Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

Прва жичка за водичка…

Post Views: 144 Секој слушнал дека треба да се пијат осум стандардни чаши вода секој ден. Се чини дека ова не е целосно точно. Некои препорачуваат 13 чаши вода за просечен маж, а 9 чаши вода за просечна жена. Но, потребното количество вода кое треба да се конзумира зависи од околината во која се живее, тежината, па дури и животниот стил кој се води. 60% од целосната телесна тежина на човекот е вода и таа ги одржува во живот нашите органи. Бидејќи постојано губиме вода преку потењето, урината, па дури и преку дишењето, пиењето доволно вода е многу важно. Доколку дехидрирате ќе немате...

Продолжи со читање

Бесправно доградените и затворени тераси треба да се легализираат

Post Views: 259 Граѓаните што имаат бесправно доградени и затворени тераси може во општините да поднесат барања за нивна легализација за цена од евро за квадрат во наредните два месеца. Ќе се продолжи и рокот за доставување геодетски елаборати за утврдување фактичка состојба на бесправен објект до 15 септември 2015 година, пишува Дневник.Ова се некои од измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти, што ги предложи Министерството за транспорт и врски, а кои наскоро треба да бидат усвоени во СобраниетоНовиот член во законот предвидува дека може да се легализираат...

Продолжи со читање

Јапонците се нацијата која најздраво се храни

Post Views: 191 На листата на земји според достапноста, квалитетот и разновидноста на храната водат Холандија, Јапонија, Нов Зеланд и САД, покажа истражувањето на меѓународната организација за борба против сиромаштијата – OKSFAM.Меѓу земјите со најнизок рејтинг се Република Чад и низа други земји од Африка. Холандија, Франција и Швајцарија се лидери во “правилната исхрана”. Таму жителите јадат разновидна, корисна и евтина храна.Во таа смисла, тешко дека може да и се најде замерка на Европа. Првите 20 места од листата ги завземаат токму Европјаните, покрај Австралија....

Продолжи со читање

Пациентите сега ќе може да ги пријавуваат несканите дејства на лековите

Post Views: 182 И пациентите, а не само лекарите и фармацевтите, ќе може да пријавуваат несакани дејства од лековите, како што се главоболка, поспаност, исип, чешање и други, предвидуваат измените и дополнувањата на Законот за лековите и медицинските помагала. Несаканите дејства на лековите се 5-та причина по честота за предизвикување смрт при хоспитализација. Лекарите велат дека често имало пријави за несакани дејства од лековите и предупредуваат граѓаните да бидат внимателни кога треба да земат лек. На Институтот за фармакологија, каде што е и Центарот за несакани дејства, велат...

Продолжи со читање

Што може да се дознае од тоалетната хартија

Post Views: 144 САД, Бразил и Канада имаат успешни економии, во Мексико има голем наталитет, а во Јапонија – пензионери. Сите овие информации се добиени преку тоалетна хартија.Во различни етапи од животот, потребни ни се одредени хигиенски производи – со тек на време некои ги користиме повеќе, некои помалку:Прво пелени, па тоалетна хартија и влошки (за жените), па како што старееме и потешко го контролираме дигестивниот систем – пелени за возрасни.Според ова, има логика дека релативната популарност на овие производи би била индикатор за старосната демографија на...

Продолжи со читање

Колку квалитетна облека и обувки носат македонците?

Post Views: 162 Државниот пазарен инспекторат никогаш досега не го проверувал квалитетот на облеката и обувките што се увезуваат, а нема ни каде да ги нарача испитувањата, бидејќи двете лаборатории за текстил немаат потребна опрема.Никој во Македонија не може да им гарантира на граѓаните дека облеката и обувките што ги носат се безбедни за нивното здравје – дали содржат недозволени хемикалии, токсини, канцерогени состојки, тешки метали, пишува Вечер.Директорот на Државниот пазарен инспекторат Виктор Дерменџиев вели дека никогаш досега не направиле контрола од аспект на безбедноста...

Продолжи со читање

Како да преживеете нуклеарна експлозија

Post Views: 147 Во случај на нуклеарна беља, фино е да знаете неколку работи што може ќе ви спасат глава. Еден научник ги скоцкал во водич за преживување.Мајкл Дилан направил математички модел кој го смалува ризикот од радијацијата предизвикана од нуклеарен напад и го пресметал оптималното време за пронаоѓање на засолниште.Советот кој сите го знаеме, е дека идеалното засолниште е под земја, но постојат добри и лоши засолништа, а во вторава категорија спаѓаат зградите изградени од дрво или оние без подрум.Дилан има совет за сите оние кои би се нашле на 33 километри од центарот на експлозија...

Продолжи со читање

За безбедна хирургија, работа според протокол

Post Views: 255 Протокол за безбедна хирургија првпат се воведува во сите хируршки одделенија во јавните и во приватните здравствени установи во земјава во согласност со искуствата и практиките на СЗО.Протоколот е објавен во Службен весник и неговата примена е задолжителна за сите хируршки одделенија. Целта е воведување национални стандарди за безбедна хирургија, што значително ќе придонесе за минимизирање на ризикот за компликации и несакани настани што може да се превенираат при вршење хируршки интервенции.Ова вчера на прес-конференција го истакна министерот за здравство Никола...

Продолжи со читање

Зградата со најоткачена фасада на светот

Post Views: 153 Секој во Бранзвик, Германија има причина да биде воодушевен кога ќе ја погледне најлудата зграда некогаш изградена. Екстериерот на куќата е насликан во стил на графити со уникатна урбана конфигурација. Иако зградата не е во согласност со вообичаените стандарди, таа е еколошка, насекаде се изградени дрвја, а паркингот е исполнет со велосипеди. Денес оваа куќа е една од најпосетените туристички атракции. Среќната Рици куќа била именувана во чест на уметникот Џејмс Рици кој работел на куќата и ги создал невообичаените цртежи. Во зградата никој не живее, а порано била...

Продолжи со читање

Општинската комисија за сечење дрва издала решение да се исече исушеното дрво на градскиот плоштад

Post Views: 442 Исечен е повеќегодишен кедер на охридскиот Плоштад. Просторот остана без зеленило од уште едно дрво. Дел по дел беше исечено стеблото на зимзеленото дрво кое го разеленуваше овој дел од центарот, на местото познато меѓу охриѓани како „Кај Муренкана“. Кедарот ужива голема популарност како украсно дрво и е мошне застапен во хортикултурното уредување во поднебјата каде што зимската температура достигнува до −25°C.Исековме дрво кое минатата година се исушило, а за тоа имаме решение од надлежните за негово сечење – информираат од ЈП Охридски комуналец.Од...

Продолжи со читање

Донесени измените во Законот за медиуми

Post Views: 154 Собранието на Република Македонија во рамките на денешното продолжени на 82. седница со 55 гласови „за“ и осум „против“, како и 11 гласови „за“ и еден „против“ од пратениците од помалите етнички заедници го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за медиуми, по скратена постапка.Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски образложувајќи ги измените и дополнувањата рече дека тие се усогласени со еснафските здруженија на новинарите и со нив се изземаат интернет порталите од системските решенија.Појасни дека со измените се предвидува...

Продолжи со читање

Малта продолжува со продажба на пасошите

Post Views: 159 Малтешката Влада го отфрли апелот на Европскиот парламент да го спречи планот за продажба на пасоши на странците, кои со нивно купување автоматски би станале граѓани на Европската унија.Пратениците на Европарламентот усвоија резолуција, која нема задолжителен карактер, со која ја повикаа Малта да ја спречи најавената програма, оценувајќи дека со неа се уриваат концептите на европското граѓанство.Малтешкиот премиер Јозеф Мускат на прес-конференција изјави дека е запознат со ставот на ЕУ, но оти програмата ќе продолжи, како и дека првите барања за купување пасоши веќе...

Продолжи со читање