Јупитер, Венера и Марс ќе бидат јасно видливи на ноќното небо. Најблиску ќе бидат во среда, на 28 октомври, кога ќе формираат блиска врска што ќе биде видлива со голо око.За да се погледа овој феномен, ќе треба да се набљудува кон исток, а најдобар период е во раните утрински часови.Појавата на формацијата на широк триаголник уште и се нарекува „планетарно трио“.
Дваесет години пеш по светот
Post Views: 141 Артур Богомил Бартон, минал пеш низ шест континенти, а вели дека километри броел се додека поминал 30.000. Патот од Европа, преку Црното море, Босфорот, Истанбул, Грција, Света гора и Солун го довел во Охрид. Објаснува дека љубезните охриѓани кога го здогледале како пешачи, веднаш му понудиле храна и покрив над главата. Артур е воодушевен од убавините на Охрид и од односот на луѓето кои тука му понудиле храна и можност да преспие. Оваа илјадагодишна убавина и богатство на култура, не смее да се зема здраво за готово, вели тој.„Бидејќи сум бугарин по потекло, јас знам...
ДЗС: зголемување на просечната плата за 0,1%
Post Views: 150 Вработените во државата во февруари во просек заработувале по 20.941 денар, односно 340 евра. Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), за една година просечната плата по вработен се зголемила за 0,1%.Растот, пред се, е резултат на зголемените примања на вработените во три сектори. Најголем пораст на платите во изминатиот едногодишен период имало во рударството и вадењето камен, и тоа за 16,5%. Следуваат градежниците, чии сметки станале подебели за 8,7%, па административните и помошните услужни дејности, каде што е регистриран раст на просечната нето-плата...
Поради ДСГ методологијата и Охридската болница на ѕидот на срамот од ФЗУ
Post Views: 153 Методологијата за наплаќање на услугите на лежечките болни, стави многу болници од земјава на Ѕидот на срамот од Фондот за здравствено осигурување. Меѓу нив се најде и Општата болница од Охрид. Поради тоа охридската болница беше една од здравствените установи на која и беше Изречена договорна казна за неправилности при кодирање на пациентите според ДСГ методологија, а во висина од 3,5% од фактурираниот износ по ДСГ за соодветниот месец. Координаторот за работа со оваа методологија во охридската болница, Д-р Катерина Попоска вели дека казнети се за грешки кои се направени...
Повторната кандидатура на Петрески, понижувачки однос кон Охрид
Post Views: 118 Продолжува политиката на неработење за доброто на Охрид, вели Дејан Паноски, координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид. Паноски потенцира дека одлуката кандидатурата да се даде на истиот градоначалник и на истиот тим кој веќе осум години го раководи Охрид, е ништо друго освен понижувачки однос кон градот. Овој тим не покажа речиси ништо со кое што може да го одбележи своето досегашно раководење со градот Охрид, додава Паноски.„Затоа при претстојните посети, спиења во СДСМ ќе треба да одговорат зошто подржуваат една политика на неработење за доброто...
Во вторник времен прекин на сообраќајот на патот Кичево – Охрид
Post Views: 159 Поради изведување градежни работи на пат – минирање и дупчење на косини во двата правци, ќе има прекин во сообраќајот на патниот правец Кичево – Охрид, на делницата Пресека – Песочан.Како што информира ЈП „Македонија пат“, прекинот на сообраќајот ќе биде во времетраење од 15 до 20 минути во периодот помеѓу 11 и 14 часот.