Автор: Голабовски Крсте
Post Views: 52 Проектот „Мобилно 3Д кино“ кој го реализира дистрибутерската куќа МЦФ МКД од Скопје, на охридските љубители на филмската уметност во април месец ќе им донесе три филмски остварувања. На 24-ти април 2016 година во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 17 часот ќе се прикажува 3Д филмот „Кунг Фу Панда“. Билетот за оваа проекција ќе чини 200 денари. Во 19 часот ќе се прикажува 3Д проекцијата на филмот „Детето на Злото“ за кој влезницата ќе чини 150 денари и во 21:15 часот ќе биде прикажана 3Д проекцијата на филмот „Дедпул“ за која влезниците чинат 200 денари.
Уште еден пад на цената на бензините
Post Views: 50Цените на бензините и дизелот од синоќа се намалија за 4,5 денари, односно за 4 денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 65,50 денари, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 67 денари. Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 56 денари за литар, а на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 44,50 денари.Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 3,354 денари за килограм и ќе изнесува 27,512 денари.Малопродажнате цена на горивата во просек е намалена за 7,57 проценти.Регулаторната комисија за енергетика ја утврди новата цена на горивата врз...
Утре ќе биде поставен камен темелник на спортската сала во с.Требеништа
Post Views: 53Утре 28.05.2014 год. со почеток во 11 часот во с.Требеништа ќе се постави камен темелник на повеќенаменската балон сала. На овој настан ќе присуствуваат пратениците Антонио Милошоски, Александар Николоски и Сашо Василески.Во 12 часот ќе се постави камен темелник во с.Ботун каде се врши реконструкција на водоводната мрежа и проширување на системот со две нови каптажи. Финансирањето на објектите е со средства на општина Дебарца.{loadposition content9}
Триумф на Лоренцо во Катар
Post Views: 53Актуелниот шампион во кралската класа на Мото ГП шампионатот Хорхе Лоренцо триумфираше на отворањето на сезоната, односно на трката за Големата награда на Катар.Лоренцо до победата возена под рефлектори на стазата „Лосаил“, до својата 45-та победа во кариерата стигна со време од 42:29.802 минути, пред деветкратниот светски шампион Валентино Роси.На тандемот од Јамаха, на подиумот им се придружи Марк Маркез на Репсол Хонда кој го освои третото место во своето деби во најсилната класа.Првата трка оваа сезона ја одбележа доминацијата на Лоренцо, од самиот почеток, па се до...
УСПЕХ НА ОСНОВЦИТЕ ФИЛМАЏИИ ОД „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ – ОХРИД
Post Views: 58 По претставувањето на филмот „Ана Франк“ на „Вечер на филмски аматери“ во Скопје, што се одржа во организација на Кинотека на Македонија, учениците од ОУ „Св. Климент Охридски“, под менторство на Никица Мишева, професор по македонски јазик, зедоа учество со уште два нови филма на училишниот фестивал на кратки филмови „Кинофест Алгоритам 2016“. Овој фестивал е во организација на Гимназијата „Алгоритам“ од Скопје во соработка со продукциската куќа „Наше маало“. Филмовите, насловени како „Еден ден од мојот живот“, на ученичките Наталија Стрезовска и Кристина Србиноска, беа...
„Адора Инженеринг“ Супербренд 2013/2104
Post Views: 74„Адора Инженеринг“ е еден од годинешните добитници на признанието Супербренд за 2013/2014 година на свечената церемонија која во присуство на голем број македонски супербрендови и гости се одржа во Скопје.Д-р Драгана Д. Чифлиганец, извршен директор на Адора Инженеринг, истакна дека по 12 годишното успешно работење, овој градежен супербренд и натаму ќе продолжи со изградба на докажано сигурни, висококвалитетни еко домови, грижејќи се за своите купувачи, клиенти и за пошироката заедница.За третиот избор на македонските супербрендови, пазарни марки кои ја добија меѓународната...
Ферари посакува триумф на патеката во Кина
Post Views: 46Стефано Доменикали, тимскиот шеф на Формула 1 екипата на Ферари, изјави дека Фернандо Алонсо не може да си дозволи да остане без поени и на Гранд При трката за Големата награда на Кина.„Јасно е дека патеката во Шангај е сосема поразлична од онаа во Малезија и мораме да подготвиме нови надградби за нашиот болид со цел да го извлечеме максимумот. Имаме пауза во која што мораме да ги доведеме во ред сите работи бидејќи не можеме да си дозволиме да загубиме поени и во Кина”, потенцирал Доменикали.„Треба да го разбереме вистинското ниво на перформансите на нашиот болид. Првичните...
Страотен терористички напад во Пакистан
Post Views: 47 Најмалку 69 лица ги загубија животите а повеќе од 200 се повредени во експлозијата во парк во источниот пакистански град Лахоре, потврдија официјални извори. Според полицијата, станува збор за самоубиствен бомбашки напад а детонацијата одекнала додека паркот бил преполн со семејства.Според некои шпекулации, цел на нападот биле христијански семејства кои го празнувале велигден. Новинската агенција Ројтерс пренесе дека најголемиот дел од загинатите и повредените се жени и деца. Сведоците пренесуваат дека по страотните детонации во паркот избувнал хаос и стампедо и голем...





