Автор: Голабовски Крсте
Post Views: 148 Од 01.07. до 31.08. на државните патишта во Република Македонија има времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса надминува 15 тони. Забраната важи за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.Временските интервали во викендите се: петок од 17:00 до 22:00 часот, сабота од 09:00 до 18:00 часот и недела од 09:00 до 22:00 часот.Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток од 11:00 до 17:00 часот.Ограничувањето...
Лето без пожари
Post Views: 168 „Лето без пожари“ е мотото под кое СВР Охрид отпочнува со реализација на низа зајакнати мерки од превентивен но и од репресивен карактер за заштита на шумите, пасиштата и другите отворени простори од пожари. Во таа насока, СВР Охрид, најнапред ќе отпочне со серија средби со граѓаните на целото подрачје. Полициски службеници од отсекот за превенција ќе имаат работни средби со претставници од сите месни заедници во општината Дебарца на теми од превентивното делување за заштита од пожари на отворен простор, јакнење на свеста за заштита од пожари и информирање на населението....
Влашкамаалци бараат мир
Post Views: 192 Жителите на „Горна Влашка Маала“ бараат отстранување на два објекти, кои извесен период се собиралишта на наркозависници и претставуваат проблем за безбедноста на месното население. Станува збор за локации во близина на чинарот, од кои едниот се просториите на некогашна „Охридска банка“, а вториот објект е поранешната лебара и е објект од времен карактер. Повторно овој проблем беше актуелизиран од страна на советникот на ВМРО-НП Јоне Станкоски на вчерашната седница на Советот на општината.„Првиот објект којшто е наречен банка, е проверено со Секторот за урбанизам...
Ќе го оспори ли СДСМ договорот за изградба на автобуска станица во Охрид?
Post Views: 193 Охридските социјалдемократи детално го анализираат купопродажниот договор на локалната со „Делфина Турс“ за изградба на автобуска станица и ги разгледуваат можностите за оспорување на истиот. Изградбата на современата автобуска станица, повторно жешка тема. Советниците на СДСМ од Охрид имаат намера да го оспорат купопродажниот договор потпишан помеѓу локалната и „Делфина Турс“. Советничката Жаклина Лазареска побара одговор од локалната одговор за тоа кој е трајниот бенефит и што останува во трајна сопственост на градот Охрид и кога ќе биде завршена автобуската станица....
Семафорите од „Туристичка“ се селат на „Железничка“
Post Views: 176 Голем број сообраќајни незгоди е билансот од сообраќајниот проблем наречен „Железничка“. Иако веќе две години како се планираше изградбата на кружни текови и поставување на светлосна сигнализација на трите раскрсници, тоа сеуште не се случи. Томе Змејкоски од Одделението за комунален развој и сообраќај при локалната, потврди дека се издвоени средства наменети за изградба на кружни текови и поставување на светлосна сигнализација, но дека до сега не се реализирани поради технички проблеми. Светлосната сигнализација пак, ќе биде поставена.„На улица „Железничка“ семафорската...
„ОДВ“ и „Костал“ најавени како спас на охридската економија
Post Views: 175 Отпочнувањето со работа на „ODV-ELEKTRIK“ во индустриската зона „Охрид-Струга“ и Автомибилскиот гигант „Костал“ во еден од погоните на „ЕМО“се очекува да бидат спас на локалната економија во нашиов град. Градоначалникот Никола Бакрачески кажа дека наскоро треба да започнат градежните работи во индустриската зона „Охрид-Струга“ на новите производствени погони на „ODV-ELEKTRIK“, каде веќе се вработени 75 лица.„Во овој момент тече постапка за ангажирање на уште десеттина лица, а на 24-ти јули според најавите на менаџментот на „ODV-ELEKTRIK“ ќе започнат градежните работи...
Сончоглед за туризам на село
Post Views: 197 Ознака „сончоглед“ ќе добијат сите регистрирани селски домаќинства од руралните средини кои нудат услуги на подготувување храна и услуги на сместување за туристите. Странските туристи нашата земја ја доживуваат како егзотична дестинација која нуди природни убавини, традиција и културно-историско наследство во комбинација со вкусна традиционална кујна и топлото гостопримство. Ова го препознаваат голем број туристички работници кои се повеќе нудат пакети со еко и планински туризам, вински, рурален туризам. Селските домаќинства во руралните средини од крајот на минатата...
Прекин на сообраќајот на патот Охрид-Кичево
Post Views: 170 Од Авто- мото сојузот на Македонија информираат дека поради изведување работи на пат, минирање, денес, ќе има прекин во сообраќајот на патот А2 Кичево – Охрид кај месноста викана Лавчански корита.Прекинот ќе биде во периодот од 16 до 17 часот, во траење од 15 до 20 минути.
Отпадот во Лагадин ќе се подигнува два пати неделно
Post Views: 138 Од Ј.П. „ Охридски Комуналец” ги информираат жителите чии индивидуално-станбени објекти се наоѓаат во туристичката населба Лагадин дека во летната сезона комуналниот отпад од овој дел на градот ќе се подигнува два пати неделно и тоа во вторник и петок.До граѓаните се апелира да го почитуваат комуналниот ред и уредно да го депонираат отпадот.
На улицита „Ристо Чадо“ уште ќе се работи
Post Views: 156 Активностите за поставување на атмосферска канализација на улицата „Ристо Чадо“, ги вознемири тамошните жители. Тие реагираат незадоволни од динамиката со која се работи. Стравуваат за безбедноста на пешаците, а се жалат и на оштетувања на нивните автомобили. Поради овие обемни градежни активности имаше и измени на рутата на една од градските автобуски линии. Од Од одделението за комунален развој и сообраќај при Општина Охрид, смируваат. Велат дека до крајот на овој месец оваа улица ќе биде целосно санирана. „Добиваме определени поплаки од граѓаните заради текот...
Од утре започнува со работа градскиот базен
Post Views: 167 Градскиот базен „Атина Бојаџи“ за оваа летна сезона официјално ќе започне со работа од претстојниот викенд ( 4-5 јули ) и ќе биде отворен за сите заинтересирани пливачки школи и рекреативци – љубители на пливањето.Градскиот базен ќе работи секој ден од 08 : 30 до 20 часот, така што во работен ден ( понеделник – петок ) пливачките школи ќе имаат резервирани термини предпладне од 08 : 30 до 12 часот и попладне од 17 : 30 до 19 : 30 часот додека терминот за рекреативците ќе биде од 12 – 18 часот. За времена викендите ( сабота и недела ) градскиот базен...
Денес се празнува споменот на Св. Наум Охридски
Post Views: 178 Св. Наум заедно со Св. Климент Охридски се ученици на славните светители Кирил и Методи. По завршувањето на Моравската мисија Св. Наум заедно со Св. Климент својата благородна мисија на ширење на словенската писменост и култура ја продолжиле во областа Кутмичевица на брегот на Охридското Езеро. Тие се основоположници на охридската книжевна школа.Св. Наум најголемиот дел од својот живот го поминал во манастирот на јужниот дел од Охридското Езеро кој сам го изградил.Таму тој ја развивал својата просветителска дејност. Освен по книжевната работа мегу народот бил познат...