Автор: Голабовски Крсте
Post Views: 219 Значително намалени средствата од Буџетот за реализација на проекти од областа на културата. И Националната установа Завод за заштита на спомениците и музеј од Охрид ќе има на располагање значително помалку средства оваа година, нешто повеќе од 3.5 милиони денари само за реализација на проектите од национален интерес во културата од областа на заштитата на недвижното културно наследство за 2023 година. Од проектите на националните установи во областа на визуелните уметности архитектурата и дизајнот, 60.000 денари се издвоени за реализација на проектот Антологија 4.Од...
Наскоро, Неразбраната цивилизација
Post Views: 330 Глобализацијата, идентитетот, сервилноста се само дел од темите кои ќе бидат обработени во најновата претстава на Народниот театар од Охрид. Станува збор за адаптација на пиесата „Неразбраната цивилизација“ на бугарскиот автор Добри Војников, стара повеќе од век и половина, но сеуште свежа и актуелна според темите кои ги третира.„Самата пиеса кореспондира со денешното време, затоа што станува збор за глобализацијата која не опфаќа сите нас. За Европата која влијае на нас, како политички, така социјално, социолошки, културолошки и како ние го губиме малку...
Скапоцениот поглед кон езеро
Post Views: 405 Продолжува изградбата на објектот на улицата Христо Узунов, во стариот дел од градот, а со тоа и главоболките на соседите. Тие денес повторно излегоа на мирен протест, гневни на институциите кои ја дозволиле изградбата на објектот. Мирче Ристески жител на стариот дел од градот вели дека со изградбата на вакви високи и габаритни објекти, се губи каскадниот изглед на теренот во овој дел од градот, а се губи и погледот кон езерото за оние кои се позади објектите.„Во самиот Закон за старото градско јадро на Охрид стои дека габаритите на урбаните објекти не смее...
Во ФТУ замириса на топло лепче
Post Views: 384 Која е тајната на квалитетниот и здрав домашен леб? Денес на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, студентите од различни години и студиски насоки имаа можност да се запознаат со тајните на изработка на неколку видови леб. Професионалниот изработувач на различни видови тесто, Весна Миленкоска ја одржа работилницата за изработка на леб од кисело тесто, интегрален безглутенски, протеински леб за спортисти и нутритивно збогатен леб.„Тајната е да нема никакви додатоци. Секој додаток, прави плус проблем. Дали е квасецот дали се адитивите, прават проблем...
Барал оштета, ќе ги плати судските трошоци
Post Views: 327 Илија Џепароски ја тужел Нискоградба затоа што паднал во шахта на ул Јане Сандански и го загубил спорот. Тој вели дека во септември 2020 година враќајќи се во својот дом со левата нога пропаднал во шахта за одвод на отпадни води при што се здобил со сериозни повреди.„Пред година дена во разминување со луѓе пред Рамстор продавницата паднав во отворена шахта. Се здобив со повреди 6 месеци во болници со лонгети и случајот го дадов на суд. Прво се обидоа од Нискоградба да се договориме за тоа што ми се случи, јас не прифатив и ги дадов на суд“, – вели Илија...
Напиши стих – напиј се кафе
Post Views: 208 Пиење кафе и поезија во охридската градска библитека, „Григор Прличев“, по повод Светскиот ден на поезијата 21-ви март. Авторите и голем број граѓани кои ја сакаат поезијатаденес имаа можност да напишат сопствен стих или да цитираат стихови од познати автори, светски писатели. Одблизу можеа да се запознаат и со работењето на градската библиотека. Директорот на установата, Милчо Јованоски вели целта на настанот е пред се дружењето низ кое до израз доаѓа и креативноста изрзена низ убавата мисла.„Напиши стих, напиј се кафе“, е една веќе традиционална манифестација...
Од утре нови цени на оризот и јајцата
Post Views: 229 Од утре нови цени на оризот и јајцата. Владата на утрешната седница треба да ги замрзне маржите на оризот и јајцата на цени од почетокот на овој месец, кажа на денешната прес конференцвија министерот за економија Крешник Бектеши.„Во делот на шеќерот и брашното, согласно сите податоци според информациите од Царинската управа, во делот на увозните цени, имаме намалување и трендот на намалување ќе продолжи. Затоа таму нема да преземеме никакви мерки затоа што очекуваме во наредниве денови очекуваме цените сами да паѓаат согласно податоците кои ги имаме.“„Во...
Изложена виолината на Садило
Post Views: 481 Музичкиот инструмент на најпознатиот охридски чалгаџија од крајот на 19 и почетокот на 20 век, вилоината на Климе Садило, е изложена во Музеј Куќата на Робевци. Сега посетителите покрај тоа што ќе можат да го видат експонатот, имаат можност и да ја слушаат музика од тајфата на „Садиловци“.Климе Садило има огромна заслуга во популаризацијата на охридската староградска песна од 19 век . Тој исто така со својата тајфа дал огромен придонес охридската староградска песна да се пренесува од генерација на генерација и да опстои се до денес. Од огромно значење е гестот...
Комитетот за односи меѓу заедниците во Охрид
Post Views: 217 Денес Комитетот за односи меѓу заедниците при Собранието на Македонија, оствари работна посета на Општина Oхрид и средба со градоначалникот, претседателот на Советот и советниците на Општината, со цел реализација на Програмата за работа на Комитетот за 2023 г. за соработка со комисиите за односи меѓу заедниците на локално ниво. Комитетот за односи со заедниците со досегашното рабтење се покажа и се потврди како работно тело на Собранието кое има голема улога, но и одговорност во остварувањата на општите и посебните права на националните заедници, односно на припадниците...
Успешна година за крводарителството во Охрид
Post Views: 250 Охриѓанецот Иво Милески повеќе од сто пати во животот дарувал крв. Гестот кој започнал како младешка љубопитност, за брзо време прераснал во еден вид морална обврска. Милески рече дека вообичаено, по неколку пати во годината ја дарува својата драгоцена течност. Упатува апел до младите кои се во можност да го направат тоа.„Давам една препорака до младите, гледајќи ме мене, после толку години, бидејќи здравствено немам никаков проблем, ако можат да си донираат крв. Ќе си проверат во трансфузилошките центри во Црвениот Крст, ќе си направат фактички една крва...
Автоматизација на системот пумпи на колекторот
Post Views: 229 Продолжува осовременувањето на охридскиот колектор. Дел со средства од Министерството за животна средина, дел со сопствени средства на државното јавно претпријатие, дел со странски донации. Се прават напори да се искорисистат современите технолошки достигнувања со цел зачувување на природниот бисер, Охридското Езеро. Променати се потопни пумпи на неколку препумпни локации. Со сопствени секачи кои во голема мера го намалуваат запушувањето на цевководот, посебно со фрлањето на влажни марамчиња и друг вид на инертен отпад и го олеснуваат неговото функционирање, дури...
Македонскиот мозаик, чувар на времето
Post Views: 413 Алармантна е состојбата во која се наоѓа движното културно наследство, мозаикот кај нас. Македонија како една од земјите од каде што потекнува мозаикот како сликарска техника, располага со голем број мозаици. Нив им е потребна соодветна заштита, конзервација, но и соодветна презентација пред светот. За нашите капацитети за зачувување и презентација на овој вид културно наследство, охридскиот мозаичар, конзерватор и реставратор Никола Упевче ќе рече:„Има конзерватори, има и амбициозни луѓе, само сите тие треба да се соберат. Да се ангажираат. Во нив да се...