Автор: Голабовски Крсте
Post Views: 4 Значително намалени средствата од Буџетот за реализација на проекти од областа на културата. И Националната установа Завод за заштита на спомениците и музеј од Охрид ќе има на располагање значително помалку средства оваа година, нешто повеќе од 3.5 милиони денари само за реализација на проектите од национален интерес во културата од областа на заштитата на недвижното културно наследство за 2023 година. Од проектите на националните установи во областа на визуелните уметности архитектурата и дизајнот, 60.000 денари се издвоени за реализација на проектот Антологија...
Наскоро, Неразбраната цивилизација
Post Views: 5 Глобализацијата, идентитетот, сервилноста се само дел од темите кои ќе бидат обработени во најновата претстава на Народниот театар од Охрид. Станува збор за адаптација на пиесата „Неразбраната цивилизација“ на бугарскиот автор Добри Војников, стара повеќе од век и половина, но сеуште свежа и актуелна според темите кои ги третира.„Самата пиеса кореспондира со денешното време, затоа што станува збор за глобализацијата која не опфаќа сите нас. За Европата која влијае на нас, како политички, така социјално, социолошки, културолошки и како ние го губиме малку...
Скапоцениот поглед кон езеро
Post Views: 14 Продолжува изградбата на објектот на улицата Христо Узунов, во стариот дел од градот, а со тоа и главоболките на соседите. Тие денес повторно излегоа на мирен протест, гневни на институциите кои ја дозволиле изградбата на објектот. Мирче Ристески жител на стариот дел од градот вели дека со изградбата на вакви високи и габаритни објекти, се губи каскадниот изглед на теренот во овој дел од градот, а се губи и погледот кон езерото за оние кои се позади објектите.„Во самиот Закон за старото градско јадро на Охрид стои дека габаритите на урбаните објекти не...
Во ФТУ замириса на топло лепче
Post Views: 12 Која е тајната на квалитетниот и здрав домашен леб? Денес на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, студентите од различни години и студиски насоки имаа можност да се запознаат со тајните на изработка на неколку видови леб. Професионалниот изработувач на различни видови тесто, Весна Миленкоска ја одржа работилницата за изработка на леб од кисело тесто, интегрален безглутенски, протеински леб за спортисти и нутритивно збогатен леб.„Тајната е да нема никакви додатоци. Секој додаток, прави плус проблем. Дали е квасецот дали се адитивите, прават...
Барал оштета, ќе ги плати судските трошоци
Post Views: 10 Илија Џепароски ја тужел Нискоградба затоа што паднал во шахта на ул Јане Сандански и го загубил спорот. Тој вели дека во септември 2020 година враќајќи се во својот дом со левата нога пропаднал во шахта за одвод на отпадни води при што се здобил со сериозни повреди.„Пред година дена во разминување со луѓе пред Рамстор продавницата паднав во отворена шахта. Се здобив со повреди 6 месеци во болници со лонгети и случајот го дадов на суд. Прво се обидоа од Нискоградба да се договориме за тоа што ми се случи, јас не прифатив и ги дадов на суд“, – вели...
Напиши стих – напиј се кафе
Post Views: 8 Пиење кафе и поезија во охридската градска библитека, „Григор Прличев“, по повод Светскиот ден на поезијата 21-ви март. Авторите и голем број граѓани кои ја сакаат поезијатаденес имаа можност да напишат сопствен стих или да цитираат стихови од познати автори, светски писатели. Одблизу можеа да се запознаат и со работењето на градската библиотека. Директорот на установата, Милчо Јованоски вели целта на настанот е пред се дружењето низ кое до израз доаѓа и креативноста изрзена низ убавата мисла.„Напиши стих, напиј се кафе“, е една веќе традиционална...
Од утре нови цени на оризот и јајцата
Post Views: 6 Од утре нови цени на оризот и јајцата. Владата на утрешната седница треба да ги замрзне маржите на оризот и јајцата на цени од почетокот на овој месец, кажа на денешната прес конференцвија министерот за економија Крешник Бектеши.„Во делот на шеќерот и брашното, согласно сите податоци според информациите од Царинската управа, во делот на увозните цени, имаме намалување и трендот на намалување ќе продолжи. Затоа таму нема да преземеме никакви мерки затоа што очекуваме во наредниве денови очекуваме цените сами да паѓаат согласно податоците кои ги имаме.“„Во...
Изложена виолината на Садило
Post Views: 25 Музичкиот инструмент на најпознатиот охридски чалгаџија од крајот на 19 и почетокот на 20 век, вилоината на Климе Садило, е изложена во Музеј Куќата на Робевци. Сега посетителите покрај тоа што ќе можат да го видат експонатот, имаат можност и да ја слушаат музика од тајфата на „Садиловци“.Климе Садило има огромна заслуга во популаризацијата на охридската староградска песна од 19 век . Тој исто така со својата тајфа дал огромен придонес охридската староградска песна да се пренесува од генерација на генерација и да опстои се до денес. Од огромно значење е...