Автор: Голабовски Крсте
Post Views: 190 Офицерите и подофицерите на АРМ ќе добијат нови службени униформи, кои вчера беа презентирани во Домот на АРМ во Скопје. Во изработката на униформата во тегет боја учествувале повеќе модни дизајнери и стручни соработници, а изработувач на прототипот е АД „Тетекс“ – Тетово. Kомплетот службена униформа (панталони, кошули, палто, капут, шапка, вратоврска…), кој за мажи чини 16.265 денари, а за жените 18.125 денари, за целосно опремување ќе ја чини армијата 45 милиони денари. Kако што беше појаснето на презентацијата, униформата главно ќе биде изработена од...
Точак кој чини 80.000 евра
Post Views: 151 Бројни велосипедисти не сакаат да даваат премногу пари за да имаат што подобар миленик на две тркала кој ќе го возат по нерамните улици.Бројни велосипедисти не сакаат да даваат премногу пари за да имаат што подобар миленик на две тркала кој ќе го возат по нерамните улици. Меѓутоа, има и такви кои ќе дадат огромни суми на пари само за да го гледаат нивниот преубав велосипед. Еден таков, од компанијата “Aurumania”, чини повеќе од 80.000 евра. Овој велосипед е обложен со 24 каратно злато и најмалку 600 Swarovski кристали, па не е ни чудно зошто привлекува...
Од 2014-та К-15 и за вработените во приватниот сектор
Post Views: 166 Синдикалците и работодавачите договорија исплата на регрес за годишен одмор или популарно познат како K-15 за работниците во стопанството. Минималниот износ што работодавачите од наредната година ќе мораат да им го исплатат на над 300.000 работници од приватниот сектор ќе изнесува минимум 40 отсто од просечната плата исплатена во последните три месеци.Тоа би значело дека со просечна плата од околу 21.000 денари, минимумот што работодавачите би требало да го исплатат би изнесувал околу 8.400 денари или 137 евра.Сојузот на синдикатите на Македонија и Организацијата на...
За што се може да се употреби солта
Post Views: 158 Солта не служи само за зачинување на храната. Многумина го користат за да го зачинат оброкот, но има многу други начини на кои солта може да Ви помогне. Следуваат некои од нив:1. Ставете сол врз скршеното јајце на подот. По одреден период, едноставно исчистете го, без создавање дополнителен неред.2. Отстранете ги дамките од материјалот со потопување во вода со сол.3. Избркајте ги мравките од кујната или масата со сол.4. Чистењето риба е полесно откако рибата стоела во солена вода.5. Соларникот ќе ја испушта солта полесно доколку ставите малку ориз во него.6. Зелената...
Скопскиот аеродром сеуште затворен
Post Views: 160 Маглата и денеска е причина за намалена видливоста на повеќе патишта низ државата, како и за откажување и пренасочување на летовите од скопскиот аеродром.Продолжува откажувањето на предвидените полетувања и слетувања на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, а дел се пренасочени на аеродромите во Охрид и во Софија.Намалена видливост поради магла до 50 метри има во Скопје и Петровец, а до 100 метри во Куманово, Кула, Демир Капија и Сарамзалино, информира Автомотосојузот на Македонија.Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани и по претежно суви коловози....
На кои комплименти најмногу „паѓаат“ жените
Post Views: 231 Повеќе од 2.000 мажи и жени учествувале во ова истражување во кое е откриено дека на прво место се комплиментите, кои еден маж може да ги упати кон една жена, а на врвот на листата се наоѓа токму за убавата фигура.Дури 43% од жените се опседнати со својата тежина и се најсреќни кога околината ќе ја забележи нивната витка линија. Четири од десет жени се среќни кога мажите ќе им кажат дека имаат убава насмевка. Она што жените сакаат да го слушнат е и дека убаво мирисаат, дека имаат убава коса, прекрасни очи и дека убаво им стои одредена боја.На жените никогаш не смеете...
Во Македонија наскоро ќе се изведуваат кадаверични трансплантации
Post Views: 161 Во Македонија нема официјална бројка колку пациенти чекаат за трансплантација на бубрег. Од здружението за бубрежно болни граѓани, „Нефрон“ велат, пациентите од внатрешноста треба да доаѓаат до Скопје, само за земање крв. Доколку се овозможи таа услуга да ја имаат и во центрите за дијализа, не само што ќе им се олесни животот на бубрежно болните, туку и побрзо ќе бидат евидентирани пациентите кои чекаат за трансплантација на бубрег.Од Фондот за здравствено осигурување потврдуваат дека е тешко да се даде точна бројка, но проценуваат дека една третина од вкупниот број...
Пристигнува музејот на научна фантастика
Post Views: 181 Многу музеи биле домаќини на изложби инспирирани од научната фантастика, но вистинските фанови никогаш не добија научно-фантастичен музеј. Чекајте. Истиот пристигнува.Грег Виџиано сака да создаде научно-фантастичен музеј каков што сите сакаме. Тој е директор на музејот за научна фантастика кој ќе се отвори во Вашингтон во 2017 година. Музејот ќе биде неверојатен. Во него ќе бидат изложени многу ликови и направи од филмовите или романите кои припаѓаат на жанрот. Планирана е и изградба на копија со вистинска големина од временската машина на Х.Г.Велс.Не можете да чекате...
Четиринаесет државни функционери имаат постојано физичко обезбедување
Post Views: 243 Четиринаесет државни функционери имаат постојано физичко обезбедување, информираат во МВР, пишува Дневник.– Ги обезбедуваме тројцата претседатели – на државата, на Владата и на Собранието, двајцата вицепремиери, министрите за внатрешни, одбрана, правда и за финансии. Ги обезбедуваме сите личности од Уредбата – вели Дневник Иво Kотевски, помошник на министерот за внатрешни работи за односи со јавноста.Освен нив, МВР постојано ги обезбедува и министерот за надворешни работи, јавниот обвинител и претседателот на Уставниот суд. Обезбедување, според соодветниот закон,...
Запознајте го долгоушкото Ралф
Post Views: 155 Зајакот Ралф повторно може да се пофали со титулата на најголемото и најдебелото зајче на светот. Оваа титула е повторно во неговите шепи, откако ја изгуби во 2010 година. При последното мерење на тежината, четиригодишниот Ралф имал неверојатни 22.6 килограми. Неговата горда сопственичка Паулина Грант изјавила дека своето милениче одлучила да го подлежи на строга диета.Ралф дневно јаде ограничени количини на зелка, брокула, пченка, краставица, моркови, јаболка и леб. Во 2010 Ралф мораше да се задоволи со второто место откако Зајакот Дариј беше прогласен за најдебел...
Почина поранешниот член на „Нокаут“ Ацо Конга
Post Views: 242 Ацо Богдановски- Конга, познат музичар и поранешен член на групата “Нокаут”, почина по долга битка со тешката болест. Пред 3 месеци јавноста дозна за здравствените проблеми на Ацо Конга, кога беше иницирана хуманитарна акција од неговите колеги.На својот официјален Фејсбук профил, македонскиот пејач Јоцо Панов, инаку близок пријател на Ацо Конга, ја објави веста, додавајќи дека за жал, метастазите му се прошириле и на други делови од телото и затоа итно му е потребна терапија која чини 15.000 евра. По Јоцо Панов, голем број на други музичари, негови колеги...
Мажите убедливо се најнеподносливите пациенти
Post Views: 147 Една анкета спроведена врз 2.000 луѓе открила дека кога станува збор за „зимските“ болести, мажите многу пострашно ги доживуваат главоболките и настинките.79% од жените нормално ја прифаќаат болеста и почнуваат со лечење, додека мажите кенкаат, стенкаат и се жалат за што и да ги боли. Жените генерално се обидуваат да ги игнорираат настинките и треските, додека мажите мислат дека се на смртна постела и настинката ја доживуваат како апсолутна агонија, открива анкетата.Дури и кога не користат зборови за да се пожалат, мажите се погласни во „жалењето“ од болеста –...