Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

Се намалува бројот на заболени од жолтица

Post Views: 10 Минатата недела (од 22 до 28 септември) се регистрирани 14 новозаразени со жолтица од нив 8 се поврзани (блиски контакти во веќе заразени членови на семејство), додека 6 се епидемиолошки неповрзани, информираат од Центарот за јавно здравје Скопје. Најголем дел 8 од новозаболените се од Шуто Оризари и по еден од Чаир, Сарај, Гази Баба, Карпош, Центар и Бутел. Во однос на возраста, новозаболените лица се на возраст од 0-44 години.Од скопскиот Центар за јавно здравје констатираат дека има тенденција на благо намалување на бројот на новозаболени случаи на ниво на град...

Продолжи со читање

Камбек со победа на Рафа Надал

Post Views: 5 Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, кој поради повреда на коленото отсуствуваше од уште од 28.јуни минатата година, со победа се врати на тениските терени.Надал, во игра на двојки, заедно со Хуан Монако, на турнирот во чилеанскиот Вина дел Мар, забележа победа над чешката комбинација Франтишек Цермак и Лукаш Длухи со 6:3, 6:2.„Лекарите ми рекоа дека коленото ми е добро. Понекогаш ме боли, но сè е во ред. Големо е задоволството повторно да се биде на тениските терени“, изјавил Надал, освојувач на 11 грен слем титули.Првиот меч во сингл во Вина дел Мар, Надал ќе го одигра...

Продолжи со читање

Утре едукација за опасностите од брзо и неодговорно возење

Post Views: 6 Во Спортско рекреативен центар  „Билјаниниизвори“  на 24.02.2016 година  ( среда), од 12 часот и 30 минути до 13 часот и 30 минути, со поддршка на Општина Охрид, ќе се одржи настан од едукативен и забавен карактер,  под мотото „Шампионот обединува – насмевка, живот, едукација“. Промотор на настанот е познатиот возач и двократен европски шампион во ридско-брзински автомобилизам Игор Иџе Стефановски, најбрзиот човек во Европа, кој ќе говори за безбедноста во сообраќајот. Целта на оваа кампања која се реализира со поддршка на Агенцијата за млади и спорт и на...

Продолжи со читање

Здравствените книшки ќе заминат во историјата за околу една година

Post Views: 25 Дотогаш граѓаните ќе мора на секој преглед да ги носат со себе здравствените книшки оти без нив нема да можат да ги користат здравствените услуги, пишува „Нова Македонија“.Иако веќе беше најавено дека електронските здравствени картички ќе бидат замена за книшките, тоа сепак ќе се случи дури по околу една година, бидејќи целиот процес, според надлежните, е сложен. Скопјанецот А.Б., кога бил на лекар, мислел дека за преглед ќе му биде доволна само електронската здравствена картичка. – Бев во амбуланта со децата, бидејќи се настинати. Ги носев со себе...

Продолжи со читање

Стартува проектот „Образованието и полицијата против дрогата во заедницата“

Post Views: 5 Реализацијата на овој проект ќе започне пред професорите и психолошко-педагошките служби во средното училиште „Нико Нестор “, во Струга, а во наредниот период и пред учениците и нивните родители. Проектот потоа ќе биде презентиран и пред учениците во средното училиште „Ибраим Темо“.Станува збор за  проект кој  во изминативе две недели беше реализиран во средношколските центри во општина Охрид и истиот претставува продолжение на проектот „Дрога-вистина и заблуди“ спроведен во периодот од 2008 до 2012 година, пред околу 25000 ученици од основните и средните школи,...

Продолжи со читање

Хамилтон ја сака титулата на Фетел

Post Views: 6 Британскиот пилот во Формула 1, Луис Хамилтон, беше во центарот на вниманието на промоција на новиот болид на тимот на Мерцедес ГП. Тој ќе биде главен адут на германскиот тим во новата натпреварувачка сезона, а шампионот од 2008 година е убеден дека ја донел вистинската одлука кога решил да се пресели во Мерцедес. “Ова е почеток на ново поглавје за мене, нова авантура на која што гледам со огромен оптимизам. Ги запознав поголемиот дел од механичарите и ме радува што и тие се жедни за успеси исто како и јас самиот. Затоа сум оптимист и верувам дека овој проект ќе...

Продолжи со читање

Јоханес Хан:Суштината и квалитетот на изборите се поважни од датумот

Post Views: 11 Суштината и квалитетот на изборите се поважни од датумот, напиша еврокомесарот Јоханес Хан на својот Твитер профил, откако ЕУ и САД ја соопштија својата заедничка оценка дека нема услови за кредибилни избори на 24 април.Хан минатиот месец во писмено соопшение по одлуката на владејачката партија да има избори на 24 април година и по констатирањето на оставката на Груевски во Собранието, напиша дека повеќе би сакал консензуална одлука на сите партии, но дека сега од круцијална важност е сите политички и институционални актери во земјата да сторат сè што можат за да...

Продолжи со читање

Оглас на МТСП за промена на возни редови на одобрени линии во меѓуопштинскиот и меѓународниот линиски превоз на патници

Post Views: 8 Министерството за транспорт и врски утре (1 октомври 2014 година) ќе објави оглас за одобрување на возни редови за нови линии или промена на возни редови на одобрени линии во меѓуопштинскиот и меѓународниот линиски превоз на патници.Аплицирањето, обработката на податоците како и целокупната постапка за одобрување на возни редови за нови линии и за промена на возни редови за одобрени линии се врши преку електронски систем достапен на интернет страницата на Министерството за транспорт и врски www.liniskiprevoz.gov.mkПраво да учествуваат на огласот имаат сите...

Продолжи со читање