Автор: Голабовски Крсте
Post Views: 354 Градоначалникот, Кирил Пецаков и деканот на Градежниот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје проф. д-р Златко Србиноски, во Охрид потпишаа меморандум за соработка.Според потпишаното двете страни се обврзаа на развој на стратешки документи, студии, анализи и трансфер на знаење од областа на градежништвото, хидротехниката, геодезија и геотехничкото инженерство. Соработка во реализација на заеднички проекти од различни сфери на интерес на двете страни и нивно аплицирање пред домашни, европски и други фондови за финансирање на проекти. Организирање...
Струшките дуќанџии бараат да работат во недела
Post Views: 261 Струшките дуканџии бараат да работат во недела. После барањето на општина Струга, недела да биде работен ден министерството за економија, предлогот го испрати до Собранието, се чека одлуката.И Струга како туристички центар да биде изземена од законот, бидејќи најголемиот дел од работата на трговците во чаршијата е за време на викенди.„Убаво е да се работи во недела, бидејќи Струга е туристичко место. Кризата го нарави своето и треба да се работи во недела“, – вели Верди Жаку сопсвеник на дуќан во Струга.Воведувањето недела неработен ден предизвика...
Светски ден на птичјата миграција
Post Views: 392 Секоја година голем број на птици прелетуваат илјадници километри за време на еден од најневеројатните настани во природата – сезонската птичја миграција. На овој долг и макотрпен пат птиците се среќаваат со различни опасности и неизвесности во зависност од регионот кој го надлетуваат. Но една опасност ги следи низ целото патување – загадувањето со вештачка светлина.Како што човечките населби и транспортни канали се шират и растат така расте и вештачката светлина која го осветлува ноќното небо и директно влијае врз ориентацијата и дневните циклуси на птиците....
Најстариот занаетчија во Струга сеуште работи
Post Views: 339 Најстариот занаетчија во Струга сеуште е во својата работилница. Од дете изработува чевли и чанти, денес тие се музејски експонати. 90 годишниот Јоне Кленко, тагува што занаетчиството е во измуирање и нема свој наследник.Јоне Кленко работи на машини стари еден век. Во минатото правел чевли и чанти од кожа, но во наливот на кинеска евтина роба, денес никој не купува, се бараат само поправки и крпење.За поправки, ништо ново не работам од 1995 година навака. Ова се што е правено е тогаш и стои дури и две извадив ми муфлосаа. Вакви работи идат од сите продавници...
Нов цефковод на Македонски просветители
Post Views: 336 Како дел од третата фаза од реконструкцијата на улицата „Македонски Просветители”, поставен е нов цевковод со профил Ф 110 од полиетиленски материјал, во должина од 20 метри.Реконструкцијата на улицата Македонски Просветители започна кон крајот на ноември минатата година. На сила е забрана за паркирање и запирање на паркинг просторот од пресекот со улица „Димитар Влахов“ до пресекот со улица „Даме Груев“.Улицата ќе добие комплетно булеварско решение. Проектот предвидува две одвоени коловозни ленти со тротоари од двете страни, велосипедскa патекa,...
Зголемен број пациенти во Здравствениот дом Вевчани
Post Views: 832 Наплив на пациенти во Здравствениот дом „Д-р Светозар Чочороски” во Вевчани. Охридската и струшката болница со месеци функционираат со блокирани сметки, кубурат со лекови и реагенси, па охриѓани и стружани ги користат здравствените услуги во Вевчани.Најголем дел од пациентите, во Вевчани прават сецијалистички прегледи и испитување во клиничката лабараторија по биохемија.„Тендинцијата на зголемување на бројот на пациенти посебно во специјалистичките и лабараторијата е забележлива после јануари годинава. Забележливо е дека имаме голем број на пациенти...
Најголемата воена вежба во Македонија
Post Views: 344 На армискиот полигон Криволак почна досега најголемата воена вежба во Македонија.Со падобрански скокови, хеликоптерски и копнени активности на припадниците на армиите на САД, Обединетото Кралство, Франција, Италија, Шпанија, Црна Гора, Грција, Албанија и Македонија се спроведе Денот за високи гости на мултинационалната вежба „Брз одговор 22“ (Swift Response 22).На воениот полигон Криволак теренскиот брифинг за воената вежба „Брз одговор 22“ претставуваше транспарентна демонстрација на заеднички одбранбено-безбедносни чекори за стабилна иднина на нашата...
Енергични луѓе, премиера на Охридскиот театар
Post Views: 566 Оваа сабота Народниот театар од Охрид, за љубителите на театарската игра, премиерно ќе ја прикаже претставата „Енергични луѓе“ работена по текст на Василиј Шукшин. Станува збор за првиот од трите проекти, финансирани од Министерството за култура кои ќе бидат реализирани оваа година, истакна директорот на Народниот театар, Горан Симоноски.„Сакам да се заблагодарам за целокупната екипа за макотрпната работа да се реализира овој проект до премиера. Сакам да ја покнам побликата да дојде на 14 мај сабота, да ја погледне оваа прекрасна изведба на премиерата.Редоследно...
Вевчани се подготвува за туристичката сезона
Post Views: 373 Вевчани се подготвува за туристичката сезона. За продолжените празнични викенди кои се сметаат за репер за летната сезона општината ја посетиле голем број туристи.Најпосетени туристички атракции се излетничките места. Тука е прекрасната планинска природа Јанков Камен, манастирот Свети Спас, Летничките езера и надалеку прочуените Вевчански извори. Живописната Јабланица плени со алтернативен туризам. Пешачки и велосипедски патеки и голем број етно ресторани ја сочинуваат гастрономската понуда.„Во моментов поважни проекти кои се е уредувње на неколку локални...
Репродуктивното здравје сеуште е табу тема
Post Views: 398 Поразителни се информациите кои зборуваат за тоа колку сексуалното и репродуктивното здравје во нашата држава сеуште за жал се табу тема. Едукацијата на младите е создавање основа за долгорочни здравствени и развојни придобивни за поединецот, семејствата и заедниците. Децата од училишна возраст, од 5-12 години, треба да ги научат основите на пубертетот,да ги препознаат секундарните полови промени и да ги доживеат како нормални и здрави, а тинејџерите треба имаат основни информации за бременоста и сексуално преносливите болести. Податоците од терен зборуваат дека иако...
Дигитализација на Институтот за македонски јазик
Post Views: 327 Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Фестим Халили , заедно со министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска ја посетија компанијата Инбокс, која започна со реализација на проектот „Отсекогаш, сега и засекогаш” во рамките на јавниот повик на „Дигитализација на картотеките при Институтот за македонски јазик Крсте Мисирков”, кој го спроведе ФИТР во соработка со Министерството за култура на Република Северна Македонија.Со овој проект, за прв пат ќе се овозможи дигиталитализација на повеќе од пет милиони оригинални записи,...
Обука за Личен асистент на лица со попреченост
Post Views: 387 Црвен крст Охрид е овластена организација која спроведува обуки за Лични асистенти на лица со попреченост во Охрид и Дебрца, според верификувана програма.Со цел развивање на услугите за долготрајна помош на лицата со попреченост од страна на квалификуван и професионален кадар, Црвен крст Охрид со помош и поддршка на Општина Охрид организира обука за Личен асистент на лица со попреченост. Обуката, која содржи теоретски и практичен дел, трае 2 месеци, а ќе се реализира во простории на Црвен крст Охрид, прилагодени и опремени со потребната опрема и помагала. Обуката...