Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

Од вечерва на полноќ започнува предизборниот молк

Post Views: 172   Првиот круг од претседателските избори е в недела (13 април 2014 година).  Четворица кандидати претендираат за претседателската фотеља, Ѓорѓе Иванов, кандидат за претседател на ВМРО ДПМНЕ, Стево Пендаровски, кандидат подржан од СДСМ, Зоран Поповски, кандидат на ГРОМ и Илијаз Халими, кандидат за претседател на ДПА. По 20 дена кампања зад нас, неколку анкети, сега на потег се граѓаните, во недела од 07 до 19 часот сите се рамноправни, зад параванот каде никој не гледа, самостојно граѓаните на Македонија ќе можат да го дадат својот глас за оној кои изминативе три недели...

Продолжи со читање

Автобусите се паркираат без исаф

Post Views: 135 Закони и сообраќаен режим имаме, локација имаме, но автобусите со туристи речиси секој викенд можеме да ги сретнеме паркирани на неколку улици низ центарот на Охрид. Нивните несовесни возачи навистина храбро го тестираат прагот на толеранција на СВР Охрид.Од СВР Охрид информираат дека имаат одредено ниво на толеранција кога патниците се превезуваат со автобусите до сместувачките објекти во централното градско подрачје, но потенцираат дека за паркирани автобуси на места кои не се предвидени за тоа, важат истите сообраќајни правила, а за нивно непочитување и истите казни....

Продолжи со читање

Кој ќе стопанисува со рибите од Охридското езеро

Post Views: 128 ТВМ Телевизија неофицијално дознава дека само една фирма од Охрид, била понудувач на јавниот конкурс за давање на концесија за вршење стопански риболов на рибите од риболовното подрачје на Охридското езеро. Имено станува збор за фирмата „Пастрмка 2012“. После отварањето на понудите и завршувањето на електорнската аукција сега на потег е Комисијата за доделување на концесии за најповолните понуди  која се очекува да достави предлог до владата на РМ, која пак треба да ја донесе конечната одлука кој ќе биде концесионер на езерото. Инаку идниот концесионер требa да изготви...

Продолжи со читање

На денешен ден Атина Бојаџи го преплива Ла Манш

Post Views: 787 На денешен ден во далечната 1969 година охриѓанката Атина Бојаџи го преплива каналот Ла Манш. Охриѓанката која успеа да се соочи со неверојатниот предизвик запишувајќи се како една од првите жени во светот кои успеале да го препливаат „страшниот канал“. Атина, патеката долга 50 километри од каналот Ла Манш ја преплива со време од 13 часа и 20 минути. Претходно уште со 18 години стана светски шампион во маратонско пливање во солени води, откако триумфираше во 1962 година на патеката Капри – Наполи. И денеска го држи рекордот на најмлад шампион на Охридскиот пливачки...

Продолжи со читање

Промоција на најновиот видео запис на Четкар, „Time Goes By“

Post Views: 150 Владимир Василески – Четкар наскоро ќе го промовира видео записот за песната „Time Goes By“, нумера која се наоѓа на неговиот втор студиски албум  „Heavenly“. Видео спотот е сниман на некои од најинтересните локации на Менхетен, Њујорк и како што кажа Четкар, станува збор за своевидна мини приказна за тоа колку се околу нас е приоменливо. Инаку видо записот е во режија на Боби Дојчиновски.Нумерата „Time Goes By“ е комплетно авторско дело на Четкар и е снимана со жива гудачка, дувачка и ритам секција во њујоршкото студио „Dubway Studios“.

Продолжи со читање

Г-ѓа Министерка повторно пред охриѓани

Post Views: 146 Aнсамбл од млади актери од Охридската гимназија, неодамна ја изведoа претставата „Г- ѓа Министерка“, работена според текст на познатиот српски комедиограф, сатиричар и критичар, Бранислав Нушиќ. Под менторство на својата професорка по Македонски јазик, Светлана Голабоска, тие пред охридската публика донесоа едно свое видување на ова безвременско литературно дело. Марија Баткоска, која го толкува главниот лик, на Госпоѓата Министерка вели дека патот до главната улога не бил лесен.„Не беше едноставно бидејќи конкуренцијата беше навистина голема, и мислам дека го направив...

Продолжи со читање

Македонија атрактивна турстичка дестинација

Post Views: 170 Се поголем број Холанѓани, Белгијци, Германци, Британци, како и туристи од Србија, Турција, Албанија и Бугарија се одлучуваат да ја посетат Македонија и да се запознаат со природните богатства со кои располага. Со растот на инвестициите во туризмот, а со тоа и добивање на поатрактивна туристичка слика, очекувањата се дека приливите од туризмот и во иднина ќе се зголемуваат – минатата година во буџетот биле инкасирани над 200 милиони евра.– Туризмот е двигател на социо-економски развој. Има пораст на девизни приливи, има подобрување на платниот биланс, креирање...

Продолжи со читање

Повеќе да го цениме богатството што го имаме

Post Views: 154 Македонија е една од ретките земји во кои има услови за занимавање со традиционално земјоделство и сточарство. Движењето на е екологистите на Македонија преку патувачка изложба низ целата држава, го претставува проектот со кој ќе се промовираат овие видови на стопански дејности.Низ четирите пилот региони во Македонија, Река, Мариово, Лакавица и Раткова скала кај Пробиштип, кој веќе и е заштитен како споменик на природата, експерти од областа на ботаниката и сточарството вршеа испитувања и идентификуваа семејства кои ги практикуваа земјоделството и сточарството со високи...

Продолжи со читање

Трет саем на виртуелни компании во Охрид

Post Views: 149 Симулација на бизнис, преку која идните млади бизнисмени од Охрид, открија само дел од своите афинитети. Агенции за свечени пригоди, аква паркови, компании за трговија со кафе, он лајн библиотеки, беа само некои од компаниите на кои средношколците економисти вредно работеа преку целата година.„Нашата компанија се состои од 14 ученици, сите од четврта година, и на овој проект работевме речиси цела учебна година под менторство на професорката Царева Цветаноска. „Нашата компанија се вика Аква парк „Атлантис“. Во склоп на аква паркот даваме часови за нуркање и пливање“...

Продолжи со читање

Народен театар Охрид утревечер ја започнува новата сезона

Post Views: 158 Со премиерата на претставата „Крик за љубов“ од Жозиен Баласко, во режија на Љупчо Ѓорѓиевски, НУ Центар за култура „Григор Прличев“ од Охрид и Народниот театар Охрид ја започнуваат новата сезона. Претставата ќе се игра во петок, на 10-ти септември 2021 година, со почеток во 20:00 часот во Големата сала при Центарот за култура. Играат: Адријана Билаловиќ Тодороска, Никола Тодороски, Ивица Цонев и Горан Стојаноски. Билетите по цена од 200 денари се веќе пуштени во продажба на билетарата при НУЦК „Григор Прличев“ во Охрид. Телефон за резервации 046/261-063 и 075/283-066. Претставата...

Продолжи со читање

„Макпетрол“ им помага на граѓните

Post Views: 161 Кога девојката му се пожалила на своето момче дека одамна не ја одвел на некое скапо место, тој и рекол дека ќе ја одведе, на бензинска пумпа. Ова е само една од големиот број шеги кои од мака си ги кажуваа возачите поради зачестените зголемувања на цените на бензините. Затоа, „Макпетрол“од неодамна започна со кампања со која сака да им помогне на своите потрошувачи. Тие денеска на возачите им делеа совети како да постигнат енергетска ефикасност и да го амортизираат трошокот за гориво од нивниот домашен буџет. Некои од граѓаните, помалку се придржуваат кон овие наизглед...

Продолжи со читање

Mарш до вечниот дом на војводата Аргир Маринов-Маринче

Post Views: 166 Здружението на граѓани Св Василиј и советот на месната заедница од с.Куртаица по повод 112 годишнината (недела) 13.09.2015 год  од битката кај Рашанец организира посета-марш до вечниот дом на војводата Аргир Маринов-Маринче и неговите востаници, најголемиот настан во Охридско , – или во народот најпознат како втор „Мечкин Камен„ , каде 117 те оружани востаници (со примитивно оружје и недоволно муниција) воделе нерамна борба со околу  3000   турски аскер.Почеток на маршот е во 08:30 часот од средсело Куратица, 9:00 часот  ПАНИХИДА ВО ЦРКВАТА СВ НИКОЛА (селски гробишта)Околу...

Продолжи со читање