Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

Зголемен бројот на туристи и ноќевања во споредба со минатата година

Post Views: 10 Бројот на туристите во периодот јануари – јули 2021 година во однос на истиот период лани е зголемен за 56,6 отсто, кај домашните за 56,6, а кај странските за 56,6 проценти. Исто така зголемен е и бројот на ноќевањата за 46,4 отсто, кај домашните туристи за 36,4 и кај странските за 79 проценти.Според Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јули 2021 година изнесувал 136 291, од кој 66,4 отсто биле домашни, а 33,6 проценти странски. Бројот на ноќевањата, пак, достигнал 618 314 и од него, 83 отсто се од домашни, а 17 проценти од странски туристи.

Продолжи со читање

Тешка сообраќајна несреќа кај Лозово

Post Views: 6 Во тешката сообраќајна несреќа се случи утрово меѓу шинобус-воз и автобус во близина на бензинската „Мики петрол” на патот Штип-Велес, во близина на Лозово според непотврдени информации најмалку 30 лица се повредени од кои некои веќе се пренесени на скопските клиники. Според очевидци, глетката била страотна и според информации од теренот повредените патници се пренесувани на лекување во штипската и велешката болница.Силвана Мишева портпарол на Општа болница Велес изјави дека претпладнево во болницата со приватни автомобили и возила на Итната медицинска служба...

Продолжи со читање

Утврден текстот на предлог законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност

Post Views: 13 Владата го утврди текстот на Предлог-законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност со кој се уредува системот на контролата на сите извори на јонизирачко зрачење, како и заштитата на населението и околината од изложеност или потенцијална изложеност на јонизирачко зрачење.Со Законот се уредува и постапувањето со радиоактивен и нуклеарен материјал, како и спроведувањето на мерките за радијациона сигурност и нуклеарна безбедност.Во  предлог-законот се предвидува како оператор како оператор за складирање и безбедно управување со радиоактивен отпад...

Продолжи со читање

Граѓаните најмногу и веруваат на телевизијата

Post Views: 18 Во предворјето на најавените предвремени парламентарни избори, кои и власта и опозицијата ги сметаат за исторски и одлучувачки, се чини дека повторно партиите завземаат рововска позиција преку медиумите. Последното истражување на јавното мислење во Македонија, посветено на начинот и довербата на граѓаните за целосна имплементариција на договорот од Пржино, спроведено од страна на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), во однос на тоа како и од каде граѓаните се информираат за политичките случувања во земјава, покажа дека  Телевизијата останува медиумот од...

Продолжи со читање

Во кои бањи се „попарија“ пензионерите

Post Views: 11 Три бањи кои имаат склучено договор со Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) им наплаќале на осигурениците дополнителни средства за услугите, со што во 2013 година ги оштетиле за 11 милиони денари. ФЗОМ ги задолжи Катлановска бања и бањите Дебарски – Цапа и Цар Самоил – банско да им ги врати парите на граѓаните во рок од три месеца.При извршена контрола на бањите кои имаат склучено договор со ФЗОМ, во април годинава, биле констатирани фрапантни неправилности во три од четирите контролирани бањи, односно злоупотреба на средствата на...

Продолжи со читање

Интензивни активности на водоснабдителната мрежа во неколку села во Дебрца

Post Views: 11 Во село Издеглавје завршена е изградбата на резервоарот за водоснабдување. Вкупната вредност на проектот изнесува 5.072.301 денари, од кои 3.902.260,00 денари се обезбедени  преку проектот “Водоснабдување и одведување на отпадни води” , финансиран согласно Договорот за заем од Европската Инвестициона банка, ( овие средства на општина Дебрца и беа одобрени уште во 2012 година ), а 1.170.041,00 денари ќе се обезбедат од Буџетот на општина Дебрца.Завршена е изградбата на доводен цевковод за водоснабдување на селото Слатински Чифлик, единственото село во Дебрца кое...

Продолжи со читање

„Крвава“ рација во Париз

Post Views: 8 Француската специјална полиција која од изутрината во предградието Сен Дени е во акција по осомничени за нападите на 13 ноември во Париз кога загинаа 129 луѓе, а 350 беа повредени соопшти, како што јави новинската агенција Франс прес, дека загинале две лица, вклучувајќи и една жена која се самоубила со активирање бомба.Се наведува дека во еден стан во ова предградие се наоѓале неколку луѓе, меѓу кои и главниот организатор на терористичките напади во Париз Абделхамид Абауд од Белгија. Во меѓувреме, во Сен Дени, како што јавуваат новинските агенции, денеска биле...

Продолжи со читање

Потврдите за упис на децата во училиште, ќе се издаваат бесплатно

Post Views: 6 Министерството за здравство ги информира родителите дека потврдите за упис на децата во предучилишни и училишни установи може да ги обезбедат бесплатно во здравствениот дом на место на живеење.Потврдата за вакцинален статус ја издава службата за имунизација во здравствениот дом, а потврдата за забен статус ја издава службата за детска превентивна стоматологија.при здравствениот дом.Овие потврди се бесплатни и ги издава исклучиво докторот кој врши вакцинација во службите за имунизација, односно службата за превентивна стоматологија и тие не треба да се издаваат од...

Продолжи со читање