Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

Светското наследство во рацете на младите

Post Views: 9 Никола Јакимовски и Емилија Богданоска, се само дел од тимот средношколци од ОСУ „Ванчо Питоешки“ кои учествуваа во реализацијата на проектот на УНЕСКО, „Светското наследство во рацете на младите“. Велат, знаењата кои ги стекнаа при изработката на овој проект, а во врска со локалитетот СВ. Наум, за нив се од непроценливо значење. Сега тие, се еден чекор поблиску до вокацијата туристички водич.„Добивме со истражувањата такви информации, важни за нас и за презентација пред туристите, посебно за работи кои се малку познати на македонската па и на светската јавност. Ова...

Продолжи со читање

Актуел – дневно политичка емисја

Post Views: 20 Дневно политичка емисија во која гостуваат еминентни личности од политичкиот живот во Охрид и државата.Авторот и водител Крсте Голабовски со објективен пристап се обидува да загребе под површинта на најжешките теми од општествениот и политичкиот живот.И уште повеќе, во оваа емисија имате можност и вие почитувани гледачи да земете учество во во разговорите  за најактуелните теми.

Продолжи со читање

Привршува реконструкцијата на старата училишна зграда во село Брежани

Post Views: 13 Реконструкцијата на старата училишна зграда во с. Брежани, Општина Дебрца се ближи кон својот крај. Од локалната информираат дека преостанува уште хортикултурното уредување, кое поради сезонскиот карактер оставено е за реализација во текот на месец април.Со реализацијата на овој проект, Општина Дебрца добива современ планинарски дом, со капацитет од 20 легла. Активностите се реализираат во рамки на проектот „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам“, финансиран од Европската Унија и Министерство за локална самоуправа, преку програмата за...

Продолжи со читање

Каде оди македонското огревно дрво?

Post Views: 11 Државата го сече и продава. Шумите ги снемува, полицијата апси дрвокрадци, а се зборува за бизнис од вртоглави десетици милиони евра, пишува „Телма“.Но, на „далечниот исток“ од земјата, како што вели дедо Арсе од село Добрево никој не видел ниту пак може да купи огревно дрво. 30 години минал во окната на пробиштипските рудници сега заработува со секирата. Ги сече туѓите дрва, но не и неговите.Заради оваа куќа и 8-те месеци помалку стаж за него нема ниту пенезија, ниту социјално, а ниту дрва кои државата ги нуди како социјална мерка. Додека дедо Арсе прибира што...

Продолжи со читање

Одбележување на Светскиот ден на хемофилијата

Post Views: 6 Националното здружение на граѓани со Хемофилија –„Хемолог“ како и секоја одина така и оваа ќе го прослави Светскиот ден на Хемофилија  на 17ти Април.Ова ќе биде 16та прослава на Светскиот ден во Македонија организирана од „Хемолог“ во соработка со Светската федерација за хемофилија, Европскиот Конзорциум за Хемофилија и НВО Млади за Љубов. Секоја година прославта се одржува во различна општина со цел едукација и прифаќање на лицата со Хемофилија . Овогодинешната прослава ќе се одрижи во Кичево под мотото “Зборувај гласно, направи промена“.Со симболично пуштање на...

Продолжи со читање

Повторно хаос со урбаната опрема, велат од ДПМНЕ

Post Views: 7 вогодинешната програма за поставување на урбана опрема, парче харитја со хаотично исцртани квадратчиња, обвини советничката Јованка Дамоска Секулоска. Таа додава дека прогамата треба да ги одразува специфичните културни и природни карактеристики на Охрид како туристичка дестинација. Од ОК на ВМРО – ДПМНЕ и со обвинувања, дека ни годинава не ЛС не инвестирала ни денар во типизирани штандови за продажба на производи.„Со право можеме да го псотавиме прашањето, дали локалната самоуправа е таа која ја наплаќа таксата за поставена опрема или таксата оди вово други...

Продолжи со читање

Како до бараната информација?

Post Views: 9 Македонија е на високото 14-то место во Европа според слободниот пристап до информации од јавен карактер. Законот постои од 2006-та, но некои навики, тешко умираат.Многу ретко барателите на информации било да се физички или правни лица па дури и медиумите, не го користат правото кое им го овозможува Законот за слободен пристап до информации од Јавен карактер, вели Цветан Станоески од Комисијата за слободен пристап до информации од јавен карактер.„Секогаш се користат некои други канали, се знаеме ке кренеме телефон, ќе ја добијам информацијата или ако не ја добијам...

Продолжи со читање

Катастрофално невреме го покоси југот на Франција

Post Views: 11 Најмалку 13 лица загинаа во поплавите предизвикани од силното невреме што вчера го погоди Азурниот Брег во јужна Франција, западно од Кан.Невремето, проследено со пороен дожд, предизвикало нагло зголемување на нивото на реките, од кои поголемиот дел се излеале од своите корита поплавувајќи ги околните реони и создавајќи неколку свлечишта.Надојдените води однеле повеќе возила во морето, а поради поплавите десетина возови заглавиле на железничките станици или пругите.

Продолжи со читање