Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

Се намалаува бројот на невработените лица во Охрид

Post Views: 6 Драстично се намалува бројот на невработените лица во општина Охрид, информираат од Центарот за вработување. Така  заклучно со месец јули 2012 година, бројот на невработени лица според нивната евиденција изнесува точно 8078 лица. Само за споредба пред пет години бројот на невработените лица изнесувал над 12 000. Според Јован Баткоски, директорот на Центарот, причините за ваквиот тренд се воведувањето на електронскиот систем на евиденција, потоа измените од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, со кои статусот за невработеност не е услов за...

Продолжи со читање

„Вечера за глупаци“ повторно пред охриѓани

Post Views: 13 Во четврток и петок во Центарот за култура „Григор Прличев“, охриѓани повторно ќе имаат можност да ја проследат театарската претстава „Вечера за глупаци“ во изведба на актерите од Народниот театар Охрид.Претставата е работена според текст на познатиот француски филмски режисер, сценарист и драматург Францис Вебер, а е во режија на Ирена Стеријовска.Во претставата играат Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Горан Стојаноски, Јасмина Билаловиќ, Филип Кипровски, Елизабета Стефановска и Павел Маслов. За сценографијата се погрижи Стефан Спировски, а за костимите Ана...

Продолжи со читање

Помош за охридската итна помош

Post Views: 15 Граѓаните реагираат дека повеќето од возилата се стари и дотраени и дека итно е потребна нивна замена. Ваквата состојба ја потврдуваат  и од охридската итна помош. Информираат дека веќе побарале четири возила од Министерството за здравство.Многу често се слуша звукот на сирената на амбулантните возила низ градов, посебно во овој период од годината кога градот врие од туристи и кога летните горештини си го прават своето. Во ситуација кога моментите живот значат, помошта која пациентот ја добива во амбулантното возило може да биде од пресудно значење. Но каква е...

Продолжи со читање

Следната неделa ќе бидат објавени прашањата од екстерното тестирање

Post Views: 22 Mинистерството за образование и наука следната недела јавно ќе ги објави прашањата што ќе бидат на екстерното тестирање.На посебна веб страница ќе бидат ставени вкупно 415.000 прашања на македонски, албански, турски и на српски јазик од 5.700 предмети. Екстерното тестирање оваа година ќе се спроведе од 2 до 10 јуни и ќе бидат опфатени вкупно 183.511 ученици од 678 основни и средни училишта. Во вкупната бројка на ученици влегуваат сите од 4-то одделение во основно училиште до 3-та година во средно образование”, соопшти министерството за образование и наука. Со...

Продолжи со читање

Наскоро уписите на факултетите за идните студенти

Post Views: 6 Започнуваат уписите за идните студенти во академската 2012/2013 година.  Веќе четврта година  како Универзитетот за Информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ од Охрид, единствениот специјализиран универзитет за изучување на информатичките науки, подготвен да ги прими студентите на своите пет факултети. Триста слободни мести има на факултетите за изучување на Безбедност на компјутерски мрежи, Компјутерско системско инжинерство, Мултимедија и визуелизација, Машинска интелегенција и роботика, како и најновата студиска програма Дигитална и бизнис...

Продолжи со читање

Јубилејна дваесетта тортијада

Post Views: 5   Женскиот Центар „Бисера“  ја организира Дваесетата Тортијадата по ред. Манифестацијата ке се одржи на 14.11.2015 Сабота со почеток во 20 часот, во хотел Фламинго.И оваа година тортијадата е со натпреварувачки карактер, а учество ке земат слаткарници од Охрид како и жени аматерки.Сите заинтересирани кои сакаат за учествуваат со своја торта да се пријават најдоцна до 9 Ноември во просториите на Женски Центар Бисера или на тел.075/320-737.

Продолжи со читање

Бертањоли и Де Жан вечер на „Охридско лето“

Post Views: 11 Празник за љубителите на соло пеењeто. Вечерва на програмата на 52-то издание на фестивалот „Охридско лето“ концерт на светски познатиот сопран Џема Бертањоли. Придружувана од еден од најинтересните камерни музичари на денешницата, пијанистот Франческо Де Жан, во просторот на Св. Софија, Бертањоли ќе се обиде да ги задоволи вкусовите и на најпребирливата публика. За прв пат во Охрид, таа импресионирана од она што го  видела досега во целиот град.„Овој фестивал е полн со познати имиња и реномирани настани и многу сум среќна што сум дел од тоа“ вели Бертањоли.Џема...

Продолжи со читање

Македонија на 122-ро место на ранг листата за слобода на медиумите

Post Views: 8 Во најновиот извештај на организацијата „Фридом хаус“, Македонија бележи натамошен пад на ранг-листата за слободата на медиумите. Негативен тренд се бележи во целиот свет. Македонија годинава се најде на 122. место на листата на „Фридом хаус“ за слободата на медиумите со статус на делумно слободна земја, што е и пад за две места во однос на минатогодишниот извештај. Од поширокиот регион, единствено Турција е зад Македонија и е означена како неслободна земја, додека сите останати земји се рангирани повисоко.Од вкупно 197 земји на листата, Македонија го дели 122....

Продолжи со читање