Автор: Голабовски Крсте
Post Views: 133 Предлог Одлуката за започнување на постапка за доделување на договор за јавно приватно партнерство за изградба и управување на малото пристаниште преку изградба на марина и туристичко угостителски објект, е првата точка на дневен ред за која ќе расправаат охридските избраници во советот, на 45-та седница која ќе се одржи во среда, 14- ти октомври.На дневниот ред на оваа седница исто така советниците ќе решаваат и за предлог одлуката за давање на користење училишен простор на дневен центар за деца со аутизам и дневен центар за деца со попреченост, донесувањето на...
Превенција од провални кражби
Post Views: 151 „Превенција од провални кражби“ е темата на состанокот што СВР Охрид денес во 18 часот го организира во во малата сала при општината Охрид. Состанокот е планиран во соработка со локалната самоуправа – сектор за комунален развој, а поканети се председатели на урбани заедници, заедници на станари, фирмите кои стопанисуваат со станбените објекти „Урбан Солитер„ и „Мебо“. Поканети се и заинтересирани граѓани од зградата „Кифла“; северно на „Булевар Туристичка“; југо – источно по улицата „7ми Ноември“; западно по улицата „Питу Гули“; западно по улица „Јане Сандански“...
Голем еколошки проблем
Post Views: 130 Потегот на улицата Крум Точков, во пределот помеѓу Калето и реката Грашница е оставен и претворен во целосна депонија каде се остава отпад од секаков вид од страна на несовесните грагани, реагираат граѓани.Во допсито кој пристигна до ТВМ револтираните граѓани реагираат дела на овој потег освен мештаните секојдневно минуваат и туристи кои се сместени во хотелот Мизо, а дека оваа глетка и смрдеа претставува вистинска срамота за нашиот град. Револтирано велат дека не се должни да газат низ фекалии и отпад за да стигнат до крајбрезјето кое е само на 50м одалече...
Се интензивираат активностите на ЈП „Нискоградба“
Post Views: 142 Во тек се низа градежни активности на јавното претпријатие „Нискоградба“ на Булеварот „Туристичка“ и улицата „Стив Наумов“. Како што информираат од претпријатието, градежните активности опфаќаат поставување на цефководи за спроведување на водите во шахтите за одведување на атмосферски води, приклучок и тампонирање на улицата.Од „ Нискоградба“ потенцираат дека активностите се подготовка за отпочнување на работата на новиот кружен тек кој ќе се изведува на тој потег.
Отворени денови на катастарот повторно во Охрид
Post Views: 150 Одделенијата за Агенцијата за катастар на недвижности и одделенија на Управата за имотно-правни работи во Охрид и Струга на 15-ти и 16-ти октомври 2015 година ќе ја спроведат акцијата „Отворени денови“.Акцијата која ќе се реализира во периодот од 9 до 17 часот има за цел да им овозможи на сите граѓани кои имаат прашања и проблеми во врска со катастарот и имотно правните односи да се обратат за помош, но и да поднесат свои предлози и идеи за подобрување на работата на подрачните одделенија.Акцијата „Отворени денови“ во наредниот период ќе се реализира во сите градови...
Без вода и жителите на „Ариф Мустафа“ улицата
Post Views: 169 Ве известуваме дека денес Понеделник 05.10.15 година поради интервенција на водоводната линија ќе има прекин во водоснабдувањето на улицата Ариф Мустафа, во период од 13:00 до одстранување на дефектот.Екипите на МЈП Проаква Р.Е. Водовод – Охрид се на терен и работат на отклонување на дефектот.
Прекин во водоснабдувањето
Post Views: 144 Поради интервенција на водоводната линија денес, понеделник ќе има прекин во водоснабдувањето на улиците „ Димитар Влахов“ и „ Климент Охридски“ информираат од МЈП Проаква Водовод Охрид.Прекинот во водоснабдувањето ќе биде од 10:00 до 12:00 часот.
Охридски Комуналец ќе подига кабаст отпад од Горна Влашка маала
Post Views: 151 Ј.П.„Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 03.10.2015 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З.6 „Даме Груев“ и У.З.10 „Горна Влашка Мала“ (комплекс згради „Христо Узунов„, „Карабегобамала“ и „Горна Влашка Mала“). Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.„Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата,...
кривична пријава за охриѓанка која фиктивно продавала возила
Post Views: 146 Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „оштетување туѓи права“ и „злоупотреба на службената положба и областување“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 40- годишна охриѓанка.Како што информираат од МВР, пријавената, на 18- ти мај годинава, свесно и со умисла склучила 18 лажни договори за фиктивно отуѓување – купопродажба на патнички моторни возила од кои 13 со фирма чиј управител бил нејзиниот сопруг, три со физичко лице од Ресен и два договори со физички лица од Охрид. На ваков начин пријавената се обидела да спречи попис и проценката...
Потпишан договор за стипендирање на студенти за студиски престој во странство
Post Views: 136 Универзитетот „Св. Апостол Павле“ Охрид и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност потпишаа договор за стипендирање на студенти за студиски престој во странство. Договорот во вредност од 66 750 €, за стипендирање на студиски престој во странство за 22 студенти и 3 професори од Универзитетот „Св. Апостол Павле“ е потпишан од ректорот на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ Охрид – Нинослав Марина и директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност – Дарко Димитров.Врз...
Лице од Боровец заработи кривична пријава за незаконска експолатација на минерални суровини
Post Views: 167 Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „незаконита експлоатација на минерални суровини“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против правен субјект од струшкото село Боровец и против овластено лице од истото село. Во врска со казненото дело „Фалсификување службена исправа“, во пријавата опфатено е и 61- годишно лице од Охрид вработен во градежна фирма од Скопје.– На 18-ти август оваа година, на локалитетот „Црвена Вода“ општина Дебарца, со работни машини сопственост на правниот субјект од Боровец извршена е незаконска експлоатација на минерални...
Ќе заседава Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот
Post Views: 158 На ден 30.09.2015 година (среда) во малата сала на општина Охрид, со почеток во 14 часот, закажана е СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА ВО ОПШТИНА ОХРИД, со следниов дневен ред:1. Усвојување на записникот од конститутивната седница на Советот2. Извештај за одржаните активности кои Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата-Охрид, ги реализира во периодот јуни-септември 2015 година 3. Избор на заменик претседател на Советот4. Информација за претстојната активност на Републичкиот совет за безбедност на патиштата...