Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

Летачката Мери

Post Views: 150 Стоиедногодишната американка Мери Хардисон денеска официјално влезе во Гинисовата книга за рекорди, како највозрасна жена која летала на параглајдер за двајца.Стоиедногодишната американка Мери Хардисон денеска официјално влезе во Гинисовата книга за рекорди, како највозрасна жена која летала на параглајдер за двајца.Хардисон леташе на параглајдер на 1 септември 2011 година, на својот 101 роденден, додека четири генерации на нејзиното семејство ја следеа во живо и навиваа за неа.Гинисовата рекордерка оијаснила дека посакала да лета со параглејдер, откако нејзиниот син...

Продолжи со читање

Со Аспирин против ракот

Post Views: 162 Секојдневното земање на мала доза „Аспирин“ може да го спречи ширењето на ракот низ телото, а евентуално и да го лекува, покажува студијата на група научници од Универзитетот во Оксфорд.Научниците тврдат дека првпат се откриени антиканцерогените својства на овој одамна познат лек, откако испитувањата што се правени врз 77.000 пациенти покажале дека „Аспиринот“ го намалува ширењето на канцерот низ телото за 36 отсто. Професорот од оксфордскиот Универзитет Питер Ротвел тврди дека станува збор за едно мошне значајно откритие.– Болните може побрзо да умрат како последица...

Продолжи со читање

Нов сообраќајен режим кај Охридска банка

Post Views: 132 Од Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици  при општина Охрид  информираат  дека на ден 1.11.2015 година(недела), поради премин кон новиот режим на крстосницата помеѓу булевар „Туристичка“ и ул.„Македонски просветители“ семафорскиот систем ќе биде  надвор од употреба и моторниот сообраќај ќе отпочне да се одвива по новиот кружен тек.Меѓу другото се известуваат граѓаните  дека за пешачки сообраќај нема да можат да ги користат постојните пешачки премини туку ќе треба да ги користат новите пешачки премини кои соодветно ќе бидат обележани. Со оглед на тоа што...

Продолжи со читање

Охридското здравство се менува на подобро

Post Views: 145 Од изградбата на новиот хируршкиот блок на Општата болница во Охрид, во мај 2013 година заклучно со јуни годинава, се згрижени 89.594 амбулански пациенти и 6.817 болнички пациенти, информира директорот на оваа јавна здравствена установа Љубен Арнаудов.Според него, од 2006 година наваму, охридското здравство има доживеано драстично позитивни промени во набавувањето медицинска опрема и во подобрувањето на здравствените услуги на пациентите.– Во делот на дијагностиката на болести се набавија најдобрите медицински апарати во вредност околу 2 милиони евра, како што се...

Продолжи со читање

Нема нова давачка поврзана со фискалните каси

Post Views: 139 Управата за јавни приходи најостро ги осудува обидите на одредени политички фигури за дезинформирање на бизнис заедницата и граѓаните за наводно воведување на нова јавна давачка поврзана со ГПРС фискалните апарати.Управата за јавни приходи нема воведено дополнителни давачки, што значи “нула“ прилив во буџетот, а не 12 милиони евра како што се тврди за да се пополнат буџетски дупки. Целта на дезинформациите е очигледна – една од подобрите проекти на даночната администрација со позитивни оценки не само од бизнис заедницата, туку  и од сите релевантни меѓународните...

Продолжи со читање

Советот за безбедност во сообраќајот на град Охрид е меѓу најактивните и најуспешните

Post Views: 155 Ова, на претседателот на охридскиот совет за безбедност м-р Стефан Димоски му го кажа претседателот на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата Стојче Стаменковски. Тој, заедно со други претставници на Републичкиот совет, викендов го посети општинскиот совет во Охрид и имаше работна средба со претседателот Димоски и членот на советот м-р Флорентина Стерјовска. Тие информираа за досегашната работа на општинскиот совет, за реализираните проекти од јуни кога се оформи советот во нов состав се до септември годинава. На работниот состанок, меѓу другите...

Продолжи со читање

Турски студент во Струга фатен со марихуана

Post Views: 144 Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни супстанци  и прекурсори“ полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против К.Х.(30) од Измир Република Турција.На 25-ти август годинава, по добиена согласност од сопственикот,  извршен е претрес  во стан во Струга што пријавениот привремено под закуп го користел. Притоа,  во една од собите пронајдено е најлонско кесе со мешавина од тутун и марихуана со нето маса од 2,81 грама. Пријавениот К.Х.  кој е студент на еден Меѓународниот...

Продолжи со читање

Се разубавува дворот на Основното училиште „Св.Климент Охридски“

Post Views: 137 Учениците кои се дел од ликовната секција од ова основно училиште деновиве пристапија кон акција за разубавување на средината во која минуваат добар дел од денот.Тие под менторство на наставникот Димитрије Ристески започнаа цртање на дел од дворот со цел истиот да добие попријатен амбиент и стане повесело катче заучениците.

Продолжи со читање

Паднаа и прилепчани

Post Views: 155 Охридските ракометари викендов забележаа  уште една победа. Тие на домашен терен со 30-22, (12-9) на полувреме го совладаа составот на Прилеп пред своите гледачи во дербито на колото во Супер лигата.Охридските „гладијатори“ викендов го одиграа својот најдобар натпревар во Супер лигата. Тие во спортската сала „Атина Бојаџи“ забележаа уште една победа, овојпат над ракометарите од РК „Прилеп“. И овој пат главна одлика на играта на охридските ракометари беше силната одбрана збогатена со разновидноста во нападот. Оваа петта победа сезонава им донесе на охриѓани сигурно...

Продолжи со читање

Градоначалникот Бакрачески на прием кај израелскиот премиер Нетанјаху

Post Views: 138 Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, во рамки на Интернационалната конференција на главни градови што се одржува во Израел, имаше прием во кабинетот на Премиерот Бенјамин Нетанјаху, а оствари средба и работна вечера со градоначалникот на Ерусалим Нир Баркат. Меѓу другото беше остварена и работна  средба  со менаџментот на врвниот институт за срце кој е дел од најголемата болница во Ерусалим – Хадеса еин Карем.Во рамките на интернационалната конференцијата на градоначалници во Израел, градоначалникот Никола Бакрачески беше во посета и работен ручек на...

Продолжи со читање

Кривчна пријава за дебарчанец кој давал поткуп

Post Views: 141 Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „давање поткуп“, полициската станица од Дебар поднесе кривична пријава против М.Х. (39) од Дебар.  На 14 септември оваа година, пријавениот-сопственик на индивидуал- на земјоделска фирма “Чифлик Мирзо“-Дебар,  на двајца вработени во Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој на Република Македонија, им дал една банкнота од 50 евра. Настанот се случил во Дебар при контрола-супервизија на земјоделска површина посеана со растителни производи-пченка, луцерка и граор, за кои пријавениот...

Продолжи со читање

Охридски Комуналец ќе подига кабаст отпад во „Радојца Новичиќ“

Post Views: 145 Ј.П. „Охридски Комуналец“ – Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 24.10.2015 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З.14 „Радојца Новичиќ“.Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во „Механизација“ на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од  Ј.П. „Охридски Комуналец“ благовремено да го подигнат.Согласно...

Продолжи со читање