Автор: Голабовски Крсте
Post Views: 20 После вестите кои ги тревожеа граѓаните во изминатиов период за земјотресите и поплавите во регионов денес осамна уште една ударна вест за можна елементарна непогода. На сите медиуми во државава, а пред се на порталите, со најспектакуларни наслови се пишуваше дека се активирал вулканот Дувало во селото Косел во Охрид. Уште еднаш се потврди дека новинарството се сведе на создавање секакви сензации без претходно да се истражат работите и да се приберат вистинските информации. За коселскиот вулкан информираа дури и балканските медиуми кои објавија дека состојбата е...
Извршителите прво ќе предупредуваат, потоа ќе наплаќаат
Post Views: 4 Со новиот закон за извршување, кој е во собраниска процедура, се предлага извршителот, задолжително, пред да блокира сметка, писмено да го извести должникот и да побара од него во рок од три дена да го плати долгот, пишува „Вест“. Должникот треба да го извести извршителот дали е вработен или не, каква е неговата имотна состојба, висината на приходите од плата и други надоместоци. Ако должникот не одговори на предупредувањето, тогаш сметката ќе му биде блокирана.Се воведува и вонсудска наплата на долгови за струја, вода, парно, за телефон, кабелски оператори или...
„Филантропија преку зелени идеи“
Post Views: 9 ЦИРа, во соработка со Фондот на Браќата Рокфелер (Rockefellers Brothers Fund) од САД, и оваа година, распишува конкурс за избор на идеи/проекти за зелени претриемнички/бизнис идеи кои промовираат традиционална изработка на производи, поддршка на локални мали бизниси, кои користат ресурси од локалната заедница и кои потикнуваат иновативни идеи за развој на животната средина.Избраните три идеи од Македонија понатаму ќе се натпреваруваат на регионалниот форум каде можат да бидат селектирани за финасиска поддршка (10.00 долари) за нивна реалзиција. Крајниот рок за...
Охрид со нов театар во 2016-та?
Post Views: 7 На почетокот на 2016-та година, во месец јануари поточно, се очекува да се објави јавниот повик за идејно решение за изградба на театар во Охрид. Ова го истакна премиерот Никола Груевски, одговарајќи на новинарско прашање по промоцијата на нови дела од капиталните едиции „Антологија на светската поезија“, „Превод на антологија на македонската книжевност на шест странски јазици“ и „Македонски искушенија“.-Во текот на 2016 година ќе тече конкурсот за идејно решение, понатаму ќе има конкурс за проект и некаде крајот на 2016 ќе се направи тендер за изградба, за во...
100 милиони евра платиле македонците за бугарски пасоши
Post Views: 8 По реакцијата на ЕУ за издавањето на бугарски пасоши на граѓани надвор од Бугарија и најавата за ревизија на овие постапки на државната администрација на Бугарија, Стојко Стојков од ОМО Илинден, македонската партија кај нашиот источен сосед, вели дека процесот не е запрен.Според неговата проценка, досега Македонците платиле околу 100 милиони евра за бугарски пасоши.Во изјавата за радиото Канал 77 Стојков вели дека многумина од тие кои извадиле бугарски пасоши давале пари за мито.„Станува збор за навистина големи суми. Мојата проценка е дека македонските граѓани...
Филмскиот Фестивал за млади „Џифони“ во охрид
Post Views: 13 Денес во мала сала на општина Охрид ќе се одржи прес конференција по повод меѓународниот филмски фестивал за млади „Џифони“, кој ќе се одржи од 26 – 27.12.2015 во Охрид. На прес конференцијата ќе присуствуваат директорката на „Џифони Македонија“, Елена Величковска, претставник на општина Охрид, Институтот за Филмска уметност и претставник на Агенцијата за филм на Република Македонија.
Седум нови амбасадори во Македонија
Post Views: 11 Вкупно седум нови амбасадори во четврток и петок ќе стапат на должност во Македонија, по предавањето на акредитивните писма на претседателот Ѓорге Иванов, прво во неговиот втор мандат.Нови амбасадори во земјава испраќаат Полска, Велика Британија, Кина, Албанија, Финска, Латвија и Република Ирска. На местото на досегашниот британски амбасадор Кристофер Ивон, кој воедно беше и доајен на дипломатскиот кор во земјава, доаѓа Чарлс Едмонд Гарет, кој во британската дипломатија работи од 1987 година, а зад себе има искуство во британските претставништва во Хонг Конг,...
Британската кралица Елизабета пие македонски вина
Post Views: 9 Џенсис Робинсон на нејзината веб-страница посочува дека црвеното вино од бербата од 2011 година е идеален избор за божиќните празници.Британскиот вински гуру Џенсис Робинсон која воедно е и колумнист на реномираниот весник „Фајненшл тајмс“, на својот веб-сајт го издвои виното „Вранец“ на македонската винарија „Стоби“ како главна препорака за Божиќ. Експертката која е и советник за винската визба на кралицата Елизабета Втора посочува дека црвеното вино од бербата од 2011 година е врвен избор за празничната трпеза.– Некои неверојатно добри вина може да се...