Автор: Голабовски Крсте
Post Views: 404 Неколкучасовен прекин во водоснабдувањето на корисниците на улиците „Петар Поп Арсов”, „Ирена Мирка Гинова” и дел од село Велгошти информираат од ЈП Водовод Охрид.Поради настанати два одделни дефекти на водоводната мрежа, денес од 9 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците на наведените улици и дел од село Велгошти, додаваат.Воедно продолжуваат активности за санирање на дефекти од страна на ЈП.
Инсталирани автоматски станици во Дебарското Езеро
Post Views: 302 Подводна акција за инсталирање на нови автоматски станици за рано предупредување во Дебарското Езеро.Подновувањето на хидролошката мрежа со автоматски станици, во кое помогнаа нуркачите од клубот „Врело“, значи добивање навремени информации за хидролошката стостојба во сливот на Дрим кои се од клучно значење за создавање функционален систем за рано предупредување од ризици од поплави.Опремата е инсталирана во координација со Електростопанство (ЕСМ), Управата за хидрометеролошки работи UHMR и УНДП во рамките на регионалниот проект за климатски отпорно...
Да се живее поинаку
Post Views: 444 Снежана Џамбазова Попорданоска e доктор по медицина, психолошки советник и доктор на психолошки науки и писател. Taa деновиве е во Охрид каде ја промовира својата најнова книга „Да се живее поинаку – Патување кон самореализацијата“. Станува збор за дело кое е еден неопходен животен прирачник кој ќе им помогне на луѓето да се спознаат себе си. Да го пронајдат значењето на животот, објаснува Попорданоска.„Ова е дело кое што е наменето за сите. Бидејќи наша исконска потреба е да се спознаеме себе си затоа сме и овде нели? Меѓутоа, колку порано се тргне...
Започна мониторингот на црквите во Охридскиот регион
Post Views: 187 Дебарско-кичевската епархија изобилува со православно културно наследство Стручниот тим од ИКОМОС Македонија започна со мониторингот на црквите во Охридскиот регион. Теренските активности треба да ја покажат состојбата на црквите и манастирите во Охридскиот регион.Развојот на црковниот живот по должината на брегот на Охридското Езеро, со својата верска архитектура, фрески и икони, сведочи за исклучителната вредност на овој религиозен и културен центар.Мониторингот ќе биде спроведен од пет теренски тимови, составени од искусни професионалци од различни...
Поетот Валерио Орлиќ на турнеја низ регионов
Post Views: 222 Валерио Орлиќ , хрватски поет роден во Ријека, деновиве во Охрид ја промовира неговата најнова збирка поезија “Љубов распослана по морето”. Вљубеник во убавината и животот, вистински верник во поезијата и добар познавач на балканската книжевна сцена. Неговите размислувања за поезијата се отсликуваат и во неговите стихови преведени на дваесетина јазици во светот. После пауза од две години поради пандемијата, време е уметноста повторно да го заземе своето место во светот, ќе каже Орлиќ.За Охрид вели дека е град кој со својата убавина никого не остава рамнодушен.„Јас...
Натпревар на најдобри студентски компании
Post Views: 219 Junior Achievement Macedonia петта година по ред организира Национален натпревар на најдобри студентски компании, натпревар на кој средношколците од земјава ги презентираат пред жирито и публиката производите и услугите што ги имаат развиено во нивната студентска компанија.На натпреварот, кој ќе се одржи од 26 до 28 мај во Струга, ќе учествуваат 20 компании од ученици од 13 средни училишта од Берово, Битола, Виница, Велес, Гостивар, Прилеп, Кочани и Скопје.Националниот натпревар за најдобри студентски компании е тридневен настан на кој средношколците од земјата,...
Мобилен тим за помош на стари лица
Post Views: 190 На територијата на Општина Охрид активен е мобилен тим на Црвен крст Охрид за поддршка и помош на стари лица на возраст над 65 години.Мобилниот тим на Црвен крст Охрид, еднаш неделно ќе врши набавка на прехрамбени производи, средства за хигиена, лекови и сл. и ќе ги доставува набавените производи до домовите на граѓаните кои побарале асистенција. Граѓаните со сопствени средства ќе го надоместуваат трошокот за набавените производи, а услугата на тимот за набавка и достава на производите е бесплатна.Услугите на мобилниот тим ќе бидат достапни секоја среда...
Меѓународен археолошки симпозиум во Охрид
Post Views: 194 Во катедралната црква Св. Софија во Охрид свечено беше отворена меѓународната археолошка конференција „The Mechanism of Power“.Настанот е од светски карактер, на него ќе учествуваат 50 археолози од Централна Европа и ќе трае до 29 мај.Конференцијата е во организација на Институтот OREA од Виена- Австрија, Институтот за праисториска и рано средновековна археологија и археологија на римските провинции и институтот „Лудвиг Максимилијан“ од Минхен Германија, Институтот за класична археологија на универзитетот Чарлс во Прага и НУ „Археолошки музеј“на Македонија. Случувањето...
Со видео надзор против депониите во Вевчани
Post Views: 236 Деновиве започна чистење на уште една депонија во Општина Вевчани.Спасе Кочовски градоначалникот на општина Вевчани на својот фејсбук профил информира дека депонијата која била наменета да биде – депонија за цврст отпад, за жал таа се користела и како депонија за секаков отпад.Кочовски додаде дека нејзиното постојано чистење општината ја чини многу финансиски средства. Тоа се пари на сите нас граѓаните.Упати апел повеќе да не се користи оваа локација за транспортирање на отпад, тоа е веќе строго забрането. Исто така со цел заштита на просторот ќе...
Фестивал на ракија во Винскиот музеј
Post Views: 246 Директорт на АППТ, д-р Љупчо Јаневски на покана на здружението Ж’та беше дел од фестивалот на ракија, кој за првпат се одржува во дворот на Винскиот музеј.„Винскиот туризам е значаен сегмент од развојот на туристичката понуда и АППТ ќе продолжи активно да го промовира, зошто истиот генерира раст на локалната економија” – изјави директорот Јаневски.На фестивалот се претставуваат производители од Тиквешко, како најголем лозаровинарски регион, но и од други места. Од Винскиот музеј велат дека ќе продолжат да ги поддржуваат настаните посветени...
Какви тајни крие локалитетот Врбник?
Post Views: 264 Меѓународен тим археолози ќе го истражува подвoдниот локалитет Врбник. Првата фаза од истражувањата лани потврдија дека наколната населба датира од раното железно време. Палео ботаничката анализа ќе го отслика начинот на животот на населението и нивната исхрана. Археолози од Швајцарија, Германија и Полска ќе истражуваат еден месец почнувајќи на 5 јуни годинава.„Остатоци на семиња кои се останати во културолошките слоеви тие одредуваат со што се се храни населението во тој период. Така да ќе имаме можност да видиме како се живеело и луѓето како се хранеле”,...
Одбележан Денот на Сесловенските просветители
Post Views: 189 Одбележан Денот на Македонските и Сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј. Во Домот на култура „Св.Кирил и Методиј“ во Кошишта утрово се одржа Панихида и свеченост во чест на светителите. Потоа на градскиот кеј, пред споменикот на големите дејци, претставници на образовните и културните установи од градот, како и делегација на Општина Охрид положија свежо цвеќе пред монументалниот споменик.„Прво сакам да го честитам денешниот празник 24 мај, Денот на македонските просветители, Св. Кирил и Методиј.Токму кога станува збор за овој празник ние...