Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

судење пендиков

Одложено рочиштето за случајот за физичкиот напад врз Христијан Пендиков

Post Views: 75 Само што започна, беше прекинато денешното рочиште за случајот со претепувањето на Христијан Пендиков. Инаку, ова е второ рочиште од главната расправа во судскиот процес за тепачката што се случи на 19-ти јануари во угостителски објект на кејот на Охридското Езеро, во која повреден беше Христијан Пендиков, секретар на сега згаснатиот бугарски културен клуб „Цар Борис III“ во Охрид. Одбраната на обвинетиот Илија Спасески го напушти судењето откако не и беше усвоено барањето за одлагање на рочиштето со цел таа да се запознае со новото судско вештачење кое обвинителството го...

Продолжи со читање

вода

Загубата на вода во Охрид сè уште голема

Post Views: 75 да почувствуваме и криза за вода, предупредуваат од ЈП „Водовод“ Охрид. Решавањето на проблемот со загубата на вода не оди преку ноќ, бидејќи потребни се инвестиции, работна сила и модернизација на логистиката на претпријатието. Екипите на претпријатието работат на повик, па се случува да се интервенира и по 40 пати во месецот, со ограничени ресурси и кадар, објаснува Ристески. Загубите на вода во охридско струшкиот регион се големи. Тоа пред се се должи на застарениот цевковод, но одредени проблеми има и во новоизградениот систем.„Најголем проблем е со...

Продолжи со читање

Ѕид и порта

Се бараат сопствениците на имот чиј потпорен ѕид се урива во чаршијата

Post Views: 104 Опасност за жителите кои живеат на улицата „Аргир Маринчев“ во стариот дел на Охрид, но и за туристите кои шетаат во разглед на Стар град. До рубриката „Ти си твјот град“ неодамна жител на Месокастро се пожали и испрати фотографии од терен дека попушта потпорниот ѕид и земјата се таложи на скаличињата кои водат кон централниот дел на чаршијата.„Секој момент очекуваме дрвената врата да падне и целосно да го попречи движењето“. – пишува граѓанинот.Граѓанинот кој испрати фотографии и реагираше во рубриката „Ти си твојот град“, вели дека не е безбедно за минување...

Продолжи со читање

Паркинзи

Старт на годината со загуба кај повеќето јавни претпријатија

Post Views: 113 Четири од шестте јавни претпријатија во градов, во извештаите за работењето во првиот квартал од годинава пријавија загуба. Иако со зголемувањето на цените на услугите, кај некои од нив се чувствува подобрување на состојбата, сеуште се финансиски нестабилни, велат опозиционерите во градскиот совет. Кај ЈП Охридски Комуналец, Градски гробишта, Билјанини извори и Градски пазар, проблем се и големиот број нови вработувања. Не само на определено и неопределено време, туку посебно загрижуваат и т.н. вработувања за итни и неодложни работи, посочува координаторот на советничката...

Продолжи со читање

Седница на совет

Од планирано до реализирано

Post Views: 65 Локалната се пофали со успешна реализација на програмите и остварување на буџетот во првиот квартал од годинава. Заменик градоначалникот Перчо Божиновски истакна дека Општина Охрид заклучно со овој прв квартал, остварила приход од 27% од вкупно проектираните приходи, додека оставрувањето на приходите од основниот буџет се високи 27.34% од планираниот буџет. Или за 52 % повисока реализација во споредба со првиот квартал од минатата година.„Вака вкупно остварените приходи, како и процентот на остварување од вкупно проектираните приходи покажуваат дека реализацијата се...

Продолжи со читање

бродови

Бродарите бараат затворање на пристаништето ноќе

Post Views: 88 Бурни реакциии кај градските советници на денешното издание на седницата на Советот на Општина Охрид предизвика точката за давање согласност на одлуката за дополнување и изменување на одлуката за утврдување на цените за користење на спортски објекти и паркинг простори со кои стопанисува ЈП „Билјанини Извори“, а се однесува и на градското пристаниште. Во врска со барањето на бродарите за затварање на градското пристаниште во вечерните часови, Живка Анегелеска, советник и координатор на советничката група на СДСМ, предупреди да се внимава на законската регулатива, бидејќи...

Продолжи со читање

Слободан Пупиноски

Шест децении матура од учителската школа „Андон Дуков“

Post Views: 104 Многумина од оваа генерација, целиот свој живот го посветиле на образованието на младите генерации, другите во разни дејности и професии, но сите горди на едно големо искуство повеќе, со кое достоинствено влегуваат во осмата деценија од животот, вели Слободан Пупиноски, професор во пензија. Ова е генерација која во тие времиња, во далечната 63 та година, после дипломирањето веднаш се вклучила во процесот на образование, најчесто во селските училишта. Тешки биле почетоците во образованието на почетокот во седумдесеттите години, се сеќава Пупиноски. Неговите почетоци како...

Продолжи со читање

невладини

Саем на невладини организации во Охрид

Post Views: 72 Младите охриѓани денес добија ретка можност да се запознаат со програмите и можностите кои невладините организации од граѓанскиот сектор од регионов им ги нудат. Ова претставува убава можност, младите луѓе продуктивно да го поминат слободното време во летниот период.„Досега немаше ваков вид на настан, па одлучивме сите организации да ги собереме на едно место и секој да си ги промовира своите активности и можности за волонтирање, дали ќе е на една манифестација еднаш годишно, дали ќе е на повеќе настани, подолгорочно, за да ги привлечат младите, да се пријават и да...

Продолжи со читање