Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

Oд денес започнува Страсната седмица за православните христијани

Post Views: 15 Тоа е Неделата на страдањата – последната од животот на Исус Христос. Според православниот календар секој ден од оваа недела е Велики. Последната недела на Великиот пост црквата го нарекува Страсната седмица, бидејќи таа е посветена на оплакувањето на последните денови од земниот живот на Спасителот Господ Исус Христос – неговите страдања, распнувањето и крстот, смртта и погребение. Почнува со свеченото влегување во Ерусалим и завршува со неговото Воскресение. Секој ден од оваа недела се нарекува Велики – Велики понеделник, Велики вторник и така натаму. Таа е...

Продолжи со читање

Првото коло на Ролан Гарос, без изненадувања

Post Views: 6 Во 1-то коло на Ролан Гарос некогашниот најдобар тенисер на светот, Роџер Федерер, без поголеми проблеми го совлада Шпанецот Карено-Буста со 3:0, по сетови 6:2, 6:2, 6:2. Федерер добро го отвори Ролан Гарос и во дуелот со малку познатиот Шпанец немаше големи проблеми, а највозбудливиот натпревар го одиграа Симон и Хјуит.Францускиот тенисер славеше по пет сета (3:6, 1:6, 6:4, 6:1, 7:5), а и доколку славеше Австралиецот воопшто немаше да биде незаслужено.Ролан Гарос, 1-коло:Кавчиќ – Дакворт 6:2, 6:2, 6:2Андерсон – Маршенко 6:3, 7:5, 6:4Суса – Соеда 6:1, 6:3, 6:2Раониќ...

Продолжи со читање

Стадион – дебатна емисија

Post Views: 16 Неопходна ни е дебата. Се помалку време поминуваме во разговор едни со други и што е најлошо се помалку ги слушаме другите. Социјалните мрежи се полни со говор на омраза, навреди, гнев. Велат дека молчењето е злато. Но, дали е така?Молчењето ја убива демократијата. Ако вие не зборувате и уште поважно не ги слушате другите, тогаш вие сте далеку од решение“, вели уредникот и водител на емисијата „Стадион“ Столе Наумов.Демократија е да научиме да ги прифатиме различните и различностите. Гледајте „Стадион“ затоа што „Стадион“ е единствена емисија што Ве...

Продолжи со читање

Велигденски производи од детските раце

Post Views: 5 Неуморните волонтери на Црвен крст Охрид и вредните рачиња на децата со посебни способности од Охрид, децата од социјално загрозени семејства и децата од згрижувачки семејства, волонтерите од оригами клубот, на креативни работилници организирани овој викенд во Црвен крст Охрид, изработуваа декоративни, украсни предмети наменети за хуманитарни продажни изложби кои во текот на деновите пред и после велигденските празници ќе бидат организирани на јавни места во нашиот град. Целта е да се соберат средства за помош на ранливите категории. Ги покануваме сите наши...

Продолжи со читање

Кампања за враќање на борењето во олимпијското семејство

Post Views: 5 Во кампањата за враќањето на борењето на Олимписките игри  се вклучи и актерот Џеј Мор кој и самиот бил борач во средношколските денови. Единствениот спорт на кој Македонија како независна држава има освоено медал на Олимпијада, можеби повеќе нема да биде на програмата од Олимписките игри. Спортот во кој не се вртат големи пари и единствена сатисфакција е освојување на медал на Олимписките игри, со одлука на Меѓународниот олимписки комитет од 2020-та година ќе се избрише од олимписката програма.Од Олимписките игри во 2016-та година во Рио ќе бидат додадени голфот и...

Продолжи со читање

Тајните на Охрид: Јапонските цреши

Post Views: 10 Денес ви претставуваме еден вистински украс на Охрид, кој веќе седум години го краси нашиов град, јапонските цреши. Јапонските цреши инаку се донација на Јапонија на иницијатива на фондацијата на филозофот Даисеки Икеда, кому во 2007 година охридската академија на хуманизмот во Токио му ја додели светската награда за хуманизам. Тој во 2009 преку својата фондација на Македонија и донира 100 млади садници јапонска црешна како желба да придонесат за јакнење на пријателството меѓу Јапонија и Македонија. Јапонските црешни кои во таа земја се на рамниште на...

Продолжи со читање

„До балчак“ во Охрид и Струга

Post Views: 3 На 3-ти ноември 2014 година, љубителите на македонската филмска уметност во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе имаат можност премиерно да го погледнат најновото филмско остварување „До Балчак” на режисерот Столе Попов.„To the Hilt – Story from the Wild East“ („До балчак – Приказна од дивиот исток“) , ќе се прикажува во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, од 29-ти октомври до 1-ви ноември, со почеток во 19.00 часот.Филмот е сурова но романтична љубовна приказна во која вечната македонска кауза за сопствен идентитет и самостојност...

Продолжи со читање

Мурињо си оди од Реал

Post Views: 5 Името на наследникот на португалскиот стратег на клупата на шпанскиот гигант се уште не е познато, иако не е тајна дека челниците на Реал преговараат со Карло Анчелоти. Мурињо, најверојатно, ќе биде нов тренер на Челзи. Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез и официјално соопшти дека клубот следната сезона ќе ја дочека со нов тренер.„Во меѓусебен договор со Мурињо одлучивме дека најдобро за двете страни е да заврши нашата соработка. Тој не е отпуштен туку одлуката за негово заминување е заедничка. Раководството на нашиот клуб му се заблагодарува за неговата...

Продолжи со читање