Автор: Голабовски Крсте
Post Views: 10 Сообраќајот на патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – Песочан, денеска ќе биде во прекин меѓу 11:00 и 14:00 часот во времетраење од 15 до 20 минути. Како што информира АМСМ, прекинот на сообраќајот е поради изведување градежни работи на пат (минирање).
Горивата поефтинија
Post Views: 8 Бензините се поевтини за еден денар, додека дизелот и екстра лесното масло за домаќинства за половина денар. Вака одлучи Регулаторната комисија за енергетика на вчерашната редовна седница.Според одлуката, новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 70,50 денари за литар, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 72,50 денари за литар.Литар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се продава за 53 денари, а екстра лесно масло за домаќинство за 41,50 денари.За 0,672 денари е намалена цената на мазутот М-1 НС од кој енергенс литар чини 25,691 денар.
7 000 полицајци за мирни избори
Post Views: 5 Околу 7000 полициски службеници ќе го одржуваат јавниот ред и мир на денот на изборите на 13 април информираат од Mинистерството за внатрешни работи.Министерската Гордана Јанкуловска вели дека оперативниот штаб е подготвен да одговори на парламентарните избори, а во досега спроведената кампања за претседателските избори учествувале 800 полицајци кои обезбедиле 67 митинзи и 33 средби со граѓани.{loadposition content9}
Протест во Ј.П. „Нискоградба“
Post Views: 7 Вработените од Никсоградба на протест. Велат дека причината за протестот се провлекува подолг период, некаде од месец декември минатата година кога добиле само половина плата. Тогаш им биле исплатени 8000 денари кои ни оддалеку не им се доволни, а велат дека треба да платат кредити, сметки, а тука се и давачките за храна и друго. Исто така, вработените се жалат дека не им се платени ни придонесите за здравствено осигурување. Велат дека веќе се наоѓаат на работ на егзистенцијата.„Крај со крај? Ако се ставиш ти во моја положба сигурно ќе земеш и заем од некаде, а како...
Два пожари за два дена
Post Views: 4 Поради човечко невнимание, два пожари за два дена. Денес околу 12 часот, приметен е пожар во близина на селото Влегошти, кај црквата Св. Илија. Командирот на противпожарната единица, Спасе Прентоски не информира дека пожарот навреме е ставен под контрола и дека нема опасност од ширење. Нивните екипи први стигнале на местото на пожарот, а потоа и екипи на Националниот парк Галичица и Шумско стопанство. Од охридската противпожарна единица, на терен се со две возила и осум пожарникари. Прентоски информира дека штетата дополнително ќе се утврдува.A во вчерашниот пожар...
Охридското семејство Шахови
Post Views: 10 Кон крајот на осумнаесеттиот и почетокот на деветнаесеттиот век, Охрид е богат, развиен град. Во него твори интеленгенцијата, творат првенците кои го водат градот, но ова е и периодот кој го обележале миграциите на нашиот народ, претежно во Бугарија. Илинка Јанева раководител на Историскиот архив раскажува дека едно од семејствата, кои во овој период емигрирале, а со кое Охрид може да се гордее, е семејството Шахови. Охриѓанецот Коста Шахов, активно се занимавал со издавачка дејност и се борел за подобар живот на македонците во Бугарија.Коста Шахов е едниствениот...
Пеликан во Охридското езеро
Post Views: 10 Доказ за чистите води на Охридското езеро е оваа фотографија и необичниот гостин кого години го немавме видено, пеликанот.Иако пеликанот во голем дел од Европа се среќаваше, но огромното загадување на водата го натера овој вид птица можеби неповратно да исчезне од овој дел на светот. Во нашата земја до неодамна, пеликаните по бројност што ја имаа, се среќаваа не само на Преспанско Езеро, туку и по мочуриштата низ Република Македонија, како и на Охридското и Дојранското Езеро. За разлика од кадроглавиот пеликан, кој гнезди кај нас, обичниот пеликан е птица која во...
Прес конференција во два дела
Post Views: 7 О.К на Вмро-Дпмне поттикнат од вчерашната маратонска седница на Советот на оштина Охрид, повторно се обиде да добие одговор од мнозинството во Советот предводено од СДСМ заедно со Градоначалникот Петрески, на како што велат, клучните прашања од интерес за граѓаните на Охрид. Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Паноски запраша како е можно околу 36 плус 35 милиони денари од Буџетот на Општината да се исплатат за ставки комунални услуги,греење,поправки и одржување, а не се одговори на тоа зошто бесцелно се троши буџетот кога улиците Питу Гули,...