Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

Хоророт „Тело“ наскоро во Охрид

Post Views: 145 Охридските љубители на на хорор филмовите, на 26-ти и 27-ми октомври 2015 година во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе имаат можност да го проследат филмот „Тело“.Ова хорор филмско остварување е во режија на Дан Берк и Роберт Олсен ја имаше својата светска премиера во јануари 2015 година.Почетокот на проекциите е во 20 часот, а влезот чини 100 денари.

Продолжи со читање

„Архелаос“ и „Секспресија“

Post Views: 144 Владо Цветаноски, режисерот на драмата „Архелаос“ или „Еврипид се враќа на Балканот“, која саботата вечерта се одржа на просторот кај Заливот на коските, а во изведба на Драмскиот театар од Скопје,  истакна дека се чувствува како промотор на ова чудесно место, на кое веќе еднаш настапувал.„Заљубен сум во просторов. Исто така со „Крпен живот“ со народниот театар од Прилеп гостувавме овде, но тогаш не беше ова гледалиште направено. Господинот Кузман рече дека беше инспириран од претставата и дека поради неа го направил тоа гледалиште. Некако претставата со самиот свој...

Продолжи со читање

„Дупли“ избори во недела

Post Views: 171 Граѓаните во недела ќе одлучуваат на кого ќе му дадат мандат да раководи со државата во следните неколку години на петтите по ред претседателски и третите предвремени парламентарни избори. Коалициите и политичките партии во петок точно до полноќ треба да ги одржат своите завршни митинзи по што во сабота започнува изборниот молк во пресрет на најавените двојни избори кои треба да се одржат на 27 – ми април, а со тоа да заврши и кампањата за избор на претседател и нов пратенички состав.Народните избраници добиваат мандат во Собранието на Република Македонија според...

Продолжи со читање

Сипријан Кацарис на „Охридско лето“

Post Views: 151   Овој кипарско-француски пијанист, за прв пат на „Охридско лето“ настапил во 2007-та година. Кацарис не го криеше своето воодушевување, што настапува во простор како што е црквата Св.Софија, бидејќи на својот роден Кипар, тоа едноставно не било возможно. Тој додава дека да се настапува во ваков монументален објект, за него претставува вистинско доживување.„Акустиката е неверојатна, јас секогаш го правам ова пред да започнам со изведбата, и гледам дека постои природна акустика. А знам што зборувам кога говорам за фестивалите, бидејќи триесет години бев уметнички директор...

Продолжи со читање

Концерт за паметење

Post Views: 125 Македонската филхармонија е еден од главните носители на музичкиот живот во земјата и амбасадор на македонската уметност во светот, а игра  огромна улога во афирмирањето на македонските репродуктивни уметници, диригенти и промовирањето на современото македонско музичко творештво во земјата и странство. Маја Чанаќевиќ, директорката на Филхармонија истакна дека во Охрид се чувствуваат како дома, бидејќи барем еднаш во годината доаѓаат тука да учествуваат во рамките на овој меѓународен фестивал.„Диригентот работеше веќе четири дена заедно со оркестарот, солистот имавме...

Продолжи со читање

„Вечера за глупаци“ на репертоарот на Народниот театар од Охрид

Post Views: 158 НУЦК “Григор Прличев”- Охрид и Народен Театар Охрид овој петок 23.10 ќе ја постави театарската претстава ВЕЧЕРА ЗА ГЛУПАЦИ, работена по делото на Франсис Вебер.Во претставата играат граат: Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Горан Стојаноски, Јасмина Билаловиќ, Филип Кипровски, Елизабета Стефановска, Павел Маслов. Режијата е на Ирена Стеријовска, додека сценографијата на Стефан Спировски.Претсавата започнува во 20.00 часот во малата сала на центарот, а цена на билетот изнесува 150 денари.Карти во продажба на билетарата на Центарот.

Продолжи со читање

„Питачката опера“ на Охридско лето

Post Views: 201 Станува збор за дело кое е напишано кон крајот на минатиот век и многумина повеќе ја познаваат „Питачката опера“ како култно дело на Бертолд Брехт. Директорот на Албанскиот театар од Скопје, Адем Карага вели дека тематиката на оваа тетарска претстава донесе работи кои публиката секојдневно ги доживува, а кои ги со себе ги носи транизицијата која сеуште трае. Тој заедно со босанскиот режисер Дино Мустафиќ, цела година работеле на претставата, која не било воопшто лесно да се донесе пред публиката.„За нас е исклучителна чест да донесеме еден ваков нов вид претстава,...

Продолжи со читање

Први Мај, неработен ден за сите граѓани на република Македонија

Post Views: 159 Денот на трудот 1 Мај (четврток), согласно Законот за празниците, е неработен за сите граѓани на Република Македонија, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика.Меѓународниот ден на трудот е меѓународен празник кој се празнува на 1 мај и е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците.Се одбележува на 1 мај во знак на почит кон жртвите на штрајкот што се одржа од 1 до 4 мај 1886 во Чикаго. На овој штрајк, организиран со цел воведување на 8-часовен работен ден, беше употребена сила од страна на полицијата, при што имаше...

Продолжи со читање

Камерното дуо Бровцин – Волтчок на „Охридско лето“

Post Views: 148 Секоја година виолинистичката елита е еден од најзначајните делови на музичката програма на фестивалот. Синоќа во просторот на катедралната црква Св. Софија еден од најзначајните претставници на руската виолинска школа, Борис Бровцин, како и Анастасија Волтчок, истакнат претставник на големата руска пијанистичка традиција, настапија премиерно на „Охридско лето“. Инаку виолионистот Бровцин, веќе ја има посетено Македонија на покана на маестро Симон Трпчески, каде ја почувствувал силната енергија. И оттогаш негова желба била повторно да настапи. Неговата придружничка...

Продолжи со читање

„Блиска средба“ за десет дена

Post Views: 147 Експертите на американската агенција за вселенски истражувања NASA откриле гигантски астероид, кој на 31-ви октомври ќе ѝ се приближи на Земјата на рекордно блиско растојание во последните девет години, јавува „Макфакс“.Брзината со којашто ова вселенско тело ѝ се приближува на Земјата, изнесува 35 километри во секунди, што е невообичаено висок показател, истакнуваат американските научници. Објектот, кој е означен со 2015 TB145, ќе мине крај нашата планета на оддалеченост од 499.000 километри, што е еднакво на 1,3 растојанија од Земјата до Месечината. Според истражувачите,...

Продолжи со читање

Мишел Камило ја воодушеви охридската публика

Post Views: 137 Причина, настапот на  на еден од највозбудливите музичари на светската џез сцена, пијанистот од Доминиканската Република, Мишел Kамило. Без посебни барања за време на својот престој, овој скромен музички генијалец, синоќа во предворјето на црквата Св. Софија пленеше со својата театралност во изведбата, извонредната техника,силната енергија и амплитудата во динамиката, кавлитети кои го сместуваат во редовите на најпрепознатливите џез музичари на денешницата. Синоќешниот коцерт кој ја воодушеви публиката, беше дел од веќе започнатата светска турнеја од минатата година,...

Продолжи со читање

Се зголемува бројот на блокирани сметки

Post Views: 310 Вкупно 184.136 жиро сметки се блокирани во март годинава. Од нив 120.569 сметки се на физички лица, а останатите 63.567 се блокирани сметки на фирми, покажуваат податоците на Народната банка (НБРМ).Споредено со истиот периот лани бројот на блокирани сметки во земјава расте и кај фирмите и кај граѓаните. Во март лани вкупно биле блокирани 150.651 жиро сметки, од кои 60.121 на физички лица, а останатите 90.530 на фирми.Податоците на НБРМ покажуваат дека минатиот месец вкупниот број на блокирани депоненти односно граѓани и фирми изнесувал 85.425. Од нив 40.948 се правни...

Продолжи со читање