Автор: Голабовски Крсте
Post Views: 7 Првиот круг од претседателските избори е в недела (13 април 2014 година). Четворица кандидати претендираат за претседателската фотеља, Ѓорѓе Иванов, кандидат за претседател на ВМРО ДПМНЕ, Стево Пендаровски, кандидат подржан од СДСМ, Зоран Поповски, кандидат на ГРОМ и Илијаз Халими, кандидат за претседател на ДПА. По 20 дена кампања зад нас, неколку анкети, сега на потег се граѓаните, во недела од 07 до 19 часот сите се рамноправни, зад параванот каде никој не гледа, самостојно граѓаните на Македонија ќе можат да го дадат својот глас за оној кои изминативе три...
Автобусите се паркираат без исаф
Post Views: 7 Закони и сообраќаен режим имаме, локација имаме, но автобусите со туристи речиси секој викенд можеме да ги сретнеме паркирани на неколку улици низ центарот на Охрид. Нивните несовесни возачи навистина храбро го тестираат прагот на толеранција на СВР Охрид.Од СВР Охрид информираат дека имаат одредено ниво на толеранција кога патниците се превезуваат со автобусите до сместувачките објекти во централното градско подрачје, но потенцираат дека за паркирани автобуси на места кои не се предвидени за тоа, важат истите сообраќајни правила, а за нивно непочитување и истите...
Кој ќе стопанисува со рибите од Охридското езеро
Post Views: 6 ТВМ Телевизија неофицијално дознава дека само една фирма од Охрид, била понудувач на јавниот конкурс за давање на концесија за вршење стопански риболов на рибите од риболовното подрачје на Охридското езеро. Имено станува збор за фирмата „Пастрмка 2012“. После отварањето на понудите и завршувањето на електорнската аукција сега на потег е Комисијата за доделување на концесии за најповолните понуди која се очекува да достави предлог до владата на РМ, која пак треба да ја донесе конечната одлука кој ќе биде концесионер на езерото. Инаку идниот концесионер требa да...
На денешен ден Атина Бојаџи го преплива Ла Манш
Post Views: 60 На денешен ден во далечната 1969 година охриѓанката Атина Бојаџи го преплива каналот Ла Манш. Охриѓанката која успеа да се соочи со неверојатниот предизвик запишувајќи се како една од првите жени во светот кои успеале да го препливаат „страшниот канал“. Атина, патеката долга 50 километри од каналот Ла Манш ја преплива со време од 13 часа и 20 минути. Претходно уште со 18 години стана светски шампион во маратонско пливање во солени води, откако триумфираше во 1962 година на патеката Капри – Наполи. И денеска го држи рекордот на најмлад шампион на Охридскиот...
Промоција на најновиот видео запис на Четкар, „Time Goes By“
Post Views: 9 Владимир Василески – Четкар наскоро ќе го промовира видео записот за песната „Time Goes By“, нумера која се наоѓа на неговиот втор студиски албум „Heavenly“. Видео спотот е сниман на некои од најинтересните локации на Менхетен, Њујорк и како што кажа Четкар, станува збор за своевидна мини приказна за тоа колку се околу нас е приоменливо. Инаку видо записот е во режија на Боби Дојчиновски.Нумерата „Time Goes By“ е комплетно авторско дело на Четкар и е снимана со жива гудачка, дувачка и ритам секција во њујоршкото студио „Dubway Studios“.
Г-ѓа Министерка повторно пред охриѓани
Post Views: 10 Aнсамбл од млади актери од Охридската гимназија, неодамна ја изведoа претставата „Г- ѓа Министерка“, работена според текст на познатиот српски комедиограф, сатиричар и критичар, Бранислав Нушиќ. Под менторство на својата професорка по Македонски јазик, Светлана Голабоска, тие пред охридската публика донесоа едно свое видување на ова безвременско литературно дело. Марија Баткоска, која го толкува главниот лик, на Госпоѓата Министерка вели дека патот до главната улога не бил лесен.„Не беше едноставно бидејќи конкуренцијата беше навистина голема, и мислам дека го...
Македонија атрактивна турстичка дестинација
Post Views: 8 Се поголем број Холанѓани, Белгијци, Германци, Британци, како и туристи од Србија, Турција, Албанија и Бугарија се одлучуваат да ја посетат Македонија и да се запознаат со природните богатства со кои располага. Со растот на инвестициите во туризмот, а со тоа и добивање на поатрактивна туристичка слика, очекувањата се дека приливите од туризмот и во иднина ќе се зголемуваат – минатата година во буџетот биле инкасирани над 200 милиони евра.– Туризмот е двигател на социо-економски развој. Има пораст на девизни приливи, има подобрување на платниот биланс, креирање...
Повеќе да го цениме богатството што го имаме
Post Views: 8 Македонија е една од ретките земји во кои има услови за занимавање со традиционално земјоделство и сточарство. Движењето на е екологистите на Македонија преку патувачка изложба низ целата држава, го претставува проектот со кој ќе се промовираат овие видови на стопански дејности.Низ четирите пилот региони во Македонија, Река, Мариово, Лакавица и Раткова скала кај Пробиштип, кој веќе и е заштитен како споменик на природата, експерти од областа на ботаниката и сточарството вршеа испитувања и идентификуваа семејства кои ги практикуваа земјоделството и сточарството со...