Автор: Голабовски Крсте
Post Views: 150 По повод Светскиот ден на првата помош, 12-ти септември општинската организација Црвен крст во текот на утрешниот ден ќе организира низа настани.На плоштадот „Свети Климент Охридски“ од 10 до 15 часот ќе се одржи презентација на вештини за укажување на прва помош.-Екипи на Црвениот крст составени од инструктори, тренери, едукатори и волонтери ќе ги презентираат најновите техники и вештини за укажување на прва помош. Сите оние посетители кои ќе дојдат на овој настан ќе можат и да ги пробаат тие техники и вештини на специјалните помагала кои ќе ги имаме на располагање...
„Вози трезен-стигни жив“
Post Views: 150 Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на град Охрид, утре ќе ја реализира кампањата „Вози трезвен-стигни жив“.На кеј „Македонија“ во близина на охридското пристаниште, во 11 часот, предвидентите активност ќе се спроведат во соработка со општинската организација на Црвениот крст и со полициската станица за безбедност во патниот сообраќај при СВР Охрид. Тука, но и на неколку други локации во градот, предвидени се сообраќајни пунктови составени од полициски службеници и волонтери на Црвениот крст каде ќе се врши доброволно алкотестирање и делење...
Комуналец ќе подига кабаст отпад во центарот на Охрид
Post Views: 185 Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 12.09.2015 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) вo реонот опфатен со границите на улиците „Македонски Просветители“, „Партизанска“ , „Димитар Влахов“ , „Кеј Македонија“; и нас.„Охридати“.Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353...
Охридско возило, оштетно во Калитеа, Грција
Post Views: 148 Во текот на изминатиот период, граничната полиција на граничниот премин „Богородица“ евидентирала неколку случаи на оштетување возила на македонски државјанин кој летувале во Грција.Помеѓу нив е и возилото „Цитроен Ц4“ со охридски регистарски озаки кое било оштетено во летувалиштето Калитеа. Според информациите од граничната полиција на возилото со остар предмет му биле изгребани двете страни од преднииот до задниот фар и му бил оштетен знакот „МК“ на задната страна од возилото.Освен оштетувањето на ова возило во перидот од 28-ми август до 8-ми септември 2015 година...
Вевчанец незаконски издавал одобренија за сеча
Post Views: 153 Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „злоупотреба на службената положба и овластување“, и „фалсификување или уништување деловни книги“ полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против П.Б.(47) од Вевчани-лиценциран работник за извршување на стручни работи на шуми во приватна сопственост овластен од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија.Пријавениот во текот на 2013 и 2014 година противзаконски издал вкупно 176 одобренија со кои одобрил сеча на 11.040,оо м3 дрва, од кои се исечени и со испратница...
Ке се реновира Специјалната болница за ортопедија и трауматоогија „Свети Еразмо“ во Охрид
Post Views: 139 Министерството за здравство објави видео на кое што можат да се видат детали за изгледот на Специјалната болница за ортопедија и трауматоогија „Свети Еразмо“ во Охрид по најавената реконструкција.Од средината на месец октомври се очекува да започнат градежните работи за реконструкција на болницата кои треба да завршат во рок од 18 месеци или до април 2017 година, најави министерот за здравство на Република Македонија Никола Тодоров.Станува збор за вкупна инвестиција вредна 215 милиони денари. Проектот опфаќа реновирање и адаптација на постојниот објект на Специјалната...
Градоначалникот Бакрачески го честита Денонт на Независноста на РМ
Post Views: 152 Градоначалнико Никола Бакрачески, по повод 8-ми септември Денот на независност на Република Македонија, упати честитка до граѓаните на Охрид.„Изминувааат 24 години кога сонот на многу генерации Македонци стана реалност, со прогласувањето на независност на нашата татковина, Република Македонија. Период кој беше исполнет со многу искушенија, тешкотии и закани, но исто така и период во кој недвосмслено ја потврдивме нашата цврста определба да изградиме, демократска и просперитна Македонија. Ден кој не потсетува на предизвиците кои сме ги надминале и на вечниот стремеж...
„Купи куќа, купи стан” во среда во Охрид
Post Views: 148 Охриѓани по втор пат ќе може да се информираат за поволностите на проектот „Купи куќа, купи стан“ во рамки на презентацијата, што ќе се одржи во среда на 9-ти септември во просториите на општина Охрид со почеток во 17 часот.На презентацијата ќе учествуваат и градежни компании од Охрид кои имаат понуда на станови, како и претставници од банките.Караванот „Купи куќа, купи стан” има цел да го приближи проектот до сите заинтересирани граѓани низ Македонија. Екипата составена од претставници од Министерството за финансии, банките и локалните градежни компании секоја наредна...
Денот на независноста неработен ден за сите македонски граѓани
Post Views: 179 8-ми септември се прославува како Денот на независноста на Република Македонија.Согласно Законот за празниците на Република Македонија, Министартвото за труд и социјална политика соопшти дека овој празник е неработен ден за сите македонски граѓани.
„Охридски Комуналец“ започнува со акцијата за подигање кабаст отпад
Post Views: 136 Согласно испланираниот работен календар за 2015 год., Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид во месеците септември и октомври ќе ги реализира акциите од есенскиот циклус за подигнување кабаст отпад на територијата на општина Охрид. Акциите ќе се реализираат секоја работна сабота ро различен реон од градот за што граѓаните тековно ќе ги информираме преку средствата за јавно информирање. Распоредот на акциите е табеларно прикажан во календарот за 2015 год.Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 05.09.2015 год.(сабота)...
Министерски состанок за мигрантите во Охрид
Post Views: 152 Неопходните чекори што треба да бидат преземени за задржување на вонредниот притисок на мешаната миграција е целта на меморандумот за разбирање што ќе го потпишат министрите за внатрешни работи на Македонија, Австрија и на Србија.Министрите за внатрешни работи на Македонија, Австрија и Србија, Митко Чавков, Јохана Микл Лајтнер и Небојша Стефановиќ, како и заменик државниот секретар на МВР на Унгарија Кристина Берта ќе потпишат меморандум за разбирање посветен на чекорите за справување со вонредниот притисок на мигрантите и бегалците што ги засега овие земји.Се очекува...
Тешка сообраќајна несреќа кај Лагадин
Post Views: 268 Едно лице го загуби животот а друго има тешки телесни повреди по сообраќајната незгода што вчера во 15 часот се случи на регионалниот пат Охрид-Св.Наум кај туристичката насебата Лагадин. По сообраќајната несреќа, од здобиените повреди, синоќа во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид почина Тони Т. (20) од Охрид додека Б.С. (17) од Охрид, се здоби со тешки телесни повреди и е префрлен во Клиничкиот центар во Скопје. Во тешката сообраќајна незгода учествувале моторцикл марка „Хонда“ и патничко моторно возило марка „Форд Мондео“, двете со охридски регистарски ознаки. Незгодата...