Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

Јана Ивановска е милионитиот патник на скопскиот аеродром

Post Views: 7 „ТАВ Македонија”, компанијата која е дел од водечкиот аеродромски оператор, холдингот „ТАВ Аеродроми”, на 28 октомври, го пречека милионитиот патник на аеродромот „Александар Велики” во Скопје со церемонија за доделување на награда.Милионитиот патник се сретна со раководството на „ТАВ Македонија” и доби целосно платено викенд-патување за двајца во Истанбул. Генералниот директор на „ТАВ Македонија”, Зоран Крстевски, на свеченоста изјави:– „ТАВ Македонија” покажа одличен успех на скопскиот аеродром со 1 милион услужени патници...

Продолжи со читање

Федерер најави двомесечна пауза од тениските терени

Post Views: 4 По завршувањето на турнирот во Индијан Велс на 17 март, Роже Федерер ќе направи пауза од 2 месеци. Неговото враќање на тениските терени тој го најави за мај кога ќе се одржи турнирот во Мадрид.Вториот тенисер на светот како причина за паузата ја наведе потребата да му се посвети на семејството, но и подготовките кои ќе му помогнат да ја одржи формата на патот кон неговата 18-та Гренд слем титула.„Не можам да играм исто како и минатите години. Немам веќе 22 години кога можев да играм на 25-30 турнири годишно. Ѓоковиќ, Мареј и Надал се на врвот од нивните кариери, а...

Продолжи со читање

Поскапуваат горивата за 6%

Post Views: 6   Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите цени на горивата – и од вечерва ќе купуваме поскап бензин и дизел. Од вечерва ќе купуваме поскапи горива – така одлучи Регулаторната Комисија за Енергетика. Согласно методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените на горивата, од вечерва малопродажните цени се зголемуваат во просек за 6.02 проценти. Трансформирано во цени, тоа значи дека од вечерва на полноќ цените на бензините се зголемуваат за 3.00 денари, па еден литар ЕУРОСУПЕР-95 ќе чини 58.00 денари, а еден литар ЕУРОСУПЕР-98 ќе чини...

Продолжи со читање

Страшните тајни на малолетничкиот затвор во Велес

Post Views: 7 Надвор од контрола е она што се случува во малолетничкиот затвор во Велес алармира народниот правобранител. После двете силувања на малолетници во затворот, во велешката полиција е пријавен нов инциден, објавува „Телма“.Од таму детали не откриваат ниту за напаѓачот ниту за жртвата но велат дека е настанот е сличен на претходнитево кои деца силуваа деца. Според правобранителот ова ги преминува сите граници. Иџет Мемети вели, во двата претходни случаи се јавува ист силувач, а најстрашно е што стражарите воопшто не пријавиле. Повика владата да преземе нешто оти до сега...

Продолжи со читање

Уапсен кралот на местенките?

Post Views: 6 Медиумите во Италија јавуваат дека на аеродром е уапсено лице кое било осомничено за местење фудбалски натпревари на меѓународно ниво.Лицето било уапсено веднаш штом пристигнало од Сингапур, при што осомничениот доброволно им се предал на властите. Се работи за словенечкиот државјанин Адмир Сулиќ кој бил следен од Интерпол, а е осомничен дека е поврзан со организацијата за местење натпревари со седиште во Сингапур.Од Интерпол се сомневаат дека тој бил поврзан со групата за местење натпревари која е предводена од бизнисменот Тан Сит Енг.{loadposition content9}

Продолжи со читање

Почина програмерот кој ја измисли електронската пошта

Post Views: 8 Реј Томлисон, американски програмер заслужен за постоење на и-мејл комуникацијата, почина на 74-годишна возраст. Томлисон починал во саботата од последици на срцев удар. Во 1971 година американскиот компјутерски програмер ја измисли електронската пошта која може да се испраќа од една во друга мрежа. Неговиот изум вклучува и употреба на симболот @ во и-мејл адресите. Томлисон го испрати првиот и-мејл додека во Бостон работел како инженер во истражувачка компанија.

Продолжи со читање

Собранието на РМ го усвои буџетот за 2015

Post Views: 9 Буџетот за 2015 година чии приходи се проектирани на 163.280 милијарди, а расходите на 181.777 милијарди денари е усвоен на 18. седница на Собранието на Република Македонија.Буџетскиот дефицит е планиран на 3,5 проценти од БДП, растот на економијата е проектиран на 4 проценти, а инфлацијата до два проценти. За капитални инвестиции предвидени се 21.209 милијарди денари. Според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, со Буџетот ќе се поддржи стопанството и стандардот на граѓаните преку планираните средства за капитални инвестиции и преку зголемувањето на...

Продолжи со читање

Македонскиот млад кошаркар Довјакоски, наскоро во кампот на Џордан

Post Views: 12 Македонскиот кошаркарски талент, Оливер Двојаковски, добил покана да учествува во еден кампот на Мајкл Џордан, кој е еден од најпрестижните кампови за млади кошаркари во светот. Младинскиот репрезентативец на Македонија веќе две години настапува за Кахасол од Севиља.Европското издание на кампот на Џордан ќе се одржи во Барселона од 1. до 3. март. Покана за учество во кампот, според прецизна селекција добија 40 најталентирани европски кошаркари родени 1997 година. На „Џордан Бренд“ Европскиот Камп, во текот на трите дена, Оливер Двојаковски ќе има можност да работи...

Продолжи со читање