Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

Пораст на морталитетот во Македонија

Post Views: 159 Според податоците на Државниот завод за статистика, во Македонија бројот на умрените лица е зголемен за 3,4 отсто во однос на претходната година и изнесува 20.134 умрени лица. Поголем број се од машки пол и тоа 10.523 или 52,3 отсто од вкупно умрените лица.Бројот на умрените доенчиња изнесува 230 и нивното учество во вкупниот број на умрени лица изнесува 1,1 отсто на 100 умрени лица.Просечната возраст кај умрените од машки пол изнесува 70,3 години, односно 74,4 години кај лицата од женски пол, или за 4,1 година повисока просечна возраст се бележи кај жените.Како и...

Продолжи со читање

Елизабета Втора се избори за повисока плата

Post Views: 163 Елизабета Втора за 2014-та ,која очигледно се очекува да ја истера до крај, ќе добие 5% поголема плата, и ќе изнесува колку платата на Коби, ЛеБрон и Тони Паркер заедно.Платата на Кралицата за следната година ќе изнесува 58 милиони долари, а покачувањето се должи на рекордниот профит од 386 милиони долари од имотот на кралското семејство. Според правилата воведени во 2010-та, кралицата има право на 15% од оваа добивка.“Добрата работа за нацијата е што профитот од имотот на кралското семејство прво се влева во државниот буџет. Потоа на Кралицата секоја година...

Продолжи со читање

Ценовникот на услуги на МПЦ, „солен“

Post Views: 1.365 Православните верници во земјава се изложени на најголеми трошоци кога станува збор за венчавка, погреб, крштевка или слава, наспроти поевтиниот ценовник на Исламската верска заедница и либералниот ценовник на Католичката црква во Македонија, пренесува „Инфо+“ порталот.Според ценовникот на Македонската православна црква, од 1.500 до 3.000 денари плаќа семејството на покојникот, ако на погребот пее еден поп. Цената двојно се зголемува, ако дојде уште еден поп. Свеќите се купуваат, бидејќи така требало велат од Скопската епархија. Две илјади и четиристотини денари...

Продолжи со читање

Донација на 20.000 вакцини Астра Зенека од Хрватска

Post Views: 196 Утрово во земјава пристигнаа 20.000 вакцини на „Астра Зенека“, донација од Република Хрватска. Вакцините веќе од следната недела ќе бидат дистрибуирани по вакциналните пунктови низ земјата.Ова е втора донација на вакцини „Астра Зенека“, од страна на хрватската Влада. На почетокот од месец јули донација од 10.000 вакцини, донесе министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман.Солидарноста и подадената пријателска рака во време на пандемијата е чин што целиот процес на борба против корона вирусот го прави поуспешен. Министерот...

Продолжи со читање

За времето кога Сахара била дом на цивилизациите

Post Views: 175 Сахара е најголемата пустина на Земјата. Животот таму сега е невозможен, но само пред неколку илјади години, таа била дом на рани човечки цивилизации.Денес, пустината е огромна и тешка за истражување. Повеќе храбри археолози кои патувале подлабоко во пустината во изминативе неколку стотици години откриле нешто неверојатно. Таму има огромни мурали со палеолитска уметност кои се стари најмалку 10.000 години. На муралите се гледа животот на луѓето од најстарите времиња, но и од бронзената ера и луѓе на коњи. Прашањето тука е: што се случило со овие луѓе? Каде заминале...

Продолжи со читање

Се намалуваат заштедите на граѓаните во банките

Post Views: 138 Во мај годинава, според извештајот на Народната банка на Мекедонија (НБРМ), висината на штедните влогови на граѓаните се пониски за 16 милиони евра.Во мај годинава, според извештајот на Народната банка на Мекедонија (НБРМ), висината на штедните влогови на граѓаните достигнала 2, 915 милијарди евра, што во однос на април е намалување за околу 2 милиони евра, а во однос на крајот на минатата година се пониски за 16 милиони евра.Централната банка меѓутоа констатира пораст на вкупните депозити во мај годинава. Тие достигнале износ од 3,948 милијарди евра што е зголемување...

Продолжи со читање

Локализиран пожарот во селото Лешани

Post Views: 149 Благодарение на брзата интервенција на месното население и Територијалната противпожарна единица од Охрид, Шумското стопанство „Галичица“ и општинска механизација, локализиран пожарот кој вчера избувна во селото Лешани, општина Дебрца. Шумскиот пожар се доближи и до црквата „Св. Атанасиј“, а најголем проблем за негово санирање биле ветерот и сувата вегетација кои допринесле за побрзо ширење на огнот.„Уште еднаш апелираме за крајна внимателност, напиша на својот Фесјбук профил градоначалникот на Дебрца Зоран Ногачески.

Продолжи со читање

Најопасното суштество на планетата

Post Views: 152 Не станува збор за ајкулата, ниту за змијата. Најопасното суштество во светот е маларискиот паразит кој го носат комарците. Низ целиот свет, овој паразит убил повеќе луѓе од сите војни и природни катастрофи. Маларијата ретко се наоѓа во развиените земји, но таа сè уште претставува страшен убиец во тропските региони. Секоја година, болеста предизвикува приближно 2,7 милиони смртни случаи низ целиот свет. Од овој број, речиси 75% се африкански деца. Паразитот кој ја предизвикува маларијата е наречен плазмодиум. Постојат 4 видови од овој паразит и секој од нив има свои...

Продолжи со читање

Македонките стануваат невести на 25 години

Post Views: 141 Дваесет и пет години за невестата и 28 години за младоженецот е просечната возраст за склучување прв брак во 2012 година, објави Државнит завод за статистика.Според овој извор во годината претходно вредностите бележат мали отстапувања односно 25.4 години за невестите и 28.3 младоженците. Во текот на 2012 година 1.727 девојки на возраст помеѓу 15-19 години се омажиле, што е за 199 помалку во споредба со годината претходно кога за брак на оваа возраст се одлучиле 1.929 девојки, отстапувања има и кај машките на оваа возраст лани нивниот број изнесувал 268, додека во 2011...

Продолжи со читање

Педесет години од појавата на аудио касетите

Post Views: 163 Иако првата била наменета за снимање со диктафон, музичката индустрија го препознала потенцијалот, а аудио касетите какви што ги познаваме денес, станале омилен медиум меѓу младите.Аудио касетите за прв пат се појавиле во 1963 година, а масовното производство започнало година дена подоцна во Хановер, Германија. Меѓутоа, претходно снимената касета (“Musicassettes” или “MC”) во Европа се појавила дури во 1965 година.Сепак, најголема популарност касетата доживеа во 80-те, со појавувањето на “hi-fi” системот и Walkeman-от на Sony, кој...

Продолжи со читање

Ќе се менува ли законот за пушење?

Post Views: 141 Либералната партија на Ивон Величковски со низа предлог измени на законот за пушење во затворени простории. Една од нив е и измена во делот на физичката поделба, односно половина од објектот да биде за пушачи, останатата половина за непушачи.Тој предлага и овозможување на пушењето во затворени простории доколку има вентилациски уреди.– За жал немаме намалување на бројот на лица со заболувања како последици од пушењето, второ очигледно е дека забраната влијаеше врз угостителските објекти, врз прометот, а знаеме дека угостителството е значаен дел од нашата економија....

Продолжи со читање

Машката менопауза

Post Views: 196 Мускулите почнуваат да ви атрофираат, кожата полека увиснува надолу, забележувате дека масното ткиво од ден на ден се повеќе се зголемува, а тукушто сте наполнале 40 години.Вашите најголеми стравови се остваруваат, бидејќи не сте можеле ни да замислите дека ќе дојде до така очигледни промени во оваа фаза од животот. Дури и наивно сте мислеле дека тоа никогаш нема на вас да ви се случи. Верувале или не, мажите исто како и жените во тие години полека навлегуваат во таканаречената фаза климактериум и симптомите од оваа состојба се исто така очигледни и кај нив.Машката...

Продолжи со читање