Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

Промоција на стрип албумот „Мрак, Хумор, Тишина”

Post Views: 12 Промоција на три стрип приказни пред охридските љубители на осмата уметност. Станува збор за прва стрип промоција  од ваков вид во Охрид, па така сите љубители на стрипот утре 21.11.2014, со почеток во 19:00 часот во изложбениот салон на домот на култура „Григор Прличев” -Охрид, ќе може да уживаат во стрип албумот на Јордан Коцевски и Дарко Богданов.{loadposition content9}  

Продолжи со читање

Се повлече водата во Мавровско Езеро

Post Views: 12 Мистеријата на Мавровското Езеро, црквата „Св. Никола“ која поголем дел од годината е потопена под вода, викендов беше вистинска атракција за туристите во викенд-населбата поради ретката можност да стапнат во неа. Викендов исполнетоста на Мавровското Езеро беше 40 проценти, па црквата беше на суво.Таа е изградена во 1857 година во тогашното Мавровско Поле и во неа се до шеесетите години на минатиот век се одржувале богослужби. Интересно е што ѕидовите на објектот кој е во распаѓање, издржуваат под напливот на водата од Езерото, па дел од покривот ѕирка над водата...

Продолжи со читање

Во Охрид се садат бадемови дрвца

Post Views: 7 Во рамки на проектот за уредување на нови 40 зелени катчиња кои секојдневно никнуваат и го красат нашиот град, Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ и приватната компанија „Левидиа“, кај „Горна порта“, организираа акција за засадување на бадемови дрвца.Акцијата е подржана од Локалната самоуправа,а првите дрвца ги засадија градоначалникот Никола Бакрачески, секретарот Димитар Спасески, пратеникот Александар Николоски, директорката на ЈП „Охридски Комуналец“ Елена Скрческа и претсавничката на компанијата „Левидиа“ Јасмина Луканова. Досега се засадени 30, а во...

Продолжи со читање

Почина таткото на „Осмиот патник“

Post Views: 7 Ханс Рудолф Гигер (роден 5 февруари 1940) швајцарскиот надреалистички сликар, скулптор и сценограф, најпознат по неговата дизајнерска работа на филмот „Осми патник“ (Alien), почина денес на возраст од 74 години.Швајцарските медиуми информираат дека Гигер починал од последиците од пад по скали во својот дом.Беше дел од тимот за специјални ефекти што во 1980 година освои Оскарот за визуелни ефекти за филмот „Осми патник“, кој беше инспириран од неговата слика Некрономикон IV. Покрај дизајнот за „Осмиот патник“ гигер буквално го дизајнира и цфелиот сет за...

Продолжи со читање

Изборниот процес со полна пареа

Post Views: 9 Државната изборна комисија денес треба да го одреди редоследот на претседателските кандидати на избирачкото ливче по пат на ждребување и добиената листа веднаш ќе ја објави во Службен весник.Изборната кампања за претседателските избори започнува на 24 март. Првиот круг на изборите ќе се одржи на 13 април, а евентуален втор круг закажан е за 27 април.Денес 17-ти март, истекува рокот во кој е предвидено политичките партии до ДИК да достават барање за запишување, дополнување или бришење на податоци во Избирачкиот список за претседателските избори. По ова барање ДИК...

Продолжи со читање

Македонскиот воздух најмногу го трујат термоцентралите

Post Views: 4 По термоцентралите и нивната емисија на штетни гасови следуваат сообраќајниот сектор со удел во загадувањето од 12% до 14% и индустријата со околу 10%, но уделот на останатите сектори во текот на годините станува се поголем и не смее да се занемарува. Термоцентралите за производство на електрична енергија се најголемите емитувачи на стакленички гасови со околу 58% и според проекциите тие ќе останат најголеми загадувачи и во наредниот период до 2030 година. По нив следи сообраќајниот сектор со удел во загадувањето од 12% до 14% и индустријата со околу 10%, но уделот...

Продолжи со читање

„Некои имиња на улици во Струга немаат повеќе смисла“, вели Градоначалникот Мерко

Post Views: 9 Градоначалникот Мерко истакна дека за оваа идеја уште пред повеќе од една година формирана е комисија на ниво на Совет на Општина Струга, и  е разговарано во неколку наварати со сите координатори од сите советнички групи од сите партии.„Сакаме да ги усогласиме сите ставови окоолу менување на имињата на улиците, бидејќи некои имиња и немаат повеќе смисла во Струга и оваа Македонија, затоа ние направивме анкети преку јавните пишани и електронски медиуми, побаравме од граѓаните и невладиниот сектор, значи од сите релевантни чинители во Струга, да ни дадат предлог имиња...

Продолжи со читање

Денес е Летник!!!

Post Views: 7 Летник е македонски народен празник, којшто се празнува секоја година на 1 март по стар календар и е поврзан со враќањето на птиците преселници од јужните краишта во Македонија.Овој празник всушност во народните верувања е празник за почеток на пролета односно летниот период, периодот на цутењето на пупките на дрвјата и почетокот на земјоделските работи. Поради ова негово значење, празникот често е квалификуван и како празник за почетокот на годината во смисол на активниот работен период од годината. Празникот најчесто се празнува во Западна Македонија, односно во...

Продолжи со читање