Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

Владата донесе одлука за укинување на забраната за движење во шуми и шумски предели

Post Views: 4 Врз основа на препораките на Главниот штаб за управување со кризи, Владата донесе одлука за укинување на забраната за движење во шуми и шумски предели, и ги задолжи Министерството за внатрешни работи и Шумската полиција при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да спроведуваат засилени контроли за заштита и спречување на пожари на отворено.На оваа своја седница Владата го разгледа Извештајот на ЈП Национални шуми за штетите од пожарите заклучно до 15 август и во него се констатира дека од вкупно 9.907 хектари зафатени со пожарите, 8.803...

Продолжи со читање

Десет години од смртта на Претседателот Борис Трајковски

Post Views: 5 Денес се навршуваат десет години од смртта на Претседателот на Република Македонија, Борис Трајковски, кој животот го загуби во авионска несреќа близу Ротимње, БиХ, патувајќи на средба во Мостар во 2004 година. Својот претседателски мандат го започна на 15 декември 1999 година по завршувањето на мандатот на првиот претседател на РМ,  Киро Глигоров.По тој повод, свое обраќање во Ротимње ќе имаат Претседателот на РМ, Ѓорѓи Иванов како и претседавачот на претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ.На градските гробишта во Скопје поточно во Алејата на великаните, свежо цвеќе...

Продолжи со читање

Наскоро новиот роман на Стивен Кинг

Post Views: 4 Култниот американски писател Стивен Кинг на својата официјална веб страница го најави излегувањето на неговиот нов роман, “Revival” во ноември оваа година.Според описот објавен на неговата веб страница, во новиот роман љубителите ќе можат да прочитаат за животот и односот помеѓу Чарлс Џејкоб и Џејми Мортон.Чарлс е нов свештеник во малиот град во Нова Англија, а Џејми е момчето со кое Чарлс ја дели заедничката тајна опсесија.По семејната трагедија, Чарлс се откажува од вербата во Господ и ги исмејува сите религиозни верувања, за што е протеран од...

Продолжи со читање

Изменети и дополнети мерките за организирање спортски натпревари и други настани

Post Views: 4 Владата на Република Северна Македонија на последната седница донесе измени и дополнувања на мерките за спречување на ширењето на КОВИД-19 според кои се дозволува организирање и одржување на спортски натпревари со присуство на публика.Настани од културата, работа на ресторани, кафетерии, кладилници, обложувалници, концерти, семинари, работилници и други настани на затворено ќе смее да се одржуваат со 30% од капацитетот на просторот, а на отворено до 50% од капацитетот, со почитување на протоколите и мерките за заштита од КОВИД-19,но и  со поседување сертификат...

Продолжи со читање

Германија, дестинација број еден за македонските азиланти

Post Views: 3 Минатата година безмалку 10 илјади барања за азил од македонски државјани биле поднесени до германските служби.Податоците на Сојузната служба за миграција и бегалци покажуваат дека ако пред две години бројот на македонски азиланти изнесувал 1700 денеска е 5 пати повисок. Вицепретседателот на службата Михаел Гризбек за Дојче Веле, истакнува дека околу 130 илјади барања за азил минатата година пристигнале во Германија. Според него Србија е лидер во регионот по бројот на азиланти, додека Македонија е на 4-та позиција.Од воведувањето на визната либерализација бројот на...

Продолжи со читање

Дали ЕУ ќе го забрани легендарниот „Chanel No.5“

Post Views: 6 Познатиот “Шанел 5“, еден од најпродаваните парфеми на сите времиња, може да биде забранет на пазарите на Европската унија, бидејќи содржи состојки кои предизвикуваат алергија. Ова е не единствениот парфем од светските производители, кој веќе нема да го има на полиците на дрогериите во Европа.Во извештајот на Научниот одбор за заштита на потрошувачите на ЕУ, се наведени три алергени – синтетичката супстанца HICC и две природни есенции на мов – атранол и хлороатранол, како небезбедни по здравјето.Сите три состојки, кои се користат во парфемите, вклучувајќи го и...

Продолжи со читање

ЗАПОЧНА ПОСТАПКАТА ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НАЦРТ НА ЗАКОН ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА СТУДЕНЧИШКО БЛАТО ЗА ПАРК НА ПРИРОДАТА

Post Views: 5 Министерството за животна средина и просторно планирање започна постапка за донесување на Нацрт на Закон за прогласување на Студенчишко Блато за парк за природата.Додека трае постапката за прогласување на локалитетот Студенчишко Блато за заштитено подрачје во категоријата парк на природата, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, согласно Законот за заштита на природата, донесе Решение за негова привремена заштита. Привременатазаштита на подрачјето ќе се применува до денот на влегувањето во сила на Законот со кој ќе се прогласи...

Продолжи со читање

На 1-ви март официјално започнува проектот „Рурален доктор“

Post Views: 7 На 1 март и официјално ќе почне да се спроведува проектот „Рурален доктор“. Проектот е всушност отворање на пунктови со лекар и медицинска сестра кои ќе вршат обиколка и ќе вршат основни прегледи на населението, а еден ден е резервиран за патронажни посети на пациентите во нивниот дом.Пет пунктови се веќе поставени во Крушево, со што во 12 населени места со околу 2.000 жители секоја недела се вршат здравствени прегледи. Вчера министерот за здравство, Никола Тодоров го посети Здравствениот дом во Крушево, каде што се информираше за состојбите и потребите на таа...

Продолжи со читање