Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

Поради минирање прекин на сообраќајот на делницата Пресека – Песочан

Post Views: 131 Сообраќајот на патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – Песочан, денеска ќе биде во прекин меѓу 11:00 и 14:00 часот во времетраење од 15 до 20 минути. Како што информира АМСМ, прекинот на сообраќајот е поради изведување градежни работи на пат (минирање).

Продолжи со читање

Горивата поефтинија

Post Views: 141 Бензините се поевтини за еден денар, додека дизелот и екстра лесното масло за домаќинства за половина денар. Вака одлучи Регулаторната комисија за енергетика на вчерашната редовна седница.Според одлуката, новата цена на  ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 70,50 денари за литар, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 72,50 денари за литар.Литар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се продава за 53 денари, а екстра лесно масло за домаќинство за 41,50 денари.За 0,672 денари е намалена цената на мазутот М-1 НС од кој енергенс литар чини  25,691 денар.  

Продолжи со читање

7 000 полицајци за мирни избори

Post Views: 145 Околу 7000 полициски службеници ќе го одржуваат јавниот ред и мир на денот на изборите на 13 април информираат од Mинистерството за внатрешни работи.Министерската Гордана Јанкуловска вели дека оперативниот штаб е подготвен да одговори на парламентарните избори, а во досега спроведената кампања за претседателските избори учествувале 800 полицајци кои обезбедиле 67 митинзи и 33 средби со граѓани.{loadposition content9}

Продолжи со читање

Протест во Ј.П. „Нискоградба“

Post Views: 131 Вработените од Никсоградба на протест. Велат дека причината за протестот се провлекува подолг период, некаде од месец декември минатата година кога добиле само половина плата. Тогаш им биле исплатени 8000 денари кои ни оддалеку не им се доволни, а велат дека треба да платат кредити, сметки, а тука се и давачките за храна и друго. Исто така, вработените се жалат дека не им се платени ни придонесите за здравствено осигурување. Велат дека веќе се наоѓаат на работ на егзистенцијата.„Крај со крај? Ако се ставиш ти во моја положба сигурно ќе земеш и заем од некаде, а како...

Продолжи со читање

Два пожари за два дена

Post Views: 138 Поради човечко невнимание, два пожари за два дена. Денес околу 12 часот, приметен е пожар во близина на селото Влегошти, кај црквата Св. Илија. Командирот на противпожарната единица, Спасе Прентоски не информира дека пожарот навреме е ставен под контрола и дека нема опасност од ширење. Нивните екипи први стигнале на местото на пожарот, а потоа и екипи на Националниот парк Галичица и Шумско стопанство. Од охридската противпожарна единица, на терен се со две возила и осум пожарникари. Прентоски информира дека штетата дополнително ќе се утврдува.A во вчерашниот пожар...

Продолжи со читање

Охридското семејство Шахови

Post Views: 147 Кон крајот на осумнаесеттиот и почетокот на деветнаесеттиот век, Охрид е богат, развиен град. Во него твори интеленгенцијата, творат првенците кои го водат градот, но ова е и периодот кој го обележале миграциите на нашиот народ, претежно во Бугарија. Илинка Јанева раководител на Историскиот архив раскажува дека едно од семејствата, кои во овој период емигрирале, а со кое Охрид може да се гордее, е семејството Шахови. Охриѓанецот Коста Шахов, активно се занимавал со издавачка дејност и се борел за подобар живот на македонците во Бугарија.Коста Шахов е едниствениот Mакедонец...

Продолжи со читање

Пеликан во Охридското езеро

Post Views: 282 Доказ за чистите води на Охридското езеро е оваа фотографија и необичниот гостин кого години го немавме видено, пеликанот.Иако пеликанот во голем дел од Европа се среќаваше, но огромното загадување на водата го натера овој вид птица можеби неповратно да исчезне од овој дел на светот. Во нашата земја до неодамна, пеликаните по бројност што ја имаа, се среќаваа не само на Преспанско Езеро, туку и по мочуриштата низ Република Македонија, како и на Охридското и Дојранското Езеро. За разлика од кадроглавиот пеликан, кој гнезди кај нас, обичниот пеликан е птица која во...

Продолжи со читање

Прес конференција во два дела

Post Views: 128 О.К на Вмро-Дпмне поттикнат од вчерашната маратонска седница на Советот на оштина Охрид, повторно се обиде да добие одговор од мнозинството во Советот предводено од СДСМ заедно со  Градоначалникот Петрески, на како што велат, клучните прашања од интерес за граѓаните на Охрид. Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Паноски запраша како е можно околу 36 плус 35 милиони денари од Буџетот на Општината да се исплатат за ставки комунални услуги,греење,поправки и одржување, а не се одговори на тоа зошто бесцелно се троши буџетот кога улиците Питу Гули, Радојца...

Продолжи со читање

Во Македонија се одбележува „Месецот на хомеопатија“

Post Views: 167 Хомеопатската заедница во Македонија со повеќе активности утре ќе го одбелжи Месецот на хомеопатија.Во Хуманитарниот дом „Даре Џамбаз“ по тој повод ќе се одржи краток курс за прва помош со хомеопатија, презентација на компанијата Продис, презентации за хомеопатија во агрономија и слично. Ќе говорат сертифицирани хомеопати во Македонија.Во светот 10 април се празнува како Ден на хомеопатијата, по денот на раѓањето на таткото на хомеопатијата Цхристиан Фриедрицх Самуел Хахнеманн.Хомеопатијата постои над 200 години и често ја именуваат како медицина пред антибиотикот....

Продолжи со читање

Mаратонско издание на седницата на совет

Post Views: 129 Дискусија во недоглед. Иако најавувана како интересна, 45-та седница на Советот на општина Охрид запна пред да почне. Првата точка со која беше збогатен дневниот ред, а се однесуваше на Разгледување на влијанието на зголемувањето на цените на енергенсите врз работењето на образовните институции и Јавните претпријатија од градов, беше точката која предизвика дискусија од речиси два часа. Предлагачот на оваа точка, Градоначалникот Александар Петрески истакна дека проектираните цени на горивото со кои започна школската година иако многу пониски од овие нови цени, не можеле...

Продолжи со читање

Велигденски турнир мал фудбал 2012

Post Views: 308 „Велигденскиот турнир во мал фудбал“ од година во година полека но сигурно, прераснува во регионален. Организатор на неговото овогодинешно четврто издание е Јавното претпријатие „Биљанини извори“, а генерален покровител е Локалната самоуправа од Охрид. Директорот на ова претпријатие, Боро Шајн за оваа година најавува вистински спектакл.„Сакам да напоменам дека овој турнир сакаме да го подигнеме на уште повиско ниво, односно сакаме на овој охридски терен да организираме турнир кој ќе биде истовремено и спектакл. Да победи најдобриот, очекуваме да се појават екипи не...

Продолжи со читање

„Kepler 452b“, братот близнак на планетата земја

Post Views: 166 Астрономите открија планета за која што велат дека е „најблискиот близнак на Земјата“ кој е некогаш виден, но нејзините денови можеби се веќе избројани.Наречена е Кеплер-452б, и планетата е најмалиот откриен свет кој орбитира во погодна зона за живот на ѕвезда, пренесува DailyMail. Она што го прави овој свет извонреден е тоа дека орбитира околу своја ѕвезда на приближно исто растојание на кое Земјата орбитира околу Сонцето. Плус, нејзината матична ѕвезда се чини дека е слична на нашето Сонце. Впечаток на уметник на екстрасоларна планета Кеплер-452б, која НАСА вели...

Продолжи со читање