Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

Лошо и несфатливо сообраќајно решение

Post Views: 191 „Сообраќајниот режим во Охрид треба да биде во корист на турситите и граѓаните, а не во корист на некои лични математики“, обвинија денес од Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Oхрид. Атанаско Михаилов, претседателот на О.К на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид ја обвини Локланата и Градоначалникот дека „Во целиот сообраќаен хаос предизвикан од градење на некакви сообраќајни раскрсници и други лоши сообраќајни решенија , и за шеталиштето кое претставува еден од најубавите делови на Охрид, изнајдено е навистина неразбирливо сообраќајно решение на почетокот на самата туристичка сезона,...

Продолжи со читање

„Pim i Pom“ анимираната авантура во Охрид

Post Views: 156 На кино репертоарот анимираниот филм наменет за најмладите “ПИМ и ПОМ”- синхронизиран на македоски јазик, во деновите 7-ми, 8-ми и 9-ти октомври 2015 година.Пријателството меѓу импулсивните и авантуристички Пим и ПОМ ќе се стави на тест, кога тие се соочуваат со обидуваат да го најдат патот дома.Оригинален наслов: Пим и ПОМ / Het Grote AvontuurГодина: 2014Жанр: анимацијаРежија: Глорија СмитВреметраење : 70минНУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид,Почеток 18.00 часот / влез 100 денари.

Продолжи со читање

Втора верзија на „Македонскиот информативен систем за шумски пожари“

Post Views: 154 Овој систем се темели на современа информатичка технологија и е во функција на следење, проценка на ризикот и оперативна координација во случаи на справување со ризикот од шумски пожари, денеска беше промовирана.Овој систем во јули минатата година беше ставен во почетна оперативна употреба, познат како МКФФИС и од тогаш беше во тест фаза. Во втората фаза од неговиот развој се направиени сите неопходни подобрувања, со додавање нови карти, алатки и функции со што на корисниците им се обезбедува лесен, брз и разбирлив пристап.Системот се реализира со поддршка на Јапонската...

Продолжи со читање

Апарат кој живот спасува

Post Views: 142 Организацијата на Црвениот Крст на Македонија, ниво на држава, ке ја врши обуката за ракување со полуавтоматските надворешни дефибрилатори.Истои така и општинската организација од Охрид, наскоро ќе ја спорведува оваа обука за граѓаните и институциите кои според закон треба да ги поседуваат истите. Во обуката се вклучени тренери по прва помош и други медицински лица. Со дефибрилаторите може да работи секој граѓанин, после поминатата соодветна обука.Младен Божиновски, од О.О. на „Црвениот Крст“ информира дека одредени правни субјекти веќе пројавуваат интерес за обуката...

Продолжи со читање

СЕ РЕНОВИРА ТРОТОАРОТ НА БУЛЕВАР ТУРИСТИЧКА

Post Views: 111 Започна реконструкција на тротоарот на булеварот “Туристичка“, на потегот од Гимназија до СРЦ “Билјанини Извори“ по десната страна, во правец на Св.Наум. Целосно ќе бидат заменети бехатон плочките, ќе се засадат нови дрва и во цела должина ќе биде изградена нова велосипедска патека. Градежните работи ќе ги изведуваат фирмите “Илинден“ од Струга и “Ким Идра“ од Кичево. Должината на тротоарот и велосипедската патека е 1200 метри, а локалната самоуправа за оваа намена издвои два и пол милиони денари.

Продолжи со читање

„Проаква“ почнува со исклучување и наплата

Post Views: 136 Долговите на физичките и правните лица кон МЈП „Проаква“ се поголеми од половина милион евра. Ненаплатените долгови од физички и правни лица се движат од 30.000 до 300 000. Поради ваквата состојба, од ова јавно претпријатие се приморани да започнат со исклучување на најголемите должници, кое потоа ќе продолжи и со помалите должници. Даниел Радески, од одделението за односи со јавност на „Проаква“ вели дека овој пат никој нема да биде поштеден.„На оние корисници кои бесправно се вклучиле по исклучување, за нив ќе следат соодветни мерки како што е исклучување директно...

Продолжи со читање

Фестивал на новиот германски филм

Post Views: 193 НУ Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид, во соработка со Амбасадата на Германија организира Фестивал на новиот германски филм.Фестивалот свечено ќе биде отворен на 10-ти октомври (сабота), со криминалистичкиот филм „Роден во болка“, со почеток во 20:00 часот.Во рамките на фестивалот ќе може да се проследат и филмовите:– Феникс – драма / 11.10.2015 / 20.00 часот– Хакери – трилер / 12.10.2015 / 20.00 часот– Лола на грашокот – детски филм 13.10.2015 / 11.00 часот– Спасете го Рафи – детски филм 13.10.2015 / 13.00 часот– 300 Збора Германски...

Продолжи со читање

Некои македонски цркви чуваат дел од крстот на кој бил распнат Исус

Post Views: 170 Во неколку манастири во Македонија има делови од светиот крст на кој бил распнат Исус Христос. Меѓу нив се манастирите Св. Јован Бигорски, Св. Ѓорги во Рајчица, и св. Богородица Пречиста во Кичево.Според преданието за светиот крст е запишано дека пронаоѓањето и разделувањето на чесниот крст се случило во времето на „Св. Константин и Елена“. Имено, кралицата отишла на местото на распетието да го пронајде крстот, но никој не кажувал каде бил закопан. Таа сепак успеала да ја дознае приказната од еден старец.Откако ги пронашле трите крста, едниот на Исус, а другите два...

Продолжи со читање

Светското наследство во рацете на младите

Post Views: 454 Никола Јакимовски и Емилија Богданоска, се само дел од тимот средношколци од ОСУ „Ванчо Питоешки“ кои учествуваа во реализацијата на проектот на УНЕСКО, „Светското наследство во рацете на младите“. Велат, знаењата кои ги стекнаа при изработката на овој проект, а во врска со локалитетот СВ. Наум, за нив се од непроценливо значење. Сега тие, се еден чекор поблиску до вокацијата туристички водич.„Добивме со истражувањата такви информации, важни за нас и за презентација пред туристите, посебно за работи кои се малку познати на македонската па и на светската јавност. Ова...

Продолжи со читање

Актуел – дневно политичка емисја

Post Views: 418 Дневно политичка емисија во која гостуваат еминентни личности од политичкиот живот во Охрид и државата.Авторот и водител Крсте Голабовски со објективен пристап се обидува да загребе под површинта на најжешките теми од општествениот и политичкиот живот.И уште повеќе, во оваа емисија имате можност и вие почитувани гледачи да земете учество во во разговорите  за најактуелните теми.

Продолжи со читање

Привршува реконструкцијата на старата училишна зграда во село Брежани

Post Views: 153 Реконструкцијата на старата училишна зграда во с. Брежани, Општина Дебрца се ближи кон својот крај. Од локалната информираат дека преостанува уште хортикултурното уредување, кое поради сезонскиот карактер оставено е за реализација во текот на месец април.Со реализацијата на овој проект, Општина Дебрца добива современ планинарски дом, со капацитет од 20 легла. Активностите се реализираат во рамки на проектот „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам“, финансиран од Европската Унија и Министерство за локална самоуправа, преку програмата за прекугранична...

Продолжи со читање

Каде оди македонското огревно дрво?

Post Views: 197 Државата го сече и продава. Шумите ги снемува, полицијата апси дрвокрадци, а се зборува за бизнис од вртоглави десетици милиони евра, пишува „Телма“.Но, на „далечниот исток“ од земјата, како што вели дедо Арсе од село Добрево никој не видел ниту пак може да купи огревно дрво. 30 години минал во окната на пробиштипските рудници сега заработува со секирата. Ги сече туѓите дрва, но не и неговите.Заради оваа куќа и 8-те месеци помалку стаж за него нема ниту пенезија, ниту социјално, а ниту дрва кои државата ги нуди како социјална мерка. Додека дедо Арсе прибира што ќе...

Продолжи со читање