Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

Balkan Hiking Adventure

Post Views: 4 Денес во Охрид ќе биде промовиран новиот туристички производ од областа на планинскиот туризам „Balkan Hiking Adventure“ (BHA).Туристичкиот производ „Balkan Hiking Adventure“ е креиран во текот на 2015 година со поддршка на Германското Друштво за меѓународна соработка – GIZ, преку Сојузното Министерство за меѓународна соработка и развој на Германија – БМЗ, со цел поттикнување на економскиот развој во пограничните области на Полошкиот, Југозападниот и Пелагонискиот регион.Се состои од 37 креирани и обележани планинарски патеки на Шар Планина, Бистра, Дешат,...

Продолжи со читање

Деветтото издание на „Баскерфест“ ќе заврши во Охрид

Post Views: 17 Деветтото издание на Фестивалот на улични артисти „Баскерфест 2014“ ќе се одржува низ цела Македонија, односно во 21 македонска општина.Официјалниот старт е во вторник (27. мај) на градскиот плоштад „Македонија” во Скопје, а програмата започнува во Гевгелија на 28. мај. Скопје ќе биде домаќин од 6. до 15. јуни, а целата турнеја ќе трае до 30. јуни со затворање во Охрид, Дојран и Битола.Улични престави ќе има и во Кочани на 30. и 31. мај, Велес на 6. и 7. јуни, Свети Николе 7. јуни, Чешиново-Облешево на 10. јуни, Кавадарци на 13. и 14. јуни, Радовиш 14....

Продолжи со читање

Македонија е зрела за национален авиопревозник

Post Views: 12 Политиката на државни субвенции за развој на авиосообраќајот дава резултати, но за да биде уште подобро треба да се формира национална авиокомпанија која ќе лета под национални ознаки , пишува „Дојче Веле“.Македонија е зрела за национален авиопревозник, но има ли капацитети за конечна реализација на овој “вечен проект“. Пет години откако беше приземјен и последниот авион кој леташе под македонско знаме, македонските аеродроми стануваат важна регионална крстосница преку која директно се лета кон повеќе метрополи. Визер, Туркиш ерлајнс, Кроација, Адрија, Ал...

Продолжи со читање

Денес попладне треба да се одржи нова лидерска средба

Post Views: 3 Груевски и Заев на иста маса со евроамбасадорот Аиво Орав, американскиот амбасадор Џес Бејли и олеснувачот во преговорите Питер Ванхауте ќе се обидат да му дадат надеж на пржинскиот договор во делот на експертите на ДИК и медиумската сфера.На средбата ќе бидат присутни и лидерите на ДУИ и ДПА.На маса пред лидерите ќе се најде комплетирањето на ДИК, избирачкиот список, терминот за оставката на премиерот, како и Законот за медиуми.

Продолжи со читање

Сајбер-просторот како место за ширење омраза

Post Views: 7 Околу стотина Македонци годинава поднеле претставки до Дирекцијата за заштита на личните податоци за нарушување на честа и угледот и за изнесување невистини од страна на таканаречените хејтери (мразачи) во сајбер-просторот, објави Нова Македонија.Освен оваа категорија граѓани, според надлежните, за само 12 месеци во македонскиот интернет-простор биле регистрирани над 25 илјади видеоклипови со ксенофобична или националистичка содржина. Со пребарување на зборот „тепачка“ и „ќотек“ се поставени повеќе од 300 видеоклипови, а исто толку клипови има и со содржина што...

Продолжи со читање

Ремек делото на Вим Вендерс на кино репертоарот во Охрид

Post Views: 6 Последното остварување на Вим Вендерс „Сѐ ќе биде во ред“, кој премиерно беше прикажан на Фестивалот на Европскиот филм „Синедејс“ вечерва ќе се прикажува во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид. Кино проекции ќе има утре и задутре (16-ти и 17-ти декември).Филмот внимателно и точно ја раскажува приказната за вината и потрагата по прошка, и за фактот дека не лечи времето, туку храброста да се соочиме со нештата и да простиме. Посебно самите себеси. Ова е приказна за еден писател, кој по кавгата со девојка му, бесцелно вози, и случајно ќе прегази дете и ќе...

Продолжи со читање

Скандал со нелегалните бугарски пасош-ќе се прави ревизија

Post Views: 17 „Државната агенција за Бугарите во странство го кршела законот, ќе ја затвораат!“Под овие наслови бугарските медиуми известуваат за скандалозните решенија на Државната агенција за Бугарите во странство, која во изминатите години издала илјадници пасоши на наводни Бугари, кои освен изјава дека се чувствуваат Бугари, со ниту еден документ не го докажувале бугарското потекло, пишува Сител.Информацијата ја објави Државното обвинителство, кое ги проверува издадените државјанства и тековните апликации за бугарски пасош од 2011 година.Притоа во медиумите се наведува дека...

Продолжи со читање

Крводарителска акција на ФТУ-Охрид

Post Views: 4 Црвен крст Охрид го заокружува ангажманот во крводарителството за оваа година, со организирање на редовна крводарителска акција на Фкултетот за туризам и угостителство во Охрид која ќе се реализира на 15.12.2015 г. (вторник) од 10-14 ч. во ФТУ. Од Црвениот крст од Охрид ги покануваат студентите на двата факултети во Охрид, но и сите хумани охриѓани кои сакаат да издвојат 5 минути за да даруваат крв и спасат човечки живот, да учествуваат на крводарителската акција.

Продолжи со читање