Автор: Голабовски Крсте
Post Views: 252 Светскиот ден на срцето се одбележува и слави секоја година на 29ти септември, а годинава, под мотото „Користи срце, знај повеќе за срцето“ со цел да се зголеми свеста за кардиоваскуларните болести и како да се контролираат, за да се отстрани и намали нивното влијание како водечка причина за смртност во светот. Срцевите заболувања се најчеста причина за смрт на светско ниво. Следењето на информации поврзани со навремената превенција и заштита од кардиоваскуларните болести се важни во запазување на здравјето. Многу млади луѓе не ги земаат сериозно кардиоваскуларните...
Прекрасна завршница на алтернативното лето на „Културолошка иницијатива 5 до12“
Post Views: 299 Викендов се одржа и последниот настан од 5тата јубилејна година на алтернативното културно-забавно лето „Културолошка иницијатива 5 до 12“. Една невообичаена староградска вечер на културата, на специјална локација на отворено Музејско-културен центар „Лапидариум“, го означи крајот на првиот јубилеј на оваа прекрасна манифестација. Младите и возрасните на едно место, пулсираа во ритамот на уметноста, музиката, забавата, на младите и надежни уметници, но и на реномираните медиуми на уметноста од градов во било која нејзина форма.Пресекот на творештвото на Ѓоко...
Владата ќе ги спроведува препораките од УНЕСКО, издаде задолженија до министерства, установи и општините
Post Views: 251 Владата на последната седница ја разгледа и ја усвои Информација за потребата од преземање на итни мерки за рехабилитација на светското природно и културно наследство на Охридскиот регион.Владините заклучоци се донесени по посочувањето од предлагачот, Министерството за култура, на препораките од реактивните мониторинг мисии на УНЕСКО, потенцирани од Комитетот за светско наследство при УНЕСКО. Задолжено е Министерство за животна средина и просторно планирање да донесе Одлука со којашто ќе ја задолжи ЈНУ Хидробиолошки завод Охрид да изработи приоритетна листа...
Охриѓанката Харитина Сакова е дел од тим кој конструира болид за Формула
Post Views: 652 Кога тим од амбициозни студенти, буквално од парчиња метал, малку електроника, по некој цилиндар и гума, ќе ви направат функционален болид за Формула, и ќе ве убедат дека треба да ги поддржите во нивните идеи, замисла, труд и реализација, тогаш треба како општество серизоно да се замислиме, како овие сериозни умови да ги задржиме дома.Во конкуренција од 600 универзитетитети, буквално од целиот свет и името на УКИМ во трка да биде еден од учесниците на глобалниот натпревар „Формула студент“. Охриѓанката Харитина Сакова, апсолвентка на Машински факултет,...
Прекини во снабдувањето со електрична енергија во охридско струшкиот регион
Post Views: 238 И денеска во Охрид и Струга прекини во напојувањето со електрична енергија. Вчера поради силното невреме во подрачјето на Струга и Охрид настанале дефекти на неколку трафостаници. Екипите на Електродистрибуција се на терен и работат на отстранување на истите, информираат од Електродистрибуција.
Корупцијата е во секоја пора од нашето општество
Post Views: 245 Корупцијата кај нас преставува системски проблем. Влезена е во сите пори од општеството. Од највисоката власт, до најниските слоеви, на оставрување на полтичика и економска моќ. Поткупот царува од најситните службеници, до водечки функционери, истакна денес Академик Владо Камбовски. Политичките паритии се изворите на корупцијата. Без една радикална реформа на правниот режим за политичките партии, кои мора да се подредат на владеењето на правото, нема позитивен развој.„Клучот е човечкиот фактор бидејќи ние имаме горе долу добра правна рамка за борба против корупцијата...
РКЕ станува надлежна и за отпадот
Post Views: 328 Регулаторната Комисија за Енергетика официјално веќе врши надзор на спроведувањето на Законот за енергетика, работењето на носителите на лиценци и примена на прописи за управување со комунален отпад. Тие исто така вршат увид кај давателите на водни услуги и кај давателите на услуги за управување со комунален отпад..Марко Бислимовски, директорот на РКЕ, од Охрид објасни, дека тие сега ќе ја определува цената за комунален отпад, но не очекува ценовни шокови.„Бараме од јавните комунални претпријатија да ја зголемат својата ефикасност во работењето. Во најголем...
Во недела хуманитарниот евент „За посреќно детство“
Post Views: 284 Еден од најголемите хумантирани настани во годината, хуманитарната акција „За посреќно детство“ оваа недела во Охрид. Овој настан кој е со широко општествено значење, ќе започне во 11 ч. со „главна трка“ на младите чиј старт ќе биде од плоштад „Чинар“, а цел на градскиот плоштад „Климент Охридски“, каде ќе продолжат спортските, културно забавни и здравствено-едукативни содржини проследени со голем број награди, информираше Сашо Точков – Претседател на О.О. „Црвен Крст Охрид“. Потенцира, дека во долгиот период во кој оваа хуманитарна акција се спроведува интересот...
Реактивната мисија на УНЕСКО, повторно доаѓа за неколку месеци
Post Views: 251 Престижниот статус го зачувавме но не чека целосна реализација на препораките и обврските од УНЕСКО. Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, на денешната прес конференција подвлече дека за да се зачува престижниот статус двете пријателски земји треба заеднички да се фокусираат во реализирање на препораките и обврските, бидејќи подеднакво ја споделуваат и одговорноста за Охридското Езеро. А воедно, споделувајќи ги и природните убавини на овој исклучително уникатен регион со богато културно и археолошко наследство.Многу од препораките и обврските ги...
Админситрацијата протестира, рочиштата се одлагаат
Post Views: 285 Протестите на судската администрација низ земјава кои траат, предизвикаа одлагање на судски рочишта. Таков случај беше и денешното одлагање на судискот процес за Кристијан Пендиков, кој предизвика и меѓународен интерес. Од администрацијата не отстапуваат, ќе се протестира од 09-11 часот.„Не, ние остануваме на спроведување на нашето барање. Нашиот протест трае од 9-11 часот и ние го спорведуваме тоа“, – дециден е Анѓелко Попески – претседател на синдикалната организација при УПОС.Меѓу барањата на синдикатот се и зголемување на платата за 78 проценти...
1.4 милиони денари за охридските првачиња
Post Views: 279 Втора година по ред општина Охрид преку програмата за основно образование успешно го реализира проектот „Нашите првачиња“, – напиша на својот фејсбук профил, Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.„На сметките на вкупно 467 родители/старатели на првачиња запишани во основните училишта во општина Охрид за учебната 2023/24 година, исплатен е вкупен износ од 1.401.000,00 денари надополнет со износот на даночните обврски“, – напиша Пецаков.
Се враќа носењето на маски во здравствените установи
Post Views: 338 После еден час дискусија, Комисијата за заштита од заразни болести реши, повторно да препорача, до Министерството за здравство и до министерот да се побара, задолжителното носење на маски во здравствените установи. Препораката не важи за јавниот превоз и домовите за стари лица. Препораката ќе биде неформална за носење маски во аптеките. На инфективната клиника во Скопје се хоспитализирани седум лица а, досегашниот број на заразени во минатите триесеттина дена е 112 лица. Сеуште нема доволно инфективен материјал за да се утврди дали станува збор за ЕРИС подваријантата...