Автор: Голабовски Крсте
Post Views: 273 Започнува постапката за додоелување концесија за изградба на 80-те мали хидроцентрали во Македонија.Заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, г-дин Владимир Пешевски и министерот за животна средина и просторно планирање, г-дин Абдилаќим Адеми денес ќе одржат прес конференција за спроведување на постапката за доделување на концесија за користење на вода за производство на електрична енергија од 80 мали хидроелектрични централи во Република Македонија.Прес конференцијата ќе се одржи во 11:00 часот, во просториите...
Како да препознаете дека очајнички ви треба одмор
Post Views: 260 Денес, во време кога сите живеат под стрес и во состојба на хронична исцрпеност, поголемиот дел од луѓето земаат здраво за готово тоа што се уморени.Иако после напорната работа одморот навистина е неопходен, често луѓето се занесуваат со обврски за тоа да го забележат. Еве некои сигнали кои укажуваат на тоа дека под итно ви е потребен одмор.– Вашиот колега добил отказ во најнезгодниот момент. Пред заминувањето ви вели дека делувате како да сте под стрес. Го знаете доволно добро за да можете да бидете сигурни дека е само искрен, а не и злобен.– Имате...
Детонаторот одекна и во Струга
Post Views: 226 Близу 40 покер и флипер апарати, маса за рулет и платформи за играње карти и „блек џек“, се пронајдени и одземени во синоќешната акција, која во рамките на акцијата „Детонатор„ беше спроведена во Струга, Велешта,Вевчани и Лабуништа. Акцијата беше реализирана во координација на полициските службеници со инспектори од Управата за јавни приходи во вкупно шест објекти, од каде беа пронајдени и одземени и рулет механизми, материјали за кладилници, 52 специменти-пластични жетони со парична вредност, 33 шпилови карти, 29 клучеви за покер апарати, 6 читачи за покер...
Од 16-ти февруари граѓаните ќе може да си проверат дали ги има во избирачкиот список
Post Views: 290 Во врска претстојните претседателски избори, граѓаните имаат рок од 20. дена за јавен увид во избирачкиот список, односно од 16-ти овој месец па се до 7-ми март.Кандидатите коишто сакаат да учествуваат во изборната трка за претседател на државата својата кандидатура треба да ја достават најдоцна до 13-ти март.Изборната кампања за избор на шеф на државата ќе започне на 24 март, а ќе заврши на 11 април. Независните кандидати кои сакаат да учествуваат во изборната трка ќе треба да соберат 10.000 потписи од граѓани или да имаат поддршка од 30 пратеници.Рокот за...
Босански професор предавал 70 предмети
Post Views: 296 Универзитетот во Брчко, Босна и Херцеговина, ја изгуби дозволата за работа откако било откриено дека еден професор предава 70 предмети, а друг 56. Оштетени се над 1.000 студенти. На Европскиот универзитет во Брчко изминатата недела му била забранета понатамошна работа поради неисполнување на условите за работа во високото образование. Медимите пренесуваат дека се оштетени над илјада студенти. Во текот на шестмесечниот управен надзор биле утврдени најтешки повреди на законот. Еден професор одржувал настава за 56 предмети, а друг на дури 70 наставни предмети. На...
Главен претрес за случајот „Пливалиште“
Post Views: 254 Одржан главниот претрес за повторениот судски процес за шанкот убиец, на струшкото Пливалиште. Пред судијата денес повторно свои изјави дадоа тројцата обвинети, Цвете Вранишкоски, Климе Миладиноски и Гоце Јанески. Вранишкоски остана на претходно дадената изјава, потенцирајќи дека тогаш сметал дека не е потребно да направи проверка на електричната инсталација на објектот, додавјаќи дека од оваа дистанца тоа било погрешно. Миладиноски пак, во својот исказ потенцира дека не бил сопственик или ортак на објектот и дека немал никаква врска со поставувањето на фенерите...
Македонците, шеснаесетта најпаметна нација во светот
Post Views: 280 Македонија е на 16-тото место на листата на најпаметни држави во светот според коефициентот на интелигенција. Листата изработена врз основа на десетгодишен труд на тим истражувачи составен од британскиот психолог Ричард Лин, финскиот политиколог Тату Вананен и холандскиот психолог Јелте Вичертс содржи анализирани податоци за интелигенцијата на жителите на 113 држави во светот.Според оваа ранг листа, просечниот коефициент на интелигенција во Македонија е 91, исто како и во Брунеи, Камбоџа, Кипар, Литванија, Сиера Леоне и Тајланд.Од регионот, најдобро рангирана е...
Време е за развод доколку…
Post Views: 223 Во секој брак има проблеми, но некои брачни парови работат на нив и ги решаваат, додека други оставаат работите да одат предалеку, поточно до точка од која повеќе нема враќање. Мечтаете за живот без брачниот партнерАко забележите дека често се „фаќате“ себеси како мечтаете за тоа како би изгледал животот без вашиот брачен партнер и како тој живот би бил позабавен и повеќе позитивен, тогаш голема е веројатноста дека на вашата љубов и` дошол крајот, велат брачните терапевти. Мечтаењето покажува дека сте спремни за ново поглавје од животот и сте свесни дека...
142 години од раѓањето на Гоце Делчев
Post Views: 216 Денес се одбележуваат 142 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев.Делегација на македонската Влада денеска, денеска по повод одбележување 142 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, ќе положи свежо цвеќе во црквата „Св.Спас“ во Скопје, каде се наоѓа вечното почивалиште на македонскиот револуционер. Владината делегација е составена од министерот за здравство Никола Тодоров, министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, министерот за култура, Елизабета Канческа Милевска и министерот за животна средина и просторно...
Зошто научниците испратија мравки во вселената?
Post Views: 223 Научниците сакаат да видат како мравките ќе се навикнат на околина речиси без гравитација. Една колонија мравки ја набљудува својата околина со испраќање мравки за да го истражат регионот. Повеќете мравки имаат слаб вид, па функционираат благодарејќи на сетилото за мирис. Мравките мора да бидат близу до нешто за да го откријат. Меѓусебно, мравките комуницираат со мирис и добирање на антените. Изминатите милиони години, овие инсекти развиле алгоритми за да дознаат колку мравки има во нивната околина итн. Откако ќе дознаат колку „пријатели“ има околу нив, тие се...
Струга заплеткана во пајакова мрежа
Post Views: 296 Под тежината на километри кабел од кабелските оператори, паѓаат столбовите за улично осветлување во Струга. Во близина на пливалиштето, кај кафе барот „Адмирал“ веќе две недели стои срушен еден ваков столб. Тажгур Сулејмани – соработник за јавно осветлување О.Струга, вети дека во најскоро време истиот ќе биде подигнат.„Тој столб досега требаше да биде подигнат од страна на приватна фирма „Сити Лајт“, но не знам зошто досега не е извршена таа услуга, па денес, најдоцна до утре и тој проблем ќе биде решен“, вели Сулејмани.Сулејмани кажа дека кабелските оператори од...
Се намалува животниот век на македонците
Post Views: 341 Животниот век во Македонија драстично се намалува. Само за пример во тетовско секојдневно се објавуваат некролози на починати лица, најчесто во третата или четвртата деценија од животот.Од градските православни гробишта тврдат дека е зголемена бројката на погреби но, загрижува податокот дека голем дел од нив, не ја надживеале нути средната доба од животот. Семејствата на упокоените помлади лица, велат дека смртта настапила ненадејно или по добиен мозочен удар или од проблеми со крвниот притисок.Од Центарот за јавно здравје Тетово, велат дека општите податоци...