Автор: Голабовски Крсте
Post Views: 7 За прв пат во Македонија и Охрид меѓународен отворен Taekwon-Do ITF турнир „Охрид ОПЕН 2012“. Турнирот оваа година ќе го доживее своето прво издание, а се одржува по највисоки светски стандарди. Исто така овој турнир ќе биде дел од светскиот годишен календар на Интернациналната Taekwon-Do Федерација. Ова е особен успех за македонската Taekwon-Do Федерација, а целта е само една, објаснува Саша Попоски првиот човек на федерацијата.„Работиме, да дојдат квалитетни натпреварувачи, затоа што во интерес ни е теквондото во Македонија да го издигнеме на едно високо ниво“...
Старт на „Македонски блесок“
Post Views: 11 Денес, 7 април 2014 година, во Центарот за поддршка на обуката (ЦПО) „Пепелиште“ започна теренската вежба „Македонски Блесок-10“. На чинот на свеченото отварање присуствуваа Заменикот на командантот на Здружената Оперативна Команда бригаден генерал Мухамет Рацај и командантот на 1.механизирана пешадиска бригада, бригаден генерал Павле Арсоски. На отварањето обраќајќи се пред учесниците на вежбата бригадниот генерал Мухамет Рацај истакна дека претстојната вежба претставува одлична можност за изведување на колективна обука на единиците како форма за усвојување на...
Во Охрид слабо се користи сончевата енергија
Post Views: 10 Сончевата енергија и покрај својата неспорна исплатливост, во Охрид слабо се користи. Благоја Тодоровски, приватен станоиздавач од Охрид е еден од ретките во градов, кој го почуствувал бенефитот од користењето на овој алтернативен извор на енергија. Тој објаснува дека проблемот со топла вода во секое време, сега го нема, а трошоците за енергија се намалиле дури за 80%. Инвестицијата од околу 1000 евра на Тодоровски брзо му се вратила.„Па мислам дека за 2-3 години оваа инвестиција се враќа. За нашиве потреби за овие соби кои ги имам за издавање мислам дека е сосем...
Новото чудо на Airbus
Post Views: 5 Компанијата „Ербас“ почна со реализација на еден од најзначајните проекти во областа на авионскиот сообраќај. Оваа компанија патентираше модел на авион кој ќе патува со голема брзина. Патувањето од Европа до САД би можело да трае најмногу еден час. Колку за пример, сега летот од Лондон до Њујорк трае седум часа.Авионот ќе има турбоџет мотори, но и своевидни ракетни погони кои ќе му овозможат голема брзина.Патентот доби одобрение од надлежните служби на САД, четири години откако Ербас ја предаде документацијата.Се очекува новиот авион да патува со двојно поголема...
Државниот секретар во Министерството за одбрана Стефаноски, на работна средба во седиштето на НАТО
Post Views: 7 Денес, во Брисел се одржаа редовните ПАРП мултилатерални консултации помеѓу Политичко-партнерскиот комитет на НАТО и Република Македонија на кои присуствуваше и државниот секретар во Министерството за одбрана г-дин м-р Сашо Стефаноски. На состанокот предмет на разгледување беше новиот пакет Партнерски цели 2014 и анализа на постигнатиот напредок во развојот на системот за одбрана на Република Македонија. „Република Македонија континуирано е посветена на долгорочниот придонес во регионалната и Евроатлантската безбедност. Нашата земја дава исклучително висок придонес...
Милион денари за охридската библиотека
Post Views: 5 Повеќе од милион денари средства за Охридската библиотека „Григор Прличев“. Министерството за култура на РМ рече „да“ за буквално сите проекти со кои оваа национална установа аплицираше минатата година. Најголем дел од одобрените средства ќе одат за збогатување на нејзиниот книжен фонд. Директорката на оваа установа, Александра Белеска истакна дека рокот за реализација на проектите е крајот на оваа година. „Ние како установа, сме должни до 01 јануари 2013 година да поднесеме детален извештај во министерство за изработените проекти. Министерството пак, го задржува...
Што бидна со Конгресниот центар?
Post Views: 7 Што е со ветувањето за изградба на Конгресен центар? Прашуваат од О.К на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид. Горан Патчев, претседателот на Комисијата за урбанизам од оваа партија, потсети на ветувањето на градоначалникот Александар Петрески од пред повеќе од три години, дека на просторот каде се наоѓаше спортскиот полигон многу скоро ќе започне да се гради Конгресен центар. Патчев додаде дека градоначалникот ова го издоговорил со менаџерите на А.Д. Гранит кој и е сопственик на земјиштето. „Но, знаејќи ги манипулациите на Петрески не би не зачудило ако со овој простор се калкулира...
Детското седиште во автомобилите обврска со закон
Post Views: 21 Со новиот Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата кој е во собраниска процедура како новитет се предвидува обврска за поставување на детско седиште за дете помало од пет години во патнички автомобил на задното седиште.Со новиот Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата кој е во собраниска процедура како новитет се предвидува обврска за поставување на детско седиште за дете помало од пет години во патнички автомобил на задното седиште, како и превоз на дете до две години на предното седиште, под услов ако возилото нема заштитно воздушно перниче, ако...