Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

Танго, архитектура и „Хенри VI“

Post Views: 149 Во саботата навечер во просторот на катедралната црква Св. Софија италијанското дуо Џампаоло Бандини на гитара и Чезаре Кјакјарета на бандеон за сите љубители на аргентинската музика, уште еднаш со своите изведби ја открија самата душа на аргентинското танго. Ова специфично дуо уште од своето формирање стана важен дел од меѓународните музички кругови, благодарение на нивната комуникативност и харизма. Нивната изведба на делата на Пјацола, Таворало и Барди не оставија никого рамнодушен. Џампаоло Бандини, гитаристот во дуото истакна дека емоциите кои ги внесуваат при...

Продолжи со читање

Андреј Коробејников на „Охридско лето“

Post Views: 127 Неговото прво гостување на фестивалот „Охридско лето“ и синоќешна изведба на делата на Бетовен, Рахманјинов и Скрјабин, не оставија никого рамнодушен, а публиката сооодветно го награди со многубројни овации и апалузи. За тоа колку е лесно или тешко еден ваков уметник да биде дел од мучката програма на Фестивалот „Охридско лето“ проговори музичкиот селектор на фестивалот, Професорката Гордана Јосифова Неделкова. „Предизвик е секогаш да се трага по големите уметници, меѓутоа задоволството е големо кога ги имаме на фестивалот., зошто со вакви имиња, фестивалот расте и...

Продолжи со читање

Нема договор

Post Views: 152 Лидерската средба на партиите потписнички на договорот од Пржино во резиденцијата на ЕУ во Скопје заврши без договор.По маратонски 12 часа преговори, први си заминаа претседателите на ДПА, Мендух тачи, и на ДУИ, Али Ахмети. Тачи не даде изјава за медиумите, а Ахмети рече дека партиите се договориле да продолжат средбите на работните групи.– Не е постигнат конечен договор, ама за некои работи ставовите се доближија. Се договоривме средбите на работните групи да продолжат за да се договориме за законот за влада и за надлежностите на министрите – изјави...

Продолжи со читање

Отворено 52-то издание на Фестивалот „Охридско лето“

Post Views: 144 Со метафората на идеалната љубов, вонвременското драмско дело на Шекспир „Ромео и Јулија“, се отвори 52-то издание на фестивалот „Охридско лето“. Ѓорѓе Иванов, Претседателот на Република Македонија и покровител на оваа најголема музичко-сценска манифестација кај нас, истакна дека овој фестивал повеќе од половина век претставува дом на македонската, европската и светската уметност, дом во кој реномираните уметници од целиот свет повторно се враќаат за да ги споделат своите моменти на инспирација со верната публика.„Уметноста го разубавува животот и ја облагородува душата....

Продолжи со читање

Почна да функционира подземниот катастар во Македонија

Post Views: 150 Со впишувањето на првиот инфраструктурен објект на Македонски телеком и издавањето на имотниот лист почна да функционира подземниот катастар во Македонија.Со ова се создадени можности да се евидентираат сите подземни инфраструктурни објекти со што во иднина би се намалиле нивните оштетувања што досега се правеа при разните ископувања на земјиштето.„Досега во Кастастарот воопшто немаше евидентирано каде се наоѓаат овие инфраструктурни објекти, ниту пак беше запишана нивната сопственост. Сега веќе можат сите компании кои имаат евиденција за инфраструкруните објекти да...

Продолжи со читање

5 години „Бреинобреин“

Post Views: 168 Охридските генијалчиња од Центарот за развој на животни вештини Бреинобреин-Црвен крст Охрид заедно со своите родители и  инструкторите-тренери, во прекрасно дружење со игра и забава го прославија 5-годишниот јубилеј, роденден на најстариот-првоотворен  ваков центар во Македонија и на балканот.Во едукатвниот Центар БОБ-Црвен крст Охрид Бреинобреин програмата ја следат преку 70 деца. Со оглед на постигнатите резултати (две генерации ученици  со завршено највисоко десетто ниво, бројни награди на државните и интернационални натпревари на Бреинобреин програмата, докажани,...

Продолжи со читање

Во недела ќе се „маркира“ палецот од левата рака

Post Views: 158 Државната изборна комисија донесе посебно Упатство за гласање на Претседателските и на предвремените Парламентарни избори на 27. април 2014 година во кое е прецизирано дека обележувањето на гласачите со маркер ќе се врши на палецот од левата рака. За непречена реализација на изборите, ова упатство е испратено до општинските изборни комисии во Република Македонија и до сите избирачки одбори кои ќе го спроведат гласањето во дипломатско конзуларните претставништва, односно конзуларните канцеларии во трите изборни единици во странство, соопштува ДИК. {loadposition con...

Продолжи со читање

Дечињата од социјално загрозените семејства на бесплатно летување

Post Views: 133 Бесплатно летување и зимување и за учениците од социјално загрозените семејства од Охрид. Според повикот на  Министерството за труд и социјална политика во врска користење на бесплатно лекување за учениците од петто до осмо оделение и охридските деца од социјално загрозените семејства како и децата со посебни потреби, ќе може да ја користат оваа услуга.Според пакетот економско – социјални мерки кои ги предвиде Владата, на летување и зимување оваа година треба да заминат вкупно 3000 ученици од пето до осмо одделение.  Екрем Каљоши директорот на Центарот за социјални...

Продолжи со читање

Започна Скопскиот џез фестивал

Post Views: 127 Тврд но богат звук со емоции, за почетокот на 34 издание на „ Скопје Џез Фестивал“.Вака изгледаше вечерашниот настап на американскиот гитарист Џејмс Блад Алмер во Македонската опера и балет, со кој беше отворен фестивалот.Од гитарата на Алмер , кој важи за еден од најистакнатите претставници на фри-џезот во светот, можеа да се чујат неговите препознатливи примеси на афроамериканската музика , зачинети со блуз, фанк и фри-џез.– Џејмс Блад Алмер доаѓа истовремено и од фри-џезот. Тој беше близок соработник на Колмен. Водеше и свои некакви состави во тој стил,...

Продолжи со читање

Српската ловечка кујна во Охрид

Post Views: 239 Размената на гасторномските богатства на Македонија и Србија средство за промоција на турзмот од овие региони. Куварите од белградскиот ресторан „Ловец“ деновиве ќе им пружат можност на охриѓани во ресторанот „Биљанини извори“, да уживаат во специјалитетите на ловечката кујна. Ова нивно гостување во Охрид како и гостувањето на нашите готвачи потоа во Белград, овозможува покрај промоцијата на гастрономските богатства и размена на искуства, вели Ненад Јовановиќ, кувар во белградскиот ресторан „Ловец“. Јовановиќ се надева дека за охриѓани ова ќе биде вистинско изненадување.„Па...

Продолжи со читање

Денот на планетата Земја

Post Views: 149 Денот на Планетата Земја за прв пат почна да се одбележува во 1970 година, од кога, според екологистите, се бележи огромен напредок во решавањето на еколошките проблеми. Сепак проблемите со уништувањето на природната средина на глобално ниво не се надминати ни оддалеку. Потврда за тоа е исчезнувањето на тропските шуми, истребувањето на многу растителни и животински видови, како и континуираното испуштање на штетни гасови во атмосферата и негативните ефекти од глобалното затоплување. Научните факти говорат дека Земјата е стара околу 4,6 милијарди години, хуманоидите...

Продолжи со читање

Еднаков третман за сите учесници на „Охридско лето“

Post Views: 120 Музичко-сценските уметници на Македонската опера и балет и Македонската филхармонија ги условувија своите матични куќи дека нема да учествуваат на фестивалот „Охридско лето“ ако не им бидат исполнети нивните барања: хотелско сместување со полн пансион и дневница од 800 денари или 3000 денари дневно. Директорката на Фестивалот Елизабета Јанкуловска пак, денес со став дека никој не е поголем од фестивалот и неговото значење, а манифестацијата не смее да биде заложник на било какви условувања. Таа информираше дека понудата за учеството на членовите на Националните установи...

Продолжи со читање