Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

Поднесени 1000 барања за оставрување на „Право на глувост“

Post Views: 151 Министерот за труд и спцијална политика Диме Спасов денеска оствари средба со раководството на Националниот Сојуз на глуви и наглуви на Македонија, на која разговараа за тековните и актуелни проекти што Министерството и Владата ги реалзираат во насока на подобрување на животот на овие лица.„На почетокот на јануари годинава беше воведено новото право на глувост, со парична помош во износ од 4.000 денари за сите потполно глуви лица и досега имаат поднесено барања околу 1000 граѓани, а ова право го имаат остварено околу 300 лица. Очекуваме во наредните месеци да се зголемува...

Продолжи со читање

Кога да бегате од љубовта?

Post Views: 189 Физиолошки, љубовта е неверојатно слична со болеста. Станува збор за серија на биохемијски реакции кои предизвикуваат каскада од емоции, со што го попречуваат нормалното функционирање на организмот.Тоа е убавиот момент. Но што кога ќе ви се скрши срцето?Епа навистина требаше да знаете, меѓутоа сега не можете ништо да направите во врска со тоа освен да си дадете време да преболите и да продолжите понатаму. За да не ви биде повторно скршено срцето, ви нудиме неколку причини зошто треба да избегнете да не ја правите истата грешка.1. Не се заљубувајте ако врската започнала...

Продолжи со читање

Стружани велат: Не е време за менување на имињата на улиците

Post Views: 139 Размислувањата на локалната од Струга за менување на називите на улиците плоштадите и мостовите, ја разбранува струшката јавност. Стружани генерално против. Како што велат, нив повеќе ги мачат комуналните проблеми со кои секојдневно се соочуваат.Велат дека на улиците во Струга повеќе им треба асфалт,атмосферска канализација,тротоари и решавање на хаосот.Во врска оваа идеја се огласија и политичките фактори од Струга. Перо Петкоски, претседателот на О.К на ВМРО-ДПМНЕ од Струга вели дека градоначалникот на Општина Струга нема право  да ги менува имињата на улиците по...

Продолжи со читање

Повеќе од 7000 полицајци за мирен изборен процес

Post Views: 152 Повеќе од 7 илјади полицајци дополнително ќе се обучуваат за да се справат со сите предизвици што можат да се појават за време на изборниот процес. Подготвен е и прирачник кој ги содржи најважните делови од новата законска регулатива и препораки како треба полицијата да делува во ситуации кога треба да се донесат одлуки на лице место.Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди, посебно внимание ќе му посвети на однесувањето на припадниците на МВР. За време на претседателската кампања и предвремените парламентарни избори ќе се вршат и ненајавени контроли...

Продолжи со читање

На мобилниот и на компјутерот не им е место во спалната соба

Post Views: 157 Додека некои тврдат дека ваквата опасност не постои, и дека станува збор за најобично заплашување на луѓето, други истакнуваат дека вистинските податоци се сокриваат и тешко е да се стигне до нив бидејќи повеќето истражувања за можното влијание на уредите врз здравјето ги финансираат мобилните уреди.Пет девојчиња од 9-то одделение од едно училиште во Данска изведоа навистина интересен експеримент кој не може да се смета за научна работа ниту пак доказ, меѓутоа сепак предизвика огромно внимание кај луѓето ширум светот, и го сфаќаат како сериозно предупредување.Фотографиите...

Продолжи со читање

Смена на раководните структури во О.О. на СДСМ од Струга

Post Views: 124 Струшкиот огранок на СДСМ пред две недели доживеа комплетна промена на својата раководна структура. Со одлука на делегатите на Конференцијата на ОО на СДСМ од Струга од 17-ти овој месец, од тројцата најсериозни кандидати кои беа во игра, односно Даме Ложанкоски, Борче Мижимакоски и Ристе Чушкоски, инаку сите активни партиски членови, претседателската функција ја доби Русте Ќушкоски. Тој истакна дека неговиот ангажман во целост ќе биде насочен кон подобрување на животот во Струга како и кон и решавање на наталожените комунални проблеми во овој Град.„ Рак рана е комуналниот...

Продолжи со читање

Подвижните аптеки ќе се достапни три пати месечно

Post Views: 141 Специјализирани возила два до три пати во месецот ќе им носат лекови на жителите во руралните средини каде живеат до 1 000 жители.Проектот е наменет за хронично болните но бенефит ќе имаат вкупно 266 илјади луѓе во 1400 населени места.Во соработка со руралниот доктор и руралните аптеки жителите ќе може да ги добиваат сите лекови по иста цена кои може да ги купат во секоја друга аптека.Министерството за здравство овој новитет ќе го спроведе за три до четири месеци до кога треба да заврши правната регулатива околу доделувањето на 24 лиценци на фармацевтски компании.Министерството...

Продолжи со читање

Во времето кога не знаевме за мобилна телефониjа

Post Views: 141 Александар Бел го измислил телефонот во 1875, но првата вистинска употреба на уредот била дури после три години. Веќе во 1887 година, телефонот станал дел од домаќинствата доколку судиме според фотографиите од улиците на Њујорк од тој период. Имено, улиците биле „покриени“ со мрежи од телефонски кабли. Очигледно, телефонот бил многу популарен.За жал, во 1888 година, една година подоцна, огромно невреме оставило висока прекривка од снег низ градот, притоа уништувајќи голем дел од каблите. Дури тогаш, властите се сетиле на подземното пренесување на телефонската врска...

Продолжи со читање

ДИК: Изборите ќе чинат повеќе од 8 милиони евра

Post Views: 132 Над 8 милиони евра ќе чинат претседателските и предвремените парламентарни избори покажале пресметките на Државната изборна комисија (ДИК) информира „Инфо+“ порталот.На денешната седница на ДИК, членовите едногласно го усвоија заедничкиот буџет за двата изборни циклуси кои ќе се oдржат на 13 и 27 април годинава. ДИК извештајот ќе го достави до Министерството за финансии кое ќе треба да одговори по барањето на Комисијата.„За предвремените парламентарни избори порeбни се 158 милиoни денари. Значи, вкупниот буџет за организирање на прeтседателски и предвремени парламентарни...

Продолжи со читање

Само смирено…

Post Views: 153   За да се спасите од срцев и мозочен удар, избегнете ја екстремната лутина. Тогаш шансите да ве „плесне“ мозочен со3-5 пати поголеми. Со лутина човек ризикува набрзо да му страда срцето, покажа истражување. Илјадници проблеми со срцето се предизвикуваат со излив на бес, а посебно на ризик се изложени луѓето со висок крвен притисок.Научниците од Харвард утешуваат дека психолошки третмани за смирување на луѓето може да бидат ефикасни за превенција од инфаркт, како и некои лекови.„Не е сосема јасно што го предизвикува инфарктот. Можеби постои врска помеѓу физиолошките...

Продолжи со читање

Проблематичен старт на учебната година во Струга

Post Views: 147 Долговите за транспорт, струја и огрев го доведоа во прашање успешниот почеток на учебната година во струшките училишта. Џеми Хајредини, раководителот на секторот за образование при општина Струга, вели дека станува збор за долгови од 2009 година до денес, долгови кои се акумулирале како резултат на драстичното намалување на наменските средства кои општините ги добиваат од страна на Министерството за образование.„ Им должиме на снабдувачите со нафта големи суми на пари и тие сега преку суд ни ги земаат од сметките на училиштата. Тоа значи дека на неколку основни училишта...

Продолжи со читање

И за „тупење“ со реклами преку телефон, треба согласност

Post Views: 209 Согласно  Законот за заштита на личните податоци, личните податоци можат да се обработуваат единствено доколку постои законска основа или согласност од субјектот на личните податоци.Исто така, во согласност со Законот за заштита на личните податоци, обработката на личните податоци за цели на директен маркетинг е дозволена само по претходно добиена согласност од субјектот на личните податоци. Во таа смисла, согласноста треба да биде дадена од страна на субјектот на личните податоци, односно треба да му биде дадена можност да избере дали ќе ја даде или не својата согласност...

Продолжи со читање