Автор: Голабовски Крсте
Post Views: 15 Припадниците на единицата за прв одговор и интервенија – Алфа во текот на минатиот месец при вршење на редовна мотопатролна дејност извршиле легитимирање на вкупно 1705 лица, преглед на 334 автомобили, а по разни основи приведени се вкупно 384 лица, соопштија од МВР.Лицата биле приведени по основ на телеграма -45 лица, Потраги, Гласник, Наредба од Основен суд – 9, под сомнение за извршено кривично дело –73, по извршено кривично дело – 34, на лице место во вршење на кд – 17, за издржување на казна затвор –5, утврдување на идентитет – 7, недозволени предмети –...
Охридски ама светски
Post Views: 6 Охриѓани ја поздравија работата на Охридскиот народен театар. На светскиот ден на театарот, проговорија за тоа што за нив значи работата на оваа културна установа. Некои од нив велат дека веќе имаат навика за одење во театар, а оние кои не биле ветуваат дека ќе одат.„ Јас имам лично навика уште од поодамна, па иако немам друштво, на театар не се зборува, знам да си одам сама. На Охридскиот театар му честитам што почна со својата навистина многу квалитетна работа и мислам дека вреди или луѓето од другите градови да одат или тој да оди да ги усреќи љубителите на таа...
Излезе од печат монографијата „Епиграфски споменици од Плаошник-Охрид“
Post Views: 17 Излезе од печат монографијата „Епиграфски споменици од Плаошник-Охрид“ од авторките Славица Бабамова и Калина Кузман – Додевска, во издание на НУ Завод и Музеј – Охрид. Во оваа богато илустрирана публикација се обработени вкупно 128 епиграфски споменици кои се откриени со долгогодишните археолошки истражувања на локалитетот Плаошник, а дополнителни 13 споменици кои се откриени на други локации во Охрид (Горна порта, Самуилова тврдина и тн.) се вклучени во монографијата за да се добие целосната слика за епиграфските споменици од античкиот Лихнид.
Распишан конкурсот за давање на oхридските плажи под концесија
Post Views: 7 За помалку од еден месец ќе се знаат новите газди на Охридските плажи. Министерството за транспорт и врски го распиша јавниот конкурс за давање под краткотраен закуп земјиште сопственост на Република Македонија, наменето за плажи на охридското крајбрежје. Условите наведени во него се крајно неповолни и арогантни, речиси за сите поранешни, а и потенцијални концесионери, вели Љупчо Нечкоски – поранешен концесионер на плажа.„ Условите за конкурирање за секоја плажа се крајно неприфатливи, пред се од финансиска гледна точка . А не знам и од кои причини и голем број од...
Започнува Илинденската регата
Post Views: 7 Денес во Охрид ќе започне годинешната тридневна Илинденска едриличарска регата.Учесниците ќе се натпреваруваат во сите предвидени класи за овој спрот, а за најдобрите е обезбедена наградата Златна маска.Илинденската едриличарска регата е една од најмасовните спортски манифестации во Македонија.Манифестацијата е во организација на Едриличарски клуб Бофор, Едриличарска Федерација на Македонија и АМС, а годинава ќе се одржи 46-то издание.
Денес се одбележува Светскиот ден на здравјето
Post Views: 6 Под мотото „Болести кои се пренесуваат преку вектори или вектор преносливи болести“ со напомена „Мал убод, голема закана“ денеска се одбележува 7 Април, Светски ден на здравјето.Светската здравствена организација препорачува дека потребна е контрола на векторите или преносителите кои се живи организми (комарци, крлежи, песочни муви, болви) или нивно уништување, превенција на болести и ограничување на нивно ширење во вид на епидемија.По повод Светскиот ден на здравјето, Министерството за здравство организира бесплатни превентивни прегледи во сите градови во...
Бесплатен ПАП тест, ама кога?
Post Views: 7 Наскоро започнува кампањата за спроведување на бесплатни ПАП тестови. Имено, со оваа кампања, во текот на наредните три години треба да бидат опфатени сите жени на возраст од 24 до 60 години. Главни имплементатори се Министерството за здравство, Центрите за јавно здравје од земјава и секако матичните гинеколози. Др.Слободанка Коцева од Центарот за јавно здравје од Охрид, вели дека сите 11 матични гинеколози на подрачјето на Охрид Струга и Дебар се уредно поканети.„Тие се должни со оваа покана да ги обавестат нивните пациентки на возраст од 24-35 години, да направат...
Средба Волерс-Петрески
Post Views: 11 Остварена средба помеѓу Американскиот амбасадор во Македонија Пол Волерс и Охридскиот градоначалник Александар Петрески. Градоначалникот на Охрид задоволен од средбата истакна дека на неа биле разменети мислењаОколу процесот на децентрализацијата за тоа како тој се одвива насекаде низ Македонија, со посебен акцент на Општина Охрид.„Сметам дека беше многу добар разговорот и сигурен сум дека од тоа ќе излезе уште поголема соработка, дирекно и со Амбасадата меѓутоа и со невладините организации како UNDP и USAID, кои постојано не подржуваат како општина и нашите јавни...