Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

Нов здив на Охридско лето

Post Views: 325 Филхармонија, најстариот и единствен симфониски оркестар во Р.С. Македонија е столб на македонската музичка сцена скоро осум децении. Нејзиниот постојан квалитативен раст, значи негување на широк репертоар од светската класична музичка литература како и светски премиери на дела од современи автори, оживувајќи ги со особена гордост и делата на македонските музички творци. Со подмладувањето на оркестарот во последнава декада особено, Филхармонија на РСМ внесува елан и работи со силен ентузијазам, а со тоа создава простор за зародиш на нови камерни ансамбли и формации,...

Продолжи со читање

Во Охрид, Базар на жени занаетчики

Post Views: 465 Триесет и пет жени занаетчики од Охрид, Битола и Скопје на главниот плоштад во Охрид денеска 15-ти јули со почеток од 20 часот ќе ги претстават своите дела пред туристите. Нивните ракотворби се инспирирани од македонските културни наследства од разни региони низ земјава.„Ги покануваме сите локалци и туристи кои се во Охрид од 20 часот присуствуваат на базарот каде ќе имаат можност да купат впечатливи парчиња накит од нашите креативки. Со овој Базар се надеваме дека ќе инспирираме млади жени кои ќе го препознаат креативниот потенцијал и ќе ги поттикнеме да...

Продолжи со читање

Вечерва хоризонтално обележување на улици

Post Views: 486 Поради хоризонтално обележување на централното градско подрачје на ден 14.07.2022 година од период 18:00 ч. до 05:00 ч. целосно ќе бидат затворени за сообраќај улиците:Димитар Влахов – потег од раскрсницата на оваа улица со ул. Кузман Јосифоски Питу до раскрсница на ул. Димитар Влахов со ул. Македонски Просветители; Партизанска – потег од раскрсницата на оваа улица со ул. Кузман Јосифоски Питу до раскрсница на ул. Партизанска со ул. Македонски Просветители ; Македонски Просветители – потег од раскрсницата на оваа улица со ул. Даме Груев до кружна крстосница...

Продолжи со читање

Трио Супниевски вечерва на Охридско лето

Post Views: 589 Вечерва љубителите на класичната музика и делата на Бетовен, Дохњани и Кодај, во 21 часот во црквата Св. Софија, ќе може да уживаат во изведбите на триото Супниевски.Триото „Супниевски“ основано во 2016 година го сочинуваат три сестри, Каролине Супниевски – виолончело, Магдалена Супниевски – виолина, Ана Супниевски – виолина, растени во семејство со полско потекло во кое музиката имала централно место.Свират заедно од многу рана возраст. Студирале со реномирани музичари како Франоа Салк на Францускиот конзерваториум, квартетите „Модиљани“ и „Диотима“,...

Продолжи со читање

Превенција и заштита од шумски пожари

Post Views: 367 Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“ и заштитеното подрачје Споменик на природата „Слатински Извор“ во месеците јули и август 2022 година, реализираат едукативна онлајн кампања на социјалните мрежи. Целта на кампањата, подигнување на свеста за превенција и заштита од шумските пожари.Во рамки на објавите на социјалните медиуми, јавноста ќе има можност да се запознае со факти за шумските пожари. Ќе се запознае со начините на превенција, како да се подготвиме за можна појава на шумски пожари. И како да реагираме во случај на шумски пожари. Активноста ќе се...

Продолжи со читање

Секс, лаги и Љубомора на Охридско лето

Post Views: 431 Вечерва во Центарот за култура „Григор прличев“, Народниот театар Охрид во рамки на фестивалот „Охридско лето“, премиерно ќе ја изведе претставата „Секс, лаги и Љубомора“, по текст на Марко Камолети, а во режија на Коле Ангеловски.Марк Камолети е голем мајстор на францускиот театар и на таканаречениот булевар на комедии во кој се разработуваат љубовните сплетки меѓу мажот и жената,неочекувани пресврти и карактерни улоги кои им даваат можност на актерите заедно да се забавуваат со публиката. Текстот е напишан во шеесеттите години од минатиот век , но повеќе од...

Продолжи со читање

Четири италијански тенори за старт на Охридско лето

Post Views: 465 Со концерт на четирите светски познати тенори од Италија, Алесандро Косентино Де Акриса, Федерико Сера, Џовани Мариjа Палмиjа и Уго Тарквини под диригентската палка на Лоренцо Бицари придружувани од Оркестарот на Националната опера и балет вечер на сцената на античкиот театар во Охрид стартува новото издание на фестивалот Охридско лето.Алесандро Ди Акриса дипломира оперско пеење со високи оценки на конзерваториумот во Козенца и дебитира во улогата на Ренато во оперетата „Грофот од Луксембург“ од Лехар во Театарот „Рендано“ во Козенца. Оттогаш настапува во повеќе...

Продолжи со читање

Повторно прскање против комарци

Post Views: 353 Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести (Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009, 149/2014, 150/2015 и 37/2016), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина како општа противепидемиска мерка Општина Охрид го издава следното соопштение:Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид дека на ден 11.07.2022 год. (понеделник) ќе се спроведе терестријална (од земја) дезинсекција против комарци. Запрашувањето ќе се...

Продолжи со читање

Нови наслови во охридската градска библиотека

Post Views: 397 Преку Јавна набавка а со средства од Министерството за култура Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ деновиве ја заврши првата набавка за годинава на нови наслови од реномирани македонски издавачки куќи.Интенција е на библиотеката со уште еден или два дополнителни повици во текот на оваа 2022 година да го збогати фондот со нови, актуелни книги и наслови од домашната и странска продукција во одделите за деца и возрасни.Еве ги првите пет книги кои се веќе на полиците за издавање:„Море на загубената љубов“ од Санта Монтефјоре и „ Лаги што...

Продолжи со читање

Пари за возобновување на Универзитетот на Плаошник

Post Views: 377 На последната седница, Владата, откако ја разгледа, ја усвои Информацијата за реализација на Проектот – Возобновување на Св. Климентовиот Универзитет на Плаошник. Информацијата е подготвена од Министерството за култура – Управа за заштита на културното наследство.Беше дадена согласност и мислење за оправданоста и продолжување на проектот.Исто така, беше задолжено Министерството за финансии да обезбеди средства во висина од 50.000.000,00 денари во Буџетот на Република Северна Македонија за 2023. Исто така да сеиздвојат и 22.700.000,00 денари во...

Продолжи со читање

Програма за подготовка на деца за во училиште

Post Views: 414 Црвен иот Крст од охрид најавува Програма за подготовка на деца за во училиште. Програмата е наменета за деца од 5 и 6 годишна возраст кои сѐ уште не тргнале на училиште, без разлика дали посетуваат или посетувале претшколска установа (градинка).Целта на програмата е да се поттикне радост кон учењето и стекнување на нови знаења. Детето со радост да го очекува поаѓањето во училиште, во прво одделение. Успехот на училиште не зависи само од тоа колку знаење детето ќе донесе со себе. Туку и од тоа колку ќе сака да стекне нови знаења.Програмата за подготовка...

Продолжи со читање

Летен саем на книгата на отворено

Post Views: 422 Од 11 до 22 јули секој работен ден од понеделник до петок од 9 наутро до 12.00 напладне, летен саем на книгата во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид .Книги од едицијата 130 тома Македонска книжевност за само 157 денари по примерок. Збогатете ја Вашата библиотека, купете книга за подарок – читајте на плажа! Посочете им ја на странците македонската книжевност во 130 тома преведена на англиски по 473 денари од примерок.Книги од едицијата Ѕвездите на светската книжевност по пристапни цени . На една од терасите на Библиотеката ве чека Летен саем на...

Продолжи со читање