Автор: Голабовски Крсте
Post Views: 175 На 25 Април 2015 година (сабота) со почеток во 13 часот, во СРЦ „Билјанини извори “ во Охрид, ќе се одржи голем народен собир.Пред присутните ќе се обрати Претседателот на Владата на Р. Македонија и Лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.{loadposition content9}
Ќе се подигнува зелен отпад во нас. „Бараки“
Post Views: 203 Ј.П. „Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 25.04.2015год. (сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) во У.З. 12 „Гоце Делчев“, (нас.„Бараки„).Се молат граѓаните кои живеат во горенаведената урбана заедница доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат....
Повторно минирање на патниот правец А2Е Охрид-Кичево
Post Views: 154 Од АМСМ информираат дека 24.04.2015 (петок) на патниот правец А2Е Охрид-Кичево, делница Подвис – Пресека, во период од 16.00-17.00 часот ќе се изведуваат градежни работи на патот – минирање. Во тој период делницата ќе биде затворена за секаков вид на сообраќај.{loadposition content9}
Фатен кичевчанецот кој оперирал во Слатино
Post Views: 192 Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.А.(52) од кичевското село Туин. Во пријавата опфатени се уште едно, засега непознато лице за чие пронаоѓање се преземаат дополнителни мерки и Д.А.(40) од селото Долно Страгомиште-кичевско, за сторено казнено дело „помагање“. Него одредена му е мерка притвор во траење до осум дена. На 21 овој месец околу 23 часот, тројцата пријавени, во казино во Кичево направиле договор да одат во охридското село Слатино и да извршат кражба. Притоа првопријавениот...
„Мобилно 3D кино“ во Охрид
Post Views: 200 Дистрибутерската куќа МЦФ МКД од Скопје во рамки на проектот „Мобилно 3D кино“ во соработка со НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид ќе организира прва дигитална 3D филмска проекција.Мобилна екипа во редовни временски интервали ќе ги прикажува најновите 3D и 2D филмски остварувања.За оваа пригода МЦФ МКД обезбеди професионални подвижни BARCO 2K дигитални проектори со сервери и DEPTH Q 3D модулатори со 3D очила, како и DOLBY CP 750 аудио процесор со JBL звучници.Цената на влезниците ќе изнесува 150 денари за 2D проекции и 200 денари за 3D проекции!-“Зошто...
On-line плаќање на радиодифузна такса
Post Views: 204 Користејќи ги електронските услуги е-Радиодифузна такса, УЈП овозможи електронско плаќање и проверка на состојбите за Радиодифузна такса, од кое било место и во секое време. Регистрацијата за е-РДТ е едноставна и бесплатна, а единствено што е потребно е пристап до интернет и е-пошта.Постапката на регистрација за електронските сервиси за РДТ е бесплатна за граѓаните. Не е потребен дигитален сертификат. На физичките лица-обврзници на РДТ кои се регистрирани во системот за е-Даноци со дигитален сертификат, без дополнителна регистрација, само со дополнување на податокот...
Саморегулацијата во медиумите за поголема професионалност и етички стандарди во новинарството
Post Views: 157 Тема на презентацијата на Советот за етика на медиумите во Македонија(СЕММ), закажана за 24 април во Охрид.Членовите на Управниот одбор, на Жалбената комисија и на Извршната канцеларија кои ќе присуствуваат на презентацијата, ќе го промовираат принципот на саморегулација, досегашните искуства на Советот за Етика и соработката со слични тела во меѓународни рамки.Настанот ќе биде искористен и за прикажување на поинтересните случаи кои досега биле обработувани од Жалбената комисија на СЕММ, како и ефектот на медијацијата што е една од главните алатки што ги применува...
Денес без вода жителите од улицата „Живко Чинго“ во Охрид
Post Views: 159 Поради промена на главен водоводен вентил, ќе има прекин во водоснабдувањето на жителите од улицата „Живко Чинго“ во Охрид, велат од МЈП „Проаква“, Р.Е „Водовод“.Од претпријатието објаснуваат дека прекинот во водоснабдувањето ќе биде во периодот од 9-12 часот.{loadposition content9}
Во Љубаништа сепак ќе се гради
Post Views: 195 Владата донесе одлука за основање Туристичка развојна зона „Љубаништа 1“ на брегот на Охридското Езеро, во близина на манастирот „Св. Наум“.Зоната ќе се простира на 18 хектари и според најавите ќе содржи хотели, луксузни вили, голф терен и марина. На одлуката најпрво и претходеше пренамена на тамошното земјоделско земјиште во градежно, а потоа и одлука на Управниот суд за одземање на земјиште со површина од пет хектари, кое беше во сопственост на Македонската православна црква, пишува „Билд“.Во меѓувреме, консултантската куќа „Horwath i Horwath Consulting“ од Хрватска...
(ОБНОВЕНО)Еко настан во Охрид за денот на планетата Земја
Post Views: 184 По повод Светскиот ден на планетата Земја, на ден 22 април, (среда), со почеток во 13 часот, на Градскиот плоштад ” Св.Климент Охридски”, во Охрид, ќе се одржи музички хепенинг, фото-работилница и ликовен перформанс.Овој културно-едукативен настан e организиран од здружението ТАКТ заедно со група волонтери и вљубеници во природата. “Истиот има за цел да ја подигне еколошката свест кај граѓаните, пред сè, заради заштита и зачувување на водите на Охридското eзеро. Најавено е присуство и од градоначалникот г. Никола Бакречевски додека во програмскиот дел, за жал, откажано...
Египќаните бараат јавно извинување од Мартин Протуѓер
Post Views: 165 Невладините организации кои се грижат за заштита на идентитетот, човечките и малцинските права на заедницата на Балканските Египќани во Македонија, не се изненадени но се згрозени од лицемерието и не-толеранцијата што се приметува кон припадниците на заедницата на Египќаните, од страна напоедини лица од врвот на ВМРО-ДПМНЕ, кои воедно се и најблиски соработници во кабинетот на актуелниот премиер на Р. Македонија, коишто можат да се слушнат и видатод содржината на наводните прислушкувани разговори и смс- пораки од т.н. 21-ва бомба за „Вистината за Македонија“, објавени...
Утре ќе се подига зелен отпад во „Билјанини Извори“
Post Views: 158 Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 18.04.2015год. (сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) од У.З.8 „Билјанини Извори“.Се молат граѓаните кои живеат во горенаведената урбана заедница доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец”...