Автор: Голабовски Крсте
Post Views: 11 Со полагање на свежо цвеќе пред спомен обележјето на жртвите од бродската несреќа „Солза на Роза“, вчера, беа одбележани 12 години. Делегацијата на општина Охрид ја предводеше заменик – градоначалникот Ристе Николески. – Денес се одбележуваат 12 години од потонувањето на бродот Илинден во Охридското езеро. Пред една години се постави споменикот во чест на починатите во несреќата. Тој ден и датумот 5 септември засекогаш ќе остане врежан во колективната меморија на Охрид и како поука дека треба постојано да се надградуваме за да не се случуваат такви немили...
„На зајдисонце- 2015 “ во Трпејца
Post Views: 5 Организатор на манифестацијата е Здружението „ За Трпејца со љубов“ со поддршка на Месната заедница и Црковниот одбор. Манифестацијата и годинава е под покровителство на Општина Охрид. Според организаторите манифестацијата ја постигнува целта- раздвижување на луѓето во насока на развој на културниот туризам, а истовремено расте и интересот на гостите , токму за време „На зајдисонце “ да се во Трпејца. На летната сцена „Кај бунарот“ новото издание „На зајдисонце “ во 20 и 30 часот ќе биде отворено со ликовната изложба на дела од академскиот уметник – графичар...
Какви тајни крие „Црвената карпа“ на Кожуф планина?
Post Views: 14 Од дедовци и прадедовци сме слушале приказни дека во внатрешноста на црвената карпа има долги ходници во кои во минатото било скриено големо богатство, раскажуваат постари луѓе од овој крај за карпата која се наоѓа во близина на тиквешкото село Радња.Црвената боја ја зголемува нејзината магичност и ги подгрева разните мислења за тоа што се крие во нејзината утроба. Грандиозноста од околу стотина метри височина ја прави своевидна господарка во дивината.Мистериозната црвена камена маса во срцето на Kожув, на петнаесетина километри од ски-центарот на оваа планина,...
Оригами на плажа
Post Views: 5 Во рамките на едукативните програми за поттикнување и развивање на креативноста кај младите, Црвен крст Охрид продолжува со реализација на оригами работилници овој пат на отворено, покрај брегот на Охридското езеро-на просторот кај Центарот за безбедност на вода на Црвен крст Охрид (плажа „Парк“). На овие работилници предводени од Наташа Алексиќ-инзструктор за оригами, младите ќе имаат можност да стекнат знаења и вештини и да изработуваат најразлични фигури и предмети од хартија, кои понатака, преку хуманитарни аукции ќе бидат искористени за собирање на средства...
Еден свет за сите
Post Views: 10 Здружението „Во мојот свет“ почнува кампања под мотото „Еден свет за сите“ која ќе се одвива во текот на цел месец, а централниот настан ќе се одржи попладне во Скопје сити мол.Аутизмот е биолошко развојно нарушување на мозокот. Главни карактеристики на аутизмот се слаба или никаква социјална интеракција и комуникација, ограничени активности и повторувачки шеми во однесувањето. По тие каактеристики аутизмот се разликува од останатите нарушувања од групата нарушувања од аутистичниот спектар. Наследувањето кај аутизмот е голема, но со оглед на тоа што генетиката на...
Конечно решение на политичката криза?
Post Views: 5 Еврокомесарот Јоханес Хан, кој посредуваше во целодневните разговори во резиденцијата на ЕУ во скопско Пржино, пред насобраните новинари кои го чекаа епилогот од средбата кусо изјави дека е постигнат договор и дека ќе има избори.„Имаме договор, потпишан од лидерите, задоволен сум од тоа што се постигна, со ова ќе се отворат вратите на земјата за ЕУ и НАТО-интеграции. Треба да сме горди на лидерите“, рече Хан.Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи не дадоа изјави за новинарите.Хан на социјалната мрежа Твитер...
Крсте Бадаровски еден од кандидатите за титулата „Пијанист на годината“ во Прага
Post Views: 5 Македонскиот пијанист Крсте Бадаровски влезе во финалето на натпреварот „Пијанист на годината“, што се одржа во хотелот Босколо во Прага на 30 март 2014 година.Во финалната рунда од натпреварот учествуваа уште 4 други пијанисти од Чешката Република. Крсте Бадаровски го освои четвртото место во финалето.Инаку, Крсте Бадаровски ги започнал своите музички студии во Македонија, а потоа дипломирал на Прашкиот конзерваториум. Живее и работи во Чешката Република, финалист е на повеќе музички натпревари, а воедно и учител по пијано.Секогаш кога имам прилика со многу љубов...
„Охридско лето“ презентирано на Генералното собрание на ЕФА
Post Views: 11 Најголемата и најзначајната музичко-сценска манифестација во Македонија – фестивалот „Охридско лето“, од 4 до 7 овој месец се презентира на Генерално собрание на Европската фестивалска асоцијација (ЕФА) што се одржува во чешкиот град Острава.Според претседателот на УО на Фестивалот „Охридско лето“, Зоран Вељаноски Летра, кој како делегат на Собранието престојува во овој културен центар, покрај предвидените средби со претседателот на ЕФА Дарко Брлек, како и со претставници на останатите европски фестивали-членки на Асоцијацијата, конференцијата во...